Најмалку деветмина загинати во експлозија на бомба во Пакистан

Најмалку девет лица загинаа денеска, меѓу кои пет деца, кога моќна бомба прикачена на мотоцикл експлодирала во близина на полициско возило во југозападен Пакистан, соопштија официјални лица.

Началникот на локалната полиција Фатех Мохамад изјави дека нападот, во кој беа повредени 17 други луѓе, се случил во областа Мастунг во провинцијата Белучистан.

Тој појасни дека во близина на експлозијата имало возило со ученици, при што загинале пет деца, а загинал и еден припадник на полицијата./МИА

Единаесет загинати во уривањето на Железничката станица во Нови Сад

Во катастрофалната несреќа што се случи на железничката станица во Нови Сад загинаа 11 лица, изјави министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

„Работата продолжува, а јас лично мислам дека има повеќе луѓе, лично видов едно тело, кое не дава знаци на живот, оваа бројка нема да биде конечна, вели министерот Дачиќ.

- 11 се мртви, тројца се во болница - додаде министерот.

Дачиќ тогаш истакна дека на едно лице му е ампутирана ногата.

Откако се урна настрешницата, многу луѓе останаа заробени, па многу служби за итна помош и пожарникари се на терен.

На терен се голем број екипи на итната помош, полиција и пожарникари. Според последните информации, загинале најмалку 11 лица. Несреќата се случила денеска нешто пред 12 часот. Неколку амбулантни возила се уште се на местото на настанот, а пристигнати се и багери и тешка механизација кои се обидуваат да го расчистат паднатиот дел од зградата.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот Милош Вучевиќ и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ пристигнуваат во Нови Сад, пишува Телеграф.

Во Србија утре е Ден на жалост поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад

Утре во Србија ќе биде Ден на жалост поради смртта и страдањето на граѓаните поради уривањето на конструкција од Железничката станица во Нови Сад.

Владата на Србија го прогласи 2 ноември за Ден на жалост врз основа на Законот за одбележување на Ден на жалост во Република Србија.

Спасена е жена од урнатините во Нови Сад

Пред малку е извлечена жена, заробена под урнатините на Железничката станица во Нови Сад.

Таа неколку часа била заробена под неколку тони тешка урната структура.

Со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар.

Не се знае каква е нејзината состојба.

притисни ентер