Македонскиот баскет тим четвртопласиран на Светската гимназијада во Бахреин

Четврто место во силна конкуренција на 37. кошаркарски репрезентации од светот освои македонскиот средношколски машки баскет-тим на Гимназијадата во Бахреин.

Македонија на Светската гимназијада настапи со селекции во баскет 3×3 во машка и женска конкуренција, а репрезентативна тројка во состав Сергеј Младеновски, Бојан Димитриев и Стефан Стојковиќ, предводени од професорот и ментор, Вјенцислав Рангелов, дојде до самата завршница на турнирот.

Добри игри на овој грандиозен собир на средношколци од целиот свет, прикажа и македонската женска 3×3 селекција во состав: Мила Илијевска, Невена Стефановска, Антонија Тодоровска и Нена Георгиевска, предводена од тренерот Ведран Белешковски, соопшти денеска КФСМ.

Единаесет загинати во уривањето на Железничката станица во Нови Сад

Во катастрофалната несреќа што се случи на железничката станица во Нови Сад загинаа 11 лица, изјави министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Откако се урна настрешницата, многу луѓе останаа заробени, па многу служби за итна помош и пожарникари се на терен.

На терен се голем број екипи на итната помош, полиција и пожарникари. Според последните информации, загинале најмалку 11 лица. Несреќата се случила денеска нешто пред 12 часот. Неколку амбулантни возила се уште се на местото на настанот, а пристигнати се и багери и тешка механизација кои се обидуваат да го расчистат паднатиот дел од зградата.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот Милош Вучевиќ и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ пристигнуваат во Нови Сад, пишува Телеграф.

Во Србија утре е Ден на жалост поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад

Утре во Србија ќе биде Ден на жалост поради смртта и страдањето на граѓаните поради уривањето на конструкција од Железничката станица во Нови Сад.

Владата на Србија го прогласи 2 ноември за Ден на жалост врз основа на Законот за одбележување на Ден на жалост во Република Србија.

Спасена е жена од урнатините во Нови Сад

Пред малку е извлечена жена, заробена под урнатините на Железничката станица во Нови Сад.

Таа неколку часа била заробена под неколку тони тешка урната структура.

Со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар.

Не се знае каква е нејзината состојба.

притисни ентер