Португалецот Аморим официјално нов тренер на Манчестер јунајтед

Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед денеска официјално за нов тренер го назначи Португалецот Рубен Аморим, кој ќе се пресели во премиерлигашот од клупата на Спортинг од Лисабон.

Аморим доаѓа на Олд Трафорд на местото на холандскиот стратег Ерик тен Хаг, кој беше отпуштен од должноста по поразот од Вест Хем.

Аморим официјално ќе го преземе клубот од „Олд Трафорд“ на 11 ноември, а дотогаш со тимот ќе раководи поранешниот напаѓач на Јунајтед и Холандија, Руд ван Нистелрој.

Како што е соопштено, Аморим потпиша договор до лето 2027 година, со опција за продолжување на уште една година.

„Рубен е еден од највозбудливите и најпочитуваните млади тренери во европскиот фудбал. Беше успешен и како играч и како тренер, со Спортинг двапати го освои португалскиот шампионат, а првата титула беше прва по 19 години“, се вели во соопштението на Јунајтед. /МИА

Дачиќ: 13 загинати при уривањето на дел од железничката станица во Нови Сад

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ за РТС изјави дека бројот на жртвите во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад е зголемен на 13.

Тој претходно соопшти дека во несреќата загинале 12 лица, објави Телеграф.

Шестгодишно дете е меѓу загинатите во уривањето на настрешницата во Нови Сад, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

„Гагиќ, еден од шефовите на управата за вонредни ситуации, заплака кога виде дека загина и шестгодишно дете“, изјави Дачиќ.

На железничката станица во Нови Сад денеска во 11:50 часот се урна бетонската настрешница на зградата на станицата.

Две девојки, од кои едната според неофицијални информации има 14 години, се извлечени живи по 4 часа под урнатините.

Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина од урнатините примиле три млади лица, едно машко и две женски.

Како што наведоа во своето обраќање, сите три лица се во многу тешка состојба. Двајца се во операциона сала, додека на третиот се дијагностицира.

Првиот пациент бил примен околу 14 часот, а последни пристигнале двете девојки.

- Во многу тешка состојба, првиот е реанимиран и по стабилизација е однесен на дијагностика и моментално е во тек. Тоа се многу сериозни повреди. Во Централната болница во Војводина дошло и последното женско лице кое било интубирано и веќе е во операциона сала - вели директорката на Клиничкиот центар, д-р Весна Туркулов.

Трагедија во Нови Сад: Од урнатините извлечено телото на 6- годишно дете

Бројот на загинати во катастрофалната трагедија што се случи на железничката станица во Нови Сад се искачи на 11 луѓе , соопшти попладнево министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ. 

Од под урнатите е извлечено и телото на шестгодишно дете... Спасувачката акција се уште трае, и не е познато дали има уште тела под бетонските блокови од настрешницата на железничката која се урна денеска.. Според инфомациите од лекарите во Ургентниот центар во болницата во Војводина тројца се во хоспитализирани и тие се во критична состојба.

„Последните две лица кои беа донесени се во многу тешка состојба. Првиот од двајцата е реанимиран на одделението за интензивна нега на Ургентниот центар на Универзитетскиот центар во Војводина. По стабилизирање на состојбата дијагнозата е поставена и дијагнозата моментално е во тек. Се работи за многу тешки повреди, последното е женско лице, станува збор за млади луѓе, е веќе интубирана доенсена во Клинички центар и веќе е во операциона сала, па операцијата е во тек. Тројца се во многу тешка состојба овде, две во моментов се уште во операциона сала, се работи за многу тешки повреди опасни по живот.“

Големата несреќа која што денеска се случи на железничката станица во Нови Сад, е еден од најтешките денови во повоената историја на тој град и трагедија за цела Србија рече српскиот премиер Вучевиќ. Тој вели дека ќе инсистираат да се најдат одговорните за уривање на настрешницата на влезот во станицата.

„ Без оглед на тоа што станува збор за објект за настрешница која е изградена 1964 година, пред точно 60 години, ќе инсиситраме да се најдат одговорните и да одговараат тие што морале да водат сметка за состојбата на конструкцијата на објектот и кои морале да ги предупредат надлежните дека одредени работи требало да се поправат. Не можам повеќе ништо да кажам за овој момент, уште еднаш сочувство до семејствата на жртвите. Трагедија, црн петок за нас. “

Несреќата се случила нешто пред 12 часот, а во текот на уривањето на настрешницата на стариот дел од железничката станица на клупите долу седеле голем број луѓе. Во спасувачката акција се вклучени повеќе од 8о луѓе, од полицијата, итната помош, противпожарната служба а на терен се и багери.

Поради страшната трагедија утре во цела Србија е прогласен ден на жалост, а во Нови Сад тридневна .

Метеж пред Заводот за трансфузиологија во Нови Сад- сите сакаат да дадат крв за настраданите

По уривањето на железничката станица во Нови Сад, при што животот го загубија најмалку единаесет лица, жителите на Нови Сад се упатиле кон Заводот за трансфузија на крв во тој град за да даруваат крв.

„Голем одѕив на граѓаните во Заводот за трансфузија на крв. Најпотребни се А и 0 групи. Ги повикуваме жителите на Нови Сад да бидат обединети во овие моменти“, објави порталот НС Уживо со фотографија од толпата во Институтот.

„Браво добри луѓе“, „Браво новосаѓани“, „Има надеж“, „Тој град отсекогаш имал големо срце“, пишуваат многумина во коментарите.

Во Нови Сад, Србија, се урна влезниот дел од железничката станица. На терен се голем број екипи на итната помош, полиција и пожарникари. Според последните информации, загинале најмалку единаесет лица. Има голем број повредени и дека се уште не е позната тежината на нивните повреди.

Несреќата се случила денеска нешто пред 12 часот. Неколку амбулантни возила се уште се на местото на настанот, а пристигнати се и багери и тешка механизација кои се обидуваат да го расчистат паднатиот дел од зградата.

притисни ентер