„Работата продолжува, а јас лично мислам дека има повеќе луѓе, лично видов едно тело, кое не дава знаци на живот, оваа бројка нема да биде конечна, вели министерот Дачиќ.
- 11 се мртви, тројца се во болница - додаде министерот.
Дачиќ тогаш истакна дека на едно лице му е ампутирана ногата.
Откако се урна настрешницата, многу луѓе останаа заробени, па многу служби за итна помош и пожарникари се на терен.
На терен се голем број екипи на итната помош, полиција и пожарникари. Според последните информации, загинале најмалку 11 лица. Несреќата се случила денеска нешто пред 12 часот. Неколку амбулантни возила се уште се на местото на настанот, а пристигнати се и багери и тешка механизација кои се обидуваат да го расчистат паднатиот дел од зградата.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот Милош Вучевиќ и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ пристигнуваат во Нови Сад, пишува Телеграф.