Престрелката се случила синоќа пред ресторан во Поатје, изјави министерот за внатрешни работи Бруно Ретало за радиото BFMTV/RMC, пренесува Гардијан.
„Она што започна како престрелка во ресторан заврши со тепачка меѓу ривалски банди во кои беа вклучени неколку стотици луѓе“, рече тој.
„Петнаесетгодишното момче е во многу тешка состојба.“, рече тој.
Министерот предупреди дека Франција е на „пресвртна точка“ кога станува збор за насилството во трговијата со дрога, велејќи дека подоцна во текот на денот планира да замине во Рен, каде што друго дете (5) е хоспитализирано откако било застрелано во саботата во уште еден судир на банди поврзани со дрога.