Капитенот на Арсенал наскоро се враќа на теренот, најави Артета

Тренерот на Арсенал, Микел Артета денеска изјави дека капитенот Мартин Одегард е во завршна фаза од неговото опоравување од повредата на зглобот добиена при настапот во дресот на Норвешка на почетокот на септември во Лигата на нации.

Артета рече дека Одегард нема да игра против Њукасл в сабота во Премиер лигата, но не ја отфрли можноста да настапи на натпреварот од Лигата на шампиони против Интер во среда вечер во Милано.

„Ајде да видиме како може да се справи со болката и дали неговото движење е правилно. Физички е на потребното ниво за да се натпреварува“, рече Артета.

Тренерот на лондонскиот премиерлигаш додаде дека левиот бек Рикардо Калафиори ќе го пропушти натпреварот против Њукасл, но оти дефанзивецот Габриел ќе биде во игра за тимот доколку успешно го мине денешниот тренинг. /МИА

Снимен е моментот на уривање на железничката во Нови Сад, граѓаните палат свеќи за 13- те жртви

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави вечерва дека е извлечено 13-то тело од несреќата што се случи во Нови Сад и додаде дека не очекуваат да бидат пронајдени повеќе жртви.

– Кога имавме осум жртви, знаевме дека под урнатините има уште пет лица за кои не можевме да утврдиме дали се живи или мртви – изјави Дачиќ за новинарите.

Како што вели, тие не давале знаци на живот, а тежината на повредите не дозволила никому да му се помогне.

– Смртта настапила на лице место – додаде министерот.

Дачиќ им оддаде почит на сите што учествувале во кампањата за спасување и во тек е идентификацијата на жртвите.

-Тоа се тешки сцени. Сите овие бетонски конструкции треба да се подигнат - рече тој, пренесуваат агенциите.

Во меѓувреме е објавено видео од моментот на уривањето на настпрешницата на железничката станица. Предупередуваме, видеото е вознемирувачко.

Вечерва во Нови Сад стотици граѓани палат свеќи во чест на 13 загинати во несреќата.

Масовна престрелка на нарко банди во Франција, меѓу повредените и тинејџер

Престрелката, поврзана со трговијата со дрога во западна Франција, се случила синоќа и биле повредени пет лица, меѓу кои и еден тинејџер.

Престрелката се случила синоќа пред ресторан во Поатје, изјави министерот за внатрешни работи Бруно Ретало за радиото BFMTV/RMC, пренесува Гардијан.

„Она што започна како престрелка во ресторан заврши со тепачка меѓу ривалски банди во кои беа вклучени неколку стотици луѓе“, рече тој.

„Петнаесетгодишното момче е во многу тешка состојба.“, рече тој.

Министерот предупреди дека Франција е на „пресвртна точка“ кога станува збор за насилството во трговијата со дрога, велејќи дека подоцна во текот на денот планира да замине во Рен, каде што друго дете (5) е хоспитализирано откако било застрелано во саботата во уште еден судир на банди поврзани со дрога.

Филипче изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче изрази сочувство до семејствата во трагичната несреќа што се случи во Нови Сад, Република Србија.

-Со голема тага ја примив веста за страшната несреќа во Нови Сад која остави зад себе загубени животи. Во овие моменти на болка нашите мисли се со семејствата кои ги изгубија своите сакани и со целиот српски народ.

Упатувам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во оваа трагедија а на повредените им посакувам брзо и целосно закрепнување. Им даваме силна поддршка на медицински тимови и сите кои што се борат да ги извлечат и спасат настраданите под урнатините.

Овој трагичен настан не потсетува на кревкоста на животот, но и на тоа колку е важно да се поддржуваме меѓусебно како соседи, како пријатели, како народи кои знаат да споделат и радост, но и болка, стои во објавата на Филипче на Фејсбук.

притисни ентер