Александар Чомовски:
- Што мислите како новата Американска администрација ќе се позиционира околу агресијата на Путин врз Украина, што ќе значи отворањето на пакетот „не важи путиновата доктирна за денацификација на Украина, мислите дека Трамп ќе се согласи со Путин за поделба на Украина, дали е на повидок нова Јалта? Оти од таму ќе почнат новите проблеми ЗА и околу Европа.
- Ние имаме 45% трговска размена со Германија и тоа не смееме да го занемариме, економските турбуленции на маргините нас ќе не' допрат.
-Македонија без оглед што Мицкоски одигра условно кажано една хазардска игра што го поддржа Трамп, тоа е своевидна дипломатска лотарија, но ние не правиме американска лотарија за влез во Америка.
Иван Стоиљковиќ:
-Правото на мир веќе неколку години како темрин е протерано и од политичарите и од средствата за јавно информирање, едноставо цела реторика одеше некаде кон заострување на состојбите. Денеска е ден на примирјето т.е. завршување на Првата Светска Војна и капитулацијата на Германија и Австро-Унгарија и ако некој по двете светски вијни не извлекол заклучоци од нив тогаш политиката на конфронтација веќе не доведе до работ на катастрофа.
-Дали е подобро да зборуваме за мир отколку за војна? Подобро е да разговараме за мир отколку да дојдеме до нуклеарна војна. Нема нути едно решение без разговор, кога имате лоши состојби и комуникација лошата волја се продлабочува, а ако седнеме и разбовараме, ги отвориме картите можеби и ќе се помириме.
-Ние правиме лотарија за да преживееме. Првата шанса Македонија да преживее е брза изградба на Коридорот 10 и изградба на пругите, така да се сочува геостратешката положба на Македонија во регионот.
Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“: