Властите во Газа: Во израелски напад се убиени петмина новинари

Властите во Газа соопштија дека во израелски воздушен напад загинале пет палестински новинари пред болница, но израелската војска соопшти дека нападнала возило со милитанти на Исламски џихад.

Лекарите рекоа дека најмалку 21 лице загинало во израелските воздушни напади врз палестинската енклава додека Хамас и Израел меѓусебно се обвинуваат за одложување на постигнувањето договор за прекин на огнот.

Синдикатот на палестинските новинари објави дека пет новинари на каналот Ал-Кудс Тудеј биле убиени во напад пред болницата Ал-Авда во бегалскиот камп Ал-Нусеират во центарот на Газа.

Од почетокот на војната во октомври 2023 година, убиени се повеќе од 190 палестински новинари. Израелската армија објави дека „извршила прецизен напад врз возило со терористичка група Исламски џихад во областа Нусејрат“.

Израел редовно ги негираше нападите врз новинарите и тврди дека презема чекори за да избегне напади врз цивили.

Групата Исламски џихад, поддржана од Иран и сојузник на Хамас, се приклучи на борбата против Израел во октомври 2023 година.

На видеото од местото на нападот се гледаат остатоци од бело комбе со, како што изгледа, остатоците од зборот ПРЕСС на задната врата.

На погребот на петтемина новинари присуствуваа десетици роднини и колеги новинари. На нивните тела бил ставен панцир со натпис PRESS.

„Израелската армија го оправдува овој напад со тврдењето дека е насочен кон поединци вклучени во палестински организации и групи. Сепак, овие лица биле на задачи, во возила за новинари и известувале за настани“, рече дописникот на каналот Ал-Араби, Абед Мекдад за време на погребот.

Лекарите во енклавата соопштија дека уште осум лица се убиени, а 20 се ранети во израелски воздушен напад врз куќа во населбата Зејтун во Газа. Тие додадоа дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи многу луѓе се заробени под урнатините.

Хамас и Израел меѓусебно се обвинуваат за неуспехот да се постигне договор за прекин на огнот и покрај напредокот што го пријавија двете страни.

Хамас рече дека Израел поставил нови услови, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја обвини групата дека се откажува од веќе постигнатите договори.

Силјановска Давкова: Уставни измени со одложено дејство е повеќе од компромисен предлог

Не можеме да даваме рокови и да гарантираме до кога земјава ќе ги усвои уставните измени, ниту да им наредуваме на пратениците, порача претседателката Сиљановска Давкова во сноќешното „Само интервју“.

Според неа тие треба да се спроведат со одложена примена и смета дека тоа е рационален и повеќе од компромисен предлог. Очекува креативно решение од ЕУ кое ќе биде гаранција дека пристапниот процес нема да биде загрозен во иднина.

„Јас не можам однапред да гарантирам во демократија, бидејќи тоа е страшно да речете до тогаш, а уставните измени се долг процес и не се менува Устав секој ден и по скратена постапка. Да го сториме тоа, ама да не биде веднаш. Тоа не е напишано ниту во рпеговарачката рамка, ниту во заклучоците дека мора на ваков или ваков начин да стапи во сила. Да треба да се направат меѓутоа стапувањто во сила се врши со Уставен закон. Ние не зборуваме за уставни измени, можеме да инспирираме да сугерираме но не да наредуваме на пратениците до кога и како“.– Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на Македонија

Според Сиљановска потребен е институционален дијалог и внатрешен консензус околу клучните државни и национални прашња. За неа прифатливо е за евроинтеграциите да се разгоавра на затворена собраниска седница, а подготвена е и да организара средба во претседателскиот кабинет доколку е потребно.

Оптимизам дека земјава ќе ги започне преговорите догодина изрази денеска Арбен Травари, кој порача дека очекува поддршка за процесот на уставни измени од сите политички партии. Порача и дека го ставот на премиерот Мицкоски околу гранациите дека ова ќе биде последниот услов за Македонија.

„Сметам дека премиерот е во право кога бара некаква гаранција од Вашингтон, Брисел и Софија дека ова ќе биде последно условување. За да не ни се случи како во 2018 година кога четири-пет министри се сликаа во авион и најавија отпочнување на преговорите, но настанаа компликации.Сметам и оптимист сум дека наредната 2025 година ќе ги отпочнеме преговорите со ЕУ “.– Арбен Таравари, коалиција „ВРЕДИ“

Од Вреди претходно порачаа дека не ја заборавиле временската рамка од шест месеци за уставните измени и дека и понатаму се цврсто посветни на ЕУ агендата, но дека собраниската реалност е поинкава и решението не може да биде еднострано.

Со предлог решение кое предвидува формирање на заедничка наднационална платформа за најважните државни прашања од сите парламентрани партии, деновиве излезе и опозицискиот лидер Филипче. Предлага дефинрање на стратешки позиции во сите клучни области кои би важеле за секоја идна Влада.

Швионтек за допингот: Ги дадов сите докази и нема што повеќе да се прави

Втората светска тениска тенисерка, Ига Швионтек во петокот изјави дека се надева дека ќе ја сврти страницата на допинг аферата од минатата година и дека нема да има жалба за нејзината казна од Светската антидопинг агенција (ВАДА), јавија агенциите.

Тенисерката од Плска беше позитивна во август на триметазидин, лек за срце. Тогаш таа беше број 1 во светот на женскиот тенис. Аферата беше откриена три месеци подоцна, а натпреварувачката беше казнета на еден месец. Таа пропушти три турнири во Азија.

По откритието, светската агенција пресуди дека прекршокот не бил намерен, а нејзиниот случај е сличен на оној на Италијанецот Јаник Синер на почетокот на сезоната.

-Ги дадов сите докази и нема што повеќе да се прави. Можев брзо да докажам од каде е позитивниот резултат. Затоа случајот беше решен за кратко време. Не очекувам жалба, но немам никакво влијание за тоа што може да се случи. Мислам дека од самиот почеток и низ процедурите низ кои поминав се беше фер, изјави за медиумите Швионтек, која својата сезона ќе ја започне на „Јунајтед купот“.

Швионтек изјави дека и покрај инцидентот и дека и е „ментално тешко“, реакцијата од публиката била позитивна.

-Мислам дека повеќето луѓе се разбрани, заклучи Ига Швионтек, која има четири Гренд слем титули.

Намалени цените кај голем дел од производите, од владата задоволни што апелот бил послушан

Цените на производите кои не се дел од Новогодшната кошничка, а во изминатиов период драстично поскапеа, од вчера почнаа да се намалуваат. 

Тоа го забележале и граѓаните, но и надлежните, откако Владата најави ригорозни мерки поради злоупотреба на кошничката од страна на трговците. Од таму денеска велат дека веќе имаат подготвено одлука за замрзнување на цените, но засега нема ќе се воздржат од нејзино активирање, зашто како што потенцираа, трговците го слушнале нивниот апел.

Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека забележале минимално намалување на цените, но сметаат дека тоа не е доволно ....

Новогодишната кошничка стартуваше на 15 декември и ќе трае до 15 јануари, во неа има над 1 180 производи, меѓу нив, денеска и 50 нови производи.

притисни ентер