Синдикатите децидни потребно е листата на дејности кои работат в недела да се сведе на минимум а не да се размислува на нејзно зголемување. Работниците ги потсетија газдите дека и сабота е неработен ден, сметаат дека мора да се ограничи што значи викенд и 40 работни часа од понеделник до петок. Откако во јавноста повторно се отвори прашањето за недела неработен ден, претседателот на синдикатот за градежништво при ССМ, Иван Пешевски во изјава за Канал 5, вели во рамки на социоекономскиот совет ќе ги изнесат своите аргументи, и според него како што посочува на аматерски начин не треба да се чепка во законот за работни односи.
-2,5 „Ако се прашуваме ние работниците недела треба да биде неработна за сите без исклучок, освен за дејностите како што се полиција, армија, брза помош, кои што работат во дејности кој што мора да бидат како сервис достапни за граѓаните, но намлаку којшто треба да работат за нас се моловите, трговските центри или одредени работни места кој што и во минатото не работеле сметаме дека и тие луѓе ни за зголемена дневница не треба да работат во недела имајќи во предвид дека тоа е ден за одмор, ден за семејството, викенд и се знае што е работа од понеделник до петок и 40 часа работно време. “-Иван Пешевски – ССМ
Работодавачите наспроти синдикатите бараат ревизија, со која велат ќе се исправат пропустите за кои реагирале уште на самиот старт при носењето на законското решение.
„Не може неделата да ја делиме по дејности туку може по тоа дали работи сам работодавачот, дали вработува луѓе или се разбира најважното прашање што беше покренато да створиме механизам, конторла да секој што работи во недела навистина ќе му се плати.... секој закон не може да биде идеален и во текот на имплементацијата се случуваат одредени нелогичности затоа треба тој закон секогаш да се проверува....“- Ангел Димитров – организација на работодавачи
Според Владата работењето во недела не треба да биде селективно како што тоа го направиле нивните претходници. Премеирот најави дека на следната седница на социоеконосмкиот совет ова прашаќе биде отоворено и дека според него или никој не треба да работи или да се даде можност на оние кои ќе постигнат договор со работодавачите да работат за двојна или тројна дневница.
„Имам лична дилема. И денеска тоа е работен ден, еве вие новинарите кога имаме ние настан вие работите, така што лага е тоа дека недела е неработен ден. И вака како што е законот направен со квадратура на објакет, и така натаму не се сите подеднакво вреднувани. Така што или никој да не работи ако мислиме дека сме толку богати како држава или да се остави можност во недела да се работи а работодавачите да бидфат обврзани двојна тројна дневница да дадат. “-Христијан Мицкоски – претседател на Влада
Законското решение за недела ден за одмор во законот за ртаботни односи почна да се применува во 2022 година, а исклучок се оние дејности чии работни процеси не можат да трпат прекин.