Како што знаете, КТМ е во сериозна финансиска криза, што доведе до големи отпуштања и намалено производство. Доверителите на марката дури сакаат да ги прекине сите негови тркачки програми, вклучително и онаа во МотоГП, но барем засега нема такви планови.
Според Бајрер, кој зборуваше за „СпидВик“, доаѓањето на „Либерти медија“ ќе ги отвори вратите за подобра финансиска иднина за неговиот тим, кој ќе може да најде нови партнери и инвеститори. А еден потенцијален бил Хамилтон, чии претставници разговарале со Бајрер и компанијата.
-Моменталната ситуација ве прави креативни и отворени за нови разговори, така што не сме отворени само за спонзори, како што беше порано, туку и за инвеститори. Сега треба да се вратам малку назад. „Либерти медија“ понуди 4,2 милијарди долари за купување на МотоГП и се надевам дека тој договор ќе се оствари. Петте производители – Хонда, Јамаха, Априлија, Дукати и КТМ сочинуваат голем дел од оваа бројка од 4,2 милијарди. Ова го запали интересот на инвеститорите кои почнаа да не бараат со идеја да инвестираат во МотоГП проект. Можам само да кажам дека имавме многу интересна дискусија со претставниците на Луис Хамилтон. Не е тајна дека Луис е заинтересиран за МотоГП и размислува да има свој тим, рече Бајрер./МИА