Актерка го шокира светот кога се омажи за својот полубрат, сега роди ќерка (ФОТО)

Австралиската актерка Скарлет Вас, која е најпозната по улогата во серијата „Соседи“, минатата година ги запрепасти сите кога се омажи за својот полубрат Тај Ричи, а денес тие двајца добија ќерка, но не открија кое име ѝ го дадоа.

Сепак, Скарлет моментално е попозната како високоплатен модел на OnlyFans, а не пропушта прилика секогаш да потенцира дека е меѓу најплатените жени на оваа страница.

Штом нивното прво дете се родило на католички Божиќ, двајцата веднаш објавиле слики од болницата. Скарлет зрачи од среќа додека Тајо ги гушка неа и ќерката.

За чудо, гордите родители не го открија името на бебето, а Ричи на Инстаграм напиша:

- Нашето божиќно чудо конечно пристигна, среќен Божиќ од нашето семејство.

Инаку, Скарлет и Тајо се познаваат уште од тинејџерските години во Мелбурн и станаа семејство кога нивните родители започнаа врска.

Во септември ја објавија веста за бременоста, а потоа објавија видео во кое ја снимиле нивната реакција на позитивен тест за бременост. Иако во серијата „Соседи“ една сезона ја глумеше полицајката Мисти Шарма, тоа беше отскочна штица за Скарлет, која забележува дека заработува повеќе од 200.000 долари месечно на сајтот за возрасни, пренесува Дејли Мејл.

Градоначалникот Ѓорѓиевски доби плакета за придонес од МВР

Денес, на настанот организиран од МВР и министерот Панче Тошковски на кој беа презентирани резултатите од нивната работа, на градоначалникот  на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски му беше доделена плакета за особен придонес и соработка.

-Ова е признание кое ќе стои највисоко на мојата полица, бидејќи правото и правдата за мене се водилка низ животот. Почитувани припадници на македонската полиција, да се штитат граѓаните и да ѝ се служи на сопствената татковина е огромна чест. Да се извршува оваа задача професионално и пожртвувано е херојство, а вие, секој ден ни докажувате дека сте токму тоа - наши херои. Вие докажавте дека ја заслужувате нашата најдлабока почит! Продолжете храбро како и досега! Ви благодарам-изјави градоначаликот Орце Ѓорѓиевски.

Дурмиши: Предлог за изменување и дополнување на Закон за трговски друштва одобрен во Собранието

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши соопшти дека по скратена постапка во Собранието е донесен Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва. 

Овој Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва е заснован на Реформската агенда, која е составен дел на Планот за раст на земјите од Западен Балкан, усвоен од Европската Унија. Според Реформската агенда, конкретно делот 4.1.5. Реформи во управувањето со државни компании, Македонија има обврска до крајот на годината да го донесе Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, со кој за државните компании се воведуваат нови правила за именување независни неизвршни членови во одбор на директори, односно независни членови во надзорeн одбор.

Доколку оваа мерка навремено биде реализирана, согласно Реформската агенда за Република Северна Македонија, предвидено e да повлече финансиски средства во износ од 4.400.906,47 евра.

Известувањето по Предлогот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва има за цел да воспостави посебни услови со кои се утврдува потребното работно искуство за избор и именување на независни неизвршни членови на одборот на директори, односно независните членови на надзорниот одбор во друштвото со одговорност и акционерскиот совет, во целосна и доминантна државна сопственост. Со други зборови, за избор и именување на независен неизвршен член на одборот на директори, поточно независен член на надзорниот одбор, кандидатот мора да има најмалку четири години работно искуство, конкретно во областа на финансиското работење и правните прашања.

На овој начин, се очекува со Предлог-законот да се создаде соодветна правна рамка за прилагодување на критериумите за избор на независни неизвршни членови во одборот на директори и независни членови во надзорните одбори во акционерските друштва со доминантна државна сопственост, во насока на обезбедување на квалитетно управување и ефикасност, а со тоа да се придонесе за подигнување на стручноста и професионалноста во управувањето и надзорот на работењето и управувањето со овие компании.

Одделение за односи со јавност

Икарди и повреден добива понуди

 Аргентинскиот напаѓач, Мауро Икарди моментално се опоравува по тешката повреда здобиена на почетокот на минатиот месец, кога му беа оштетени лигаментите на коленото.

Напаѓачот беше најдобар играч на Галатасарај до повредата, но следеше повреда која ќе го оддалечи долго време од терените. Сепак, тоа не значи дека Икарди е далеку од очите на фудбалската јавност и скаутите ширум Европа. Аргентинецот стана член на турскиот гигант во летото 2022 година, постигна 61 гол на 87 натпревари, а неговото евентуално заминување би било голем проблем за клубот.

Икарди сака од следната сезона кога ќе се врати на терените повторно да игра во една од петте најдобри лиги во Европа, за да прифати нов предизвик во кариерата, а според шпанските медиуми, Бетис е заинтересиран да го доведе во нивните редови.

Во Севиља веруваат дека неговото доведување ќе го подигне тимот на повисоко ниво, што ќе им овозможи да бидат поконкурентни против големите клубови како Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона.

Икарди има важечки договор со Галатасарај до летото 2026 година, што значи дека Бетис ќе треба да плати значителна сума.

притисни ентер