Симона Халеп го откажа настапот на Австралија Опен

Симона Халеп, 33-годишната романска тенисерка и некогаш најдобра светска тенисерка, поради повреда се повлече од Австралија опен, првиот Грен слем турнир годинава.

Халеп моментално е 877. тенисерка на ВТА рангирањето, а од организаторите на турнирот во Мелбурн доби покана за настап во квалификациите. Романката го откажа доаѓањето во Мелбурн поради повреда на коленото и рамото што ја добила на почетокот од подготовките за новата тениска сезона.

Во октомври 2022 година, Халеп беше суспендирана на четири години поради позитивен допинг тест, но по жалба казната ѝ беше намалена на девет месеци бидејќи беше утврдено дека намерно не ја земала забранетата супстанца роксадустат. Халеп на крајот на 2017 година беше најдобрата тенисерка на светот, а во кариерата освои вкупно 24 ВТА турнири.

Од тоа, таа двапати победи на Грен слем турнирите, најдобра беше во 2018 година на Ролан Гарос и 2019 година на Вимблдон. На Австралија Опен во 2018 година, играше во финалето кога беше поразена од Данката Каролин Вознијацки. Отвореното првенство на Австралија ќе се одржи од 12 до 26 јануари, а Халеп последен пат играше на Грен слем турнир на УС Опен во 2022 година.

Поради сообраќајка по една коловозна лента се одвива сообраќајот на патот Куманово – К. Паланка

Поради сообраќајна несреќа во близина на Младо Нагоричане, затворен е патот Куманово- Крива Паланка, а во моментот се врши увид, потврдија денеска од СВР Куманово.

Во меѓувреме, од АМСМ соопштија дека сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка, кај село Младо Нагоричане се одвива наизменично по една коловозна лента.

Од кумановската полиција од каде најавуваат детали за сообраќајката по завршување на увидот.

Бајрактар: Турција планира да извезува електрична енергија во Сирија

 Турција планира да извезува електрична енергија во Сирија и да работи на обнова на енергетската инфраструктура, изјави турскиот министер за енергетика Алпарслан Бајрактар.

Тој најави дека ќе ја предводи турската делегација при утрешната посета на Сирија, каде ќе се разговара за снабдувањето со енергија, инфраструктурата и други прашања.

- Треба брзо да обезбедиме електрична енергија за делови од Сирија каде што нема струја, прво преку увоз. На среден рок планираме да го зголемиме инсталираниот производствен капацитет, посочи Бајрактар.

Тој додаде дека Анкара може да соработува со новата сириска влада на полето на екстракција на нафта и природен гас, истакнувајќи ја можноста за изградба на нафтовод помеѓу Сирија и Турција, што би бил поврзан со постојниот нафтовод Ирак-Турција.

Штипската лабароторија АМБИКОН завршува со мерењата на загаденоста на воздухот во пет општини,

Штипската лабароторија АМБИКОН завршува со мерењата на загаденоста на воздухот во пет општини, проектот продолжува во 2025 година.

Освен многу денови со надминати прагови за квалитет на воздух, крајот на 2024 година го одбележaа и други „краеви“, истакна тимот на лабароторијата АМБИКОН при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) -Штип во денешното писмено соопштени. Информираат и дека по завршување со едногодишните мерења и анализи за квалитет на амбиентниот воздух во пет општини Гостивар, Кавадарци, Куманово, Струга и Струмица, како и на воздухот внатре во градинките и училиштата, сепак ќе има продолжување на проектот, во новата 2025 година.

- Во 2024 година крај на форумите со заедниците каде граѓаните имаа можност активно да учествуваат во избор на конкретни мерки акции за чист воздух во нивната општина; крај на шпекулациите кој го загадува воздухот засновани на научни докази и стручни мерења, се вели во соопштението од лабароторијата АМБИКОН при УГД-Штип.

Посочуваат дека сепак крајот на 2024 година го одбележаа и многу почетоци: нови акции и мерки за чист воздух во сите пет општини кои ќе се реализираат во 2025 година со 50 отсто кофинансирање од самите општини и 50 отсто од проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, којшто го имплементира УНДП со финансиска поддршка на Шведска.

- Нови и ефикасни планови за чист воздух во сите пет општини, нови алатки со конкретни знаења и добри практики за чист воздух од целиот свет кои можеме да ги искористиме и кај нас, нови построги прагови за чист воздух усвоени во Европската Унија, велат тимот на АМБИКОН.

притисни ентер