Тој ја добил мрачната дијагноза во 2011 година во болница во Монтана (САД). Тогаш лекарот, како што тврди, му рекол дека ќе биде „мртов пред крајот на годината“ доколку не започне со лекување.
„Таа дијагноза ми го промени текот на животот“, вели Олсон, кој денес има 47 години.
Тој наведува дека лекарот побарал две биопсии на коскена срцевина, од кои на првата „се покажале знаци на МДС“. Втората, направена 10 месеци подоцна, била „чиста“.
И покрај позитивниот резултат од втората биопсија, тој бил подложен на третман - и така девет години, рече тој.
Тој тврди дека лекарот му рекол да ги „игнорира резултатите од втората биопсија“ и дека тоа е знак дека „лекувањето е ефикасно“, пренесува Унилад.
На убедување на специјалистот кој го придружувал Олсон за време на процедурата за дијализа, човекот побарал второ мислење. Тогаш приказната добила драматичен пресврт.
Кога медиумите го контактирале докторот од Монтана и го прашале за негативниот резултат од биопсијата, тој одговорил: „Тоа не значи дека болеста не постоела, туку дека лекувањето било успешно. Тоа не значи дека на почетокот не бил болен“.
Оттогаш болницата повторно го тестирала оригиналниот примерок и утврдила дека Ослон никогаш немал МДС, пренесува ProPublica.
Олсон не ја прифатил ситуацијата. Прво го прекинал лекувањето во 2021 година, а потоа ја тужел болницата. Сѐ завршило со исплата на непозната сума надвор од судницата.
Не мирувал ниту лекарот на Олсон, кој во меѓувреме добил отказ. Тој ја тужел болницата за клевета и, како што смета, незаконски прекин на работниот однос.
Судот во Монтана ја отфрлил тужбата, но поднел жалба. Од 20 декември годинава жалбата е во тек пред државниот Врховен суд.