Непознати лица упаднале во куќата на Лука Дончиќ

Непознати лица вчера упаднале во куќата на Лука Дончиќ во Далас, јавуваат американските медиуми.

Лука веднаш поднел пријава во полиција, а истрагата е во тек.

„Никој не беше дома во тоа време и за среќа на Лука и неговото семејство, сите се безбедни“, рече Лара Бет Зигер, неговата бизнис менаџерка.

Белгија најави забрана за електронски цигари од 1 јануари

 Белгија од 1 јануари ќе ја забрани продажбата на електронски цигари за еднократна употреба поради здравствени и еколошки причини, објави   белгискиот министер за здравство Франк Ванденбрук.

Според него, тоа е „пионерски потег на земја членка на Европската унија“.

Ванденбрук истакна дека евтините електронски цигари станаа закана за здравјето бидејќи компаниите што ги произведуваат лесно ги привлекуваат тинејџерите да ги купат и да развијат зависност од никоти.

„Електронските цигари за еднократна употреба се нов производ што едноставно е дизајниран да привлече нови потрошувачи. Електронските цигари содржат никотин, што предизвикува зависност, а никотинот е лош за вашето здравје. Тоа се фактите", нагласи Ванденброек.

УЈП: Седумдесет отсто од даночните обврзници ги подмириле даночните обврски во законскиот рок

Даночните обврзници во текот на овој месец успешно ја исполнија својата обврска за плаќање на данокот на личен доход, социјалните придонеси и ДДВ, што е одраз на одговорни даночни обврзници и усогласеност со законските обврски.

Даночните обврзници во текот на овој месец успешно ја исполнија својата обврска за плаќање на данокот на личен доход, социјалните придонеси и ДДВ, што е одраз на одговорни даночни обврзници и усогласеност со законските обврски, соопшти денеска Управата за јавни приходи.

Во однос на бруто - плата за месец ноември 2024 година, 70,650 работодавачи имале обврска да исплатат плати и социјални придонеси за 552,030 вработени лица, а како што наведува УЈП во законскиот рок до 16 декември, 49,911 или 71 отсто од работодавачите ја исполниле обврската и исплатиле бруто плати и социјални придонеси за 482,276 од вработените лица.

-Ова значи дека за 87 отсто од вработените во државата социјалните придонеси се уплатени навремено. Овој резултат покажува одговорност и посветеност на работодавачите со цел исполнување на даночните обврски на време, што има директен позитивен ефект и врз социјалната сигурност на работниците, се вели во соопштението.

Во однос на обврските за ДДВ, нагласува УЈП, 98,7 отсто од регистрираните месечни ДДВ обврзници навремено ги поднеле даночните пријави за месечниот период од 01 - 30/11/2024 година. Од вкупно 7,284 даночни обврзници, 4,025 во даночните пријави пријавиле даночен долг за ДДВ и имале обврска за уплатат 3,399,369,827 денари, од кои 70 отсто или 2,811 од даночните обврзници навремено ги исполниле своите обврски, при што уплатиле 78 отсто од вкупно пријавениот долг, односно уплатиле вкупно 2,652,711,966 денари.

За даночните обврзници кои не ги платиле даночните обврски во законскиот рок, се вели во соопштението, Управата за јавни приходи редовно постапува согласно дадените законски овластувања со мерки за глоба за неподнесена даночна пријава и присилна наплата на неплатениот даночен долг.

-Промовирајќи култура на позитивни односи со даночните обврзници, Управата претходно доставува известувања на сите кои задоцниле со потсетување доброволно да ги платат доспеаните даночни обврски, а потоа доставува опомени согласно закон и спроведува присилна наплата од парични средства на сметка во банка (блокада на сметка). Целта на Управата за јавни приходи е да постигне висок степен на навремено исполнување на даночните обврски како показател за ефикасно собирање на даночните приходи, заради што делува проактивно и превентивно пренесувајќи соодветни пораки до јавноста и до секој даночен обврзник, се вели во соопштението.

Утре пресуда за мајката и таткото на детето кое уби 9 ученици и чувар во Белград

 Суд во Белград утре се очекува да ја соопшти пресудата против Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на детето кое на 3 мај 2023 година усмрти со пиштол девет ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

Суд во Белград утре се очекува да ја соопшти пресудата против Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на детето кое на 3 мај 2023 година усмрти со пиштол девет ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, и рани уште пет ученици и наставничка.

Судот ќе донесе првостепена пресуда на која одбраната и обвинителството ќе имаат право на жалба до Апелациски суд.

Судскиот процес од самиот почеток е затворен за јавноста, но пресудата ќе биде јавно објавена.

Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, побара судот да изрече максимална затворска казна. Тој во завршниот збор му предложи на судот Владимир Кецмановиќ да биде осуден на затворска казна од 14 години и 11 месеци за кривични дела - тешко дело против општата безбедност и запуштање и злоставување малолетно лице.

Тој предложи и единствена затворска казна од пет години и пет месеци за Миљана Кецмановиќ за сторени кривични дела - недозволено производство, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи и запуштање и злоставување малолетно лице.

Предложена е максимална казна затвор од три години за инструкторот за стрелање Немања Маринковиќ за кривично дело давање лажен исказ.

Стефановиќ смета дека за брачниотѕ пар Кецмановиќ нема олеснителни околности, туку само отежнувачки бидејќи не изразиле ниту каење ниту емпатија за жртвите.

притисни ентер