Три месеци никој не ја извлекол добитната комбинација на оваа лотарија.
Картата е продадена во сојузната држава Калифорнија, соопшти организаторот на Мега Милионс, кој ги објави шесте добитни броеви: 3, 7, 37, 49, 55 и 6.
Идентитетот на победникот не е откриен. Не е јасно дали и тој знае дека го има добитниот тикет за џекпот и дали ќе ја бара својата награда.
Тикетот бил купен на бензинска пумпа во Котонвуд, на околу 200 километри северно од градот Сакраменто.
Добитникот може да ја побара целата сума од 1,22 милијарди долари, исплатени во годишни плаќања во период од 30 години или да се одлучи за еднократна готовинска исплата од 549,7 милиони долари и да ја добие пред наплатата на данокот. Повеќето од победниците се определуваат за втората опција.
Ова е петти најголем џекпот во историјата на американската лотарија организирана од компанијата Мега Милионс, која продава тикети во 45 американски држави.
Најголемиот џекпот тикет на Мега Милионс беше 1,6 милијарди долари и беше продаден во август 2023 година.