Заедно со Денот на благодарноста, тоа му беше втор празник што го минува во затвор, а медиумите сега пишуваат дека поради тоа доживеал нервен слом.
Неименуван извор изјавил за Мирор дека Диди дури ги молел чуварите да го однесат во затворската болница на набљудување, што тие го одбиле. „Празниците зад решетки за него беа вистински кошмар. Конечно успеа да се смири со техниката на медитација што ја користеше за време на неговиот престој во затвор“, рекол изворот.
Според изворот, на раперот му биле потребни неколку часа длабоко дишење за да се смири. Извори блиски до Диди, сепак, рекоа дека тврдењата за сломот се лажни: „Тој сè уште останува силен и фокусиран на својата одбрана. Сè уште му недостигаа децата на Божиќ, празник што традиционално го поминуваше со своето семејство“.
Да потсетиме, Диди е во затвор во Бруклин од 16 септември. Се очекува тој да биде зад решетки до последното судење кое е закажано за 5 мај следната година. Неодамна беше одржано ново рочиште за неговиот случај, каде Диди покажа многу поинаква слика.
На сослушувањето присуствуваше новинарката Елизабет Милнер од мрежата Law&Crime. „Изгледаше неверојатно послаб, што беше и очекувано со оглед на тоа дека е во федерален затвор неколку месеци“, рече Милнер, истакнувајќи дека имал и повеќе седа коса.