Човек тврди дека девет години непотребно примал хемотерапија:Таа дијагноза ми го смени животот

Медиумите пишуваат за Е.Олсон, кој тврди дека примал хемотерапија девет години, бидејќи по грешка му бил дијагностициран миелодиспластичен синдром (МДС).

Тој ја добил мрачната дијагноза во 2011 година во болница во Монтана (САД). Тогаш лекарот, како што тврди, му рекол дека ќе биде „мртов пред крајот на годината“ доколку не започне со лекување.

„Таа дијагноза ми го промени текот на животот“, вели Олсон, кој денес има 47 години.

Тој наведува дека лекарот побарал две биопсии на коскена срцевина, од кои на првата „се покажале знаци на МДС“. Втората, направена 10 месеци подоцна, била „чиста“.

И покрај позитивниот резултат од втората биопсија, тој бил подложен на третман - и така девет години, рече тој.

Тој тврди дека лекарот му рекол да ги „игнорира резултатите од втората биопсија“ и дека тоа е знак дека „лекувањето е ефикасно“, пренесува Унилад.

На убедување на специјалистот кој го придружувал Олсон за време на процедурата за дијализа, човекот побарал второ мислење. Тогаш приказната добила драматичен пресврт.

Кога медиумите го контактирале докторот од Монтана и го прашале за негативниот резултат од биопсијата, тој одговорил: „Тоа не значи дека болеста не постоела, туку дека лекувањето било успешно. Тоа не значи дека на почетокот не бил болен“.

Оттогаш болницата повторно го тестирала оригиналниот примерок и утврдила дека Ослон никогаш немал МДС, пренесува ProPublica.

Олсон не ја прифатил ситуацијата. Прво го прекинал лекувањето во 2021 година, а потоа ја тужел болницата. Сѐ завршило со исплата на непозната сума надвор од судницата.

Не мирувал ниту лекарот на Олсон, кој во меѓувреме добил отказ. Тој ја тужел болницата за клевета и, како што смета, незаконски прекин на работниот однос.

Судот во Монтана ја отфрлил тужбата, но поднел жалба. Од 20 декември годинава жалбата е во тек пред државниот Врховен суд.

Реал договори супер летно засилувања: Александар-Арнолд е новиот „крал“

Поранешниот десен бек на лидерот во Премиер лигата Ливерпул, Трент Александер-Арнолдод следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, пренесуваат „Марка“ и „Ас“. 

Договорот на англискиот репрезентативец со „црвените“ истекува на крајот на сезоната, а извесно е дека нема да биде продолжен, а тој е слободен да избере нов клуб од 1 јануари, а изборот падна на „кралевите“ од Мадрид.

Шпанска „Марка“ пишува дека Александар-Арнолд веќе ги известил клупските челници за својата одлука, додека „Ас“ наведува дека неговиот трансфер во Реал е 90 отсто завршен.

Операцијата е забрзана во последните недели, а голема улога одигра актуелната ѕвезда на Реал, Џуд Белингам, кој веќе неколку сезони е еден од најдобрите фудбалери на гигантот од „Бернабеу“.

Сепак, трансферот нема да се случи во јануари, бидејќи Трент сака на соодветен начин да го напушти клубот во кој израсна. Арнолд во Мадрид го гледаат како долгорочна замена за репрезенативецот на Шпанија, во моментов повредениот Дани Карвахал, а останува да видиме кога ќе биде официјализиран трансферот и кога 26-годишниот Англичанец ќе се пресели во Мадрид и ќе стане нов член на Реал.

Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица

Десет мигранти во две товарни возила биле пронајдени вчера од страна на полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, во едното товарно возило со полуприколка, со скопски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект од Скопје, управувано од Б.А. (49) од Скопје, биле пронајдени пет лица од Сирија и едно лице – турски курд. Во второто товарно возило со полуприколка, со српски национални ознаки, управувано од П.Н. (41) од Република Србија, сопственост на правен субјект од Република Србија, биле пронајдени четири лица од Сирија.

Од МВР дополнуваат дека мигрантите се предадени во Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.

Волонтери на Црвен Крст со посебен проект на „Зимска приказна“ во Битола

Општинската организација на Црвен Крст-Битола прв пат со свој проект учествува во програмата на „Зимска приказна“ организирана од Општина Битола и за најмладмладите битолчани во старата чаршија беше одиграна претставата „Зошто Дедо Мраз носи црвено?

Претседателката на ОО на Црвен Крст Лилјана Ристевска истакна дека 2024 е многу успешна година за нивната организација.

-Нашите волонтери ја подготвија и одиграа театарската претстава „Зошто Дедо Мраз носи црвено?“, а идејата произлезе од секојдневните активности кои ја промовираат хуманоста, заедништвото и желбата секогаш да се помогне. Во претставата на сцената настапија десет волонтери, но во целиот проект беа ангажирани околу 50 волонтери. Веруваме дека и в година повторно ќе учествуваме во програмата „Зимска приказна“ изјави за МИА, Лилјана Ристевска, претседателка на ОО на Црвен Крст-Битола.

Општинската организација на Црвен Крст годинава за прв пат организираше мини-олимпијада која во Битола ќе се одржува на секои две години.

-Оваа 2024 година ја оценуваме како успешна година, ги реализиравме сите проекти, а имавме и една новина, односно организиравме мини-олимпијада на Црвен Крст која планираме да прерасне во олимпијада со меѓународно учество. Според нас оваа активност е симбол и обележје за 2024 година затоа што беа вклучени 400 учесници, а сите средства што ги собравме ги дониравме на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, посочи Ристевска.

Од ОО на Црвен Крст-Битола потсетија дека деновиве успешно заврши обуката и беа доделени 10 серификати на асистенти за лица со попреченост.

притисни ентер