СДСМ: Се потврди тоа што го говоревме, цените намалени за смешни 0,1 процент

Цените во октомври месец биле „намалени“ за само 0,1%, објави Државниот завод за статистика. Ете толку е ефикасноста на мерката на владата за намалување на цените, нула. Кошничката месечна се намали само 57 денари.

Прес конференциите на владата и фалењето со намалени цени потонаа, а реалноста ја чуствуваат граѓаните секојдневно во маркетите. Намалување на цени нема и затоа Владата мора итно да го прифати предлог законот за ДДВ на СДСМ со кој граѓаните реално ќе штедат до 2.000 денари месечно.

СДСМ има пакет од три закони кои ќе значат повеќе пари во џебот на секој граѓанин, поевтини ценина производи и повисоки плати. Ова е во интерес на сите граѓани и само од политички инает ВМРО-ДПМНЕ не ги прифаќа овие политики.

Жално е што ВМРО-ДПМНЕ е подготвена на штета на граѓаните да води политики на отфрлање на добрите решенија. Од една страна Мицкоски зборува за обединување, од друга страна не прифаќа ништо што значи повеќе пари за граѓаните. СДСМ уште еднаш повикува на разум кај Владата и подава рака за соработка. Ако околу нешто треба да се обединиме тоа е подобар животен стандард и поддршка во време кога животот станува се потежок.

СДСМ

Актерка го шокира светот кога се омажи за својот полубрат, сега роди ќерка (ФОТО)

Австралиската актерка Скарлет Вас, која е најпозната по улогата во серијата „Соседи“, минатата година ги запрепасти сите кога се омажи за својот полубрат Тај Ричи, а денес тие двајца добија ќерка, но не открија кое име ѝ го дадоа.

Сепак, Скарлет моментално е попозната како високоплатен модел на OnlyFans, а не пропушта прилика секогаш да потенцира дека е меѓу најплатените жени на оваа страница.

Штом нивното прво дете се родило на католички Божиќ, двајцата веднаш објавиле слики од болницата. Скарлет зрачи од среќа додека Тајо ги гушка неа и ќерката.

За чудо, гордите родители не го открија името на бебето, а Ричи на Инстаграм напиша:

- Нашето божиќно чудо конечно пристигна, среќен Божиќ од нашето семејство.

Инаку, Скарлет и Тајо се познаваат уште од тинејџерските години во Мелбурн и станаа семејство кога нивните родители започнаа врска.

Во септември ја објавија веста за бременоста, а потоа објавија видео во кое ја снимиле нивната реакција на позитивен тест за бременост. Иако во серијата „Соседи“ една сезона ја глумеше полицајката Мисти Шарма, тоа беше отскочна штица за Скарлет, која забележува дека заработува повеќе од 200.000 долари месечно на сајтот за возрасни, пренесува Дејли Мејл.

Сѐ помали се надежите дека ќе бидат пронајдени Лука и Кристијан, изгубени на планина во Италија

Италијанските медиуми денеска објавија дека има сѐ помалку надеж дека ќе бидат спасени двајцата италијански планинари кои од 22 декември се заробени на планината Гран Сасо.

Кристијан Гвалди и Лука Перачини доживеале несреќа додека планинареле кога се лизнале и паднале во бездна, а се претпоставува дека еден од нив е повреден.

Напорите на спасувачките екипи да стигнат до нив, како и претходните денови, се отежнати поради лошите временски услови и опасноста од лавина, а само хеликоптер можеше да се обиде да ги пронајде доколку се подобри времето, објави АНСА.

Како што се наведува, најголемиот ризик со кој се соочуваат планинарите е хипотермијата и дека потрагата ќе продолжи штом се подобрат временските услови.

Кристијан Гвалди и Лука Перачини се од регионот Емилија Ромања. Се вели дека тие се заглавени во клисурата на Вале дел Пеколно, под масивот Гран Сасо, откако се лизнале додека се обидувале да стигнат до врвот Корно Гранде, кој е на 2.914 метри. Инаку, планината Гран Сасо се наоѓа на околу 150 километри источно од Рим, во регионот Абруцо, во близина на градот Аквила.

Моменталната температура во регионот е минус 10, а дува ветер со неверојатна сила од дури 140 километри на час. Иако техничарите успеале да го решат проблемот кој ја блокирал жичарницата, временските услови не дозволиле да се спуштат.

Натали Портман го дочека Божиќ на Карибите, снимена е во бикини (ФОТО)

Холивудската актерка Натали Портман (43) реши да го помине Божиќ во летно издание.

Фотографите ја снимиле како доаѓа со нејзината ќерка Амалија (7) на плажата во Сент Бартс, популарно одморалиште на Карибите.

Актерката дошла на плажа во црна маица, тексас здолниште и очила за сонце. Таа за кратко време влезе во морето облечена во црно бикини во кое ја покажа својата витка линија.

Ова беше прв одмор за актерката по разводот, кој беше финализиран во март годинава. Минатото лето таа објави дека се разведува од францускиот танчер Бенџамин Милепид, со кого беше во брак 12 години. Двојката се запознала во 2009 година на сетот на филмот Црн лебед, во кој Натали ја играше балерината Нина, а Бенџамин беше еден од танчерите.

Покрај ќерката Амали, парот заедно го доби и синот Алеф (13). Извесен период живееле во неговата родна Франција, каде во октомври оваа година Милепид бил снимен како се бакнува со непозната жена. Извор близок до актерката тогаш изјави за Us Weekly дека Натали не била изненадена.

„Таа мислеше дека тој брзо ќе продолжи понатаму“, рекол еден извор. Друг тврдеше дека актерката не се замара за потенцијалните врски на нејзиниот поранешен сопруг: „Таа е многу среќна со својот живот и има приоритет со семејството и пријателите“.

притисни ентер