Италија е позната по легендарните автомобили како што е Fiat 500, но во контекст на возилата за испорака, ниту еден пик-ап немаше толку големо влијание врз економијата и визуелната слика на италијанските градови како Ape (пчелата), произведена од Vespa Piaggio.
Скутерот со три тркала Ape не е механички многу повеќе од веспа, но со покрив и простор за товар, тој беше совршен за тесните улички на старите градови или стрмните земјени патишта каде што автомобилите се борат. Се продаваше по цена од само 7.000 евра. Но, на крајот на годината, на носталгијата ќе ѝ дојде крајот: по 76 години, Piaggio ќе престане да го произведува Ape во Тоскана. Во иднина возилата ќе се произведуваат само во Индија за азискиот и африканскиот пазар, објави Autovlog.
Во Индија, безбедносните и еколошките прописи не се толку строги како во Европската унија. Впрочем, таму се продава и електричната верзија. Приспособувањето на еколошките и безбедносните прописи би било неекономично за Piaggio во Европа. Додека Аре станува сѐ помалку вообичаен во големите италијански градови во последниве години, тој се впушти во триумфална кампања ширум светот. Во 35 земји, Ape е дел од уличната култура, на пример работи како Trixi Taxi во Зимбабве или TukTuk во Индонезија, пренесува италијанската телевизија Rai.
Со затворањето на Апе, Италија не само што го губи својот национален симбол.По него ќе жалат многу млади луѓе. Им било дозволено да го возат на само 14 години, а фризираниот APE беше статусен симбол за многу тинејџери.