Неверојатна снимка- ајкула ја проголта камерата, наместо нуркачот и продолжи да снима (ВИДЕО)

Дури и искусните нуркачи стануваат нервозни кога ќе видат ајкула во близина и замислуваат дека е гладна.

На социјалните мрежи кружи видео кое за краток период „собра“ 30 милиони прегледи, а открива нешто неверојатно.

Тигреста ајкула се нафрли на нуркач, но не „се омрсо“ - барем не како што сакаше, пренесува Times Now News.

Му ја грабнала камерата со вилиците и ја голтнала! Така, добивме шанса да го видиме морскиот предатор од сосема нов агол.

Поконкретно, можевме да ѕирнеме во нејзината уста додека се обидува да ја проголта камерата. Се разбира, таа не успеала и ја исплукала.

Повеќето корисници беа запрепастени од глетката, но поединците имаа поинаков впечаток.

„Изгледа дека е многу пријатно внатре“, напишало едно лице, додека друго додаде: „Изгледа како густа зимска јакна, одлично“.

Пожар во паркирано моторно возило во Дебар

Пожар во паркирано моторно возило е регистриран во Дебар, по што интервенирала противпожарната единица.

- Вчера наутро, во 6:24 часот во Одделението за внатрешни работи-Дебар е пријавено дека на улицата „Есат Мезелџиу“ во Дебар настанал пожар во паркирано патничко возило „фиат браво“ сопственост на С.С.(48) од Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Toj додава дека повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Дебар. Истрагата околу причините е во тек.

Ѓорческа запрена во полуфиналето на турнирот во Португалија

Лина Ѓорческа во неизвесен меч го загуби денешното полуфиналето на ИТФ фјучрс турнирот во Фигеира да Фоз, Португалија што се игра за награден фонд од 100.000 долари.

Поуспешна од македонската тенисерка беше поранешната тенисерка број 10 Кристина Младеновиќ од Франција, која мечот го доби со 2:0, по сетови 6:4 и 7:5 за еден час и 44 минути игра.

Првиот сервис беше проблем за двете тенисери во мечот во кој Французинката имаше нешто подобар процент (58% наспроти 44% за Ѓорческа) што на крајот се покажа решавачко. Во таков меч Ѓорческа имаше 7 брејка од 12 можности, а Младеновиќ 9/16. Во текот на целиот меч дуваше силен ветар што им создаваше големи проблеми на двете тенисерки во играта.

Во првиот сет по осум одиграни гема ниту една тенисерка не освои гем на свој сервис, а во таков резултатски тек Ѓорческа водеше со еден гем предност. По 4:4 во гемот број 9 Младеновиќ го освои гемот на сервис поведе со 5:4, а потоа со нов брејк го доби првиот сет со 6:4 во гемови.

Почетокот на вториот сет беше сосема поинаков и по три гема водство за Младеновиќ, но сега тенисерките освојуваа гем на свој сервис. Французинката прва напррави брејк за водство од 3:1, но кога беше најпотребно во 10.гем на свој сервис Ѓорческа успеа да изедначи на 5:5. Но, сепак следните два гема и припаднаа на Младеновиќ за 7:5 во вториот сет и конечни 2-0 во сетови.

За пласманот во полуфиналето на турнир од рангот W100, Ѓорческа ќе освои 39 поени и најверојатно на новото рангирање ќе успее да влезе меѓу првите 200 тенисерки на ВТА листата.

Ѓоковиќ експресно во 2 коло на Олимпискиот турнир во Париз

Најтрофејниот свтески тенисер Србинот Новак Ѓоковиќ експресно со само еден загубен гем го започна настапот на 33 Олиписки игри во Париз.

Првиот носител на олимпискиот турнир во Париз на стадионот „Филип Шатрие“ го победи Австралиецот Метју Ебден со 2-0 по сетови 6:0, 6:1.

Ѓоковиќ од почетокот до крајо тна мечот домоинираше на терените на Ролан Гарос во Париз и најави дека е подготвен за големи дострели на Игрите во Франција.

На својот противник Ноле му препушти само еден гем во двата сета. Во еден момент од вториот сет индиспонираниот Ебден побара дури побара некој гледач од публиката да се симне долу на теренот и да го замени.

Легендарниот Ноле во второто коло го очекува подобриот од мечот Рафаел Надал - Мартон Фучовиќ.

притисни ентер