Најпознатиот бугарски рок пејач почина среде сцена на настап

Бугарскиот музичар Кирил Маричков ненадејно почина на сцената во петокот вечерта, јави БНТ. Маричков беше фронтмен, басист, пејач и композитор на бугарската рок група Штурците.

За време на настапот Кирил Маричков паднал од бината и удрил со глава, па се уште не е јасно дали имал срцев удар или само доживеал несреќа на сцената. Инцидентот се случил околу 18 часот и 45 минути. Бугарската рок легенда на 30 октомври ќе наполнеше 80 години.

Поради трагедијата концертот бил прекинат, а полицијата го блокирала теренот. Неговото семејство вели дека тој секогаш сакал да си замине вака, додека бил на сцена.

Брзата помош пристигнала за 7 минути, а како што се наведува Маричков починал при реанимацијата.

Првите чекори на Кирил Маричков во музичкиот свет биле со бендот Бандарачите, во кој свирел на бас гитара.

Во 1967 година, откако „Бандарачите“ се распаднле, Маричков и тапанарот Петар Цанков го основале „Штурците“ Кирил Маричков го постигна својот најголем успех како музичар и изведувач со групата „Штурците“, која стана легенда на бугарскиот рок.

„Штурцити“ се смета за една од највлијателните бугарски рок групи во 20 век.

Борел: Не може да се победи во нуклеарна војна и никогаш не смее да се води

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска објави дека доделувањето на Нобеловата награда за мир на јапонската организација Нихон Хиданкио, служи како потсетник за многу сериозните последици.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска објави дека доделувањето на Нобеловата награда за мир на јапонската организација Нихон Хиданкио, која ги собира преживеаните од Хирошима и Нагасаки на кои беа фрлени атомските бомби, служи како потсетник за многу сериозните последици поврзани со употребата на нуклеарно оружје.

Во изјавата на веб-страницата на ЕЕАС, Борел исто така рече дека ова е потсетување на одговорноста што ја споделуваат сите држави да спречат вакви настани, како и дека никогаш не смее да се води нуклеарна војна.

„Како што потсетија лидерите на петте држави со нуклеарно оружје во јануари 2022 година, во нуклеарна војна не може да се победи и никогаш не смее да се води“, рече Борел.

Тој додаде дека Европската унија постојано ја нагласува потребата од спроведување на сите обврски поврзани со Договорот за неширење на нуклеарно оружје (НПТ), кој ја вклучува потребата за конкретен напредок кон целосна имплементација на нејзиниот член VI, со крајна цел за целосно елиминирање на нуклеарното оружје.

„Ние промовираме универзализација и стапување во сила на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови. Вложуваме интензивни дипломатски напори за да го спречиме ширењето на нуклеарното оружје“, рече Борел.

Тој посочи дека Европската унија работи со партнерите ширум светот на глобалното зачувување и зајакнување на договорите за нуклеарно разоружување и неширење, како суштински придонес за меѓународниот мир и безбедност.

Нобеловиот комитет денеска соопшти дека овогодинешната Нобелова награда за мир ѝ припадна на јапонската организација Нихон Хиданкио за нејзините напори да се создаде свет без нуклеарно оружје и заложбите дека нуклеарното оружје никогаш повеќе не смее да се користи.

Движењето е создадено како одговор на атомските напади во август 1945 година, а неговите членови неуморно работеа на подигање на свеста за катастрофалните хуманитарни последици од употребата на нуклеарно оружје.

Таравари: „Вреди“ подготвува Закон за правична застапеност, следната недела ќе има јавна дебата

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со укинувањето на „балансерот“, уште еднаш го повтори ставот дека е потребен Закон за правична застапеност. 

Тој рече дека „Вреди“ веќе го подготвува законот, за како што најави, веќе следната недела ќе се одржи и јавна дебата.

-„Вреди“ подготвува нов закон, кој што се надевам идната недела ќе биде во јавна дебата. Ќе бидеме в координација со партнерите во коалиција. Од сите страни е констатирано дека „балансерот“ не функционираше како што треба, изјави Таравари пред почетокот на настанот „World Changers Balkan Summit“ во Филхармонија.

Тој подвлече дека е потребен Закон за правична застапеност, не само за етничка категорија, туку за сите категории кои што се маргинализирани во општеството.

-Нам ни треба јавна дебата и синхронизација, бидејќи правичната застапеност е уставна категорија и секогаш кога нешто е уставна категорија, треба да постои и закон, додаде Таравари.

На новинарско прашање дали комисиите и во случајот со смртта на 14 месечното бебе на Детската клиника и со починатата родилка во Куманово покажаа дека станува збор за лекарска грешка, Тараври одговори дека најверојатно во понеделник ќе одржи прес-конференција на која ќе информира за двата случаи.

-Јас за Куманово го прочитав извештајот. За 14 месечното бебе се уште не сум го прочитал, но се надевам дека во понеделник ќе имаме прес-конференција и за двата случаи. Ќе ве информирам во текот на утрешниот ден, рече Таравари.

Фестивал на велешка пита и македонски вина „Питијада“: Направена е џиновска пита од 4 метри

Во рамките на годинашната „Питијада“ 2024, Велес постави нов рекорд - вештите раце на пита мајсторите подготвија џиновска пита во должина од 4м и 20цм.

Зоранчо Илиевски, Стеве Костадинов, Георгиј Јамалов, Благојче Николов, Александар Панов, Паскал Јамалов, Лазе Коцевски и Александар Јамалов од Фурна Гемиџии ја подготвија оваа пита од 15кг. брашно, 25кг. тесто, 40кг. месо и 330 јајца.

Во соработка со Црвен крст Велес беа собрани средства од продажба на питата кои ќе се употребат за хуманитарни цели, најавија организаторите од Општина Велес.

На оваа велешка традиција присуствуваше и премиерот на Христијан Мицкоски, заедно со министерот Зоран Љутков, пратениците Игор Здравковски и Александар Јамалов, градоначалник Митко Јанчев, претседателот на Совет Даниел Јаневски и советниците од Советот на Општина Велес.

Фестивалот на велешка пита и македонски вина „Питијада“ 2024 продолжува денеска со изложба на стари автомобили-олдајмери претпладнево, во организација на здружението "Kings of the streets" се изложени долж главната улица „Благој Ѓорев“ на потегот од кружен тек „Авона“ до Стоковната Бос.

Вечерва е забевен - музички дел со настап на познати уметници. Во рамките на „Питијадата“ 2024 има и Саем на рачни изработки.

притисни ентер