Ериксен не добил понуда за продолжување на договорот со Јунајтед

Данскиот играч за врска, Кристијан Ериксен индиректно потврди дека ќе го напушти Манчестер Јунајтед следното лето.

Договорот на играчот е само до крајот на сезоната, а тој самиот изјави дека се уште не се разговарало за негово продолжување.

Ериксен навести и дека одлуката за кариерата ќе биде донесена и врз основа на можноста да добие поголема минутажа на теренот и како се би влијаело на неговиот настап во дресот на „црвениот динамит“.

-Не, се уште немало разговори за нов договор. Одлуката за мојата иднина ќе биде избалансирана. Не станувам помлад, така што сите размислувања ќе бидат насочени кон мојата кариера. Каде одам јас, каде е репрезентацијата и слично. Имам одредено искуство во фудбалот. Ако се уште ја имате брзината, експлозивноста, способноста за трчање и се останато, тогаш мислам дека нема голема разлика помеѓу 29 и 32. Во ретроспектива, мислам дека останувањето во текот на летото беше вистинската одлука. Моето семејство е среќно тука, добро ми е и во последно време добивам се поголема минутажа. Немам за што да се жалам. Сега сум фокусиран на иднината и Јунајтед, изјави Ериксен.

Во моментов е дел од репрезентацијата на Данска со која утре ќе се соочи со Шпанија, а три дена подоцна со Швајцарија./МИА

ЕУ ја одобри Реформската агенда на Македонија согласно Планот за раст на Западен Балкан

Земјава треба да добие 750 милиони евра поделени на неколку транши,

Рефомрските агенди на Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово се одобрени во рамки на новиот Инструмент за реформи и раст во износ 6 милијарди евра, познат како План за раст на Западен Балкан, објави на мрежата „Х'“ унгарското претседателство со ЕУ.

-Ова го трасира патот пре-финансирањето да започне за време на унгарското претседателство со Унијата. Поддршката на интеграцијата на Западен Балкан, останува клучен приоритет на унгарското претседателство, се наведува во соопштението.

Согласно Планот за раст на Западен Балкан вреден 6 милијарди евра, земјава треба да добие 750 милиони евра поделени на неколку транши, а првата транша од 7 проценти, односно 52,5 милиони евра, државава ќе ја добие најдоцна до крајот на годината.

Според формулата од Регулативата за инструментот за реформи и раст, усвоена од страна на Европскиот парламент и Советот на ЕУ, Македонија треба да добие 750,4 милиони евра за периодот 2024-2027 година. Овие средства ќе бидат условени со реализација на конкретни квалитативни и квантитативни чекори поврзани со мерките за планираните реформи.

Советот на Европската Унија на почетокот од мај годинава го одобри Планот за раст на Западен Балкан, кој со обезбедените дополнителни 6 милијарди евра треба да ги поддржи земјите на патот кон членство во ЕУ./МИА

Принцот Џорџ откри што сака да биде кога ќе порасне

Принцoт Џорџ е идниот крал на Велика Британија, кој ќе ја наследи круната по неговиот татко Вилијам. Но, ако се праша 11-годишно момче, тоа нема да биде крал, туку пица мајстор или готвач.

Имено, младиот принц со родителите Вилијам и Кејт посетиле пицерија во Норфолк, а жителот на Норфолк Дезмон Мекарти за „Daily Mail“ изјавил дека момчето било толку возбудено од рерната за пица на дрва што извикало: „Тоа сакам да го правам кога ќе пораснам!"

Сепак, за негова несреќа, Џорџ нема да може да го оствари својот сон, но затоа ќе прекине една вековна традиција. Имено, за разлика од неговите претходници, Џорџ нема да мора да служи војска пред да седне на тронот.

Извор: Индекс.хр

Јапонија ги добива првите „USB4 2.0“ кабли во светот, со неверојатни брзини

Неодамна беше лансиран стандардот „USB4“, кој донесе брзина на пренос на податоци до 40 Gbps, но сега и ова е надминато.

„Elecom“ официјално стана првата компанија која ги сертифицираше своите „USB4 2.0“ кабли. Ова се првите „USB4 2.0“ кабли и ветуваат брзини кои се двојно повисоки од стандардните „USB4“.

Компанијата во моментов има за цел да објави две варијанти на своите нови „USB4 2.0“ кабли во декември, а основниот модел ќе понуди брзина на пренос на податоци од 80 Gbps и можност за полнење од 60 W. Вториот модел нуди уште поголема опција за полнење, од 240W @ 48V/5A.

Првите „USB4 2.0“ кабли во светот првично ќе бидат ограничени на јапонскиот пазар. Се очекува за неколку месеци да почнат да се појавуваат и на други пазари.

Интересно е што „Microsoft“ веќе започна со подготовка на „Windows 11“ за „USB4 2.0“ поддршка, а засега не се знае кога оваа поддршка ќе се појави во стабилниот софтверски канал.

Извор: Б92

притисни ентер