На зајдисонце ќе се појави комета, што последен пат била видена од Земјата пред 80.000 години

Оваа недела, сите љубители на астрономијата имаат можност да бидат сведоци на редок небесен феномен – поминувањето на кометата C/2023 A3 (Tsuchinshan–ATLAS), која последен пат била видена од Земјата пред околу 80.000 години.

Оваа недела, сите љубители на астрономијата имаат можност да бидат сведоци на редок небесен феномен – поминувањето на кометата C/2023 A3 (Tsuchinshan–ATLAS), која последен пат била видена од Земјата пред околу 80.000 години, во праисториско време кога сè уште постоеле неандерталците.

Кометата веќе ја поминала својата најблиска точка до Сонцето, позната како перихел, на 27 септември, а нејзиното најблиско приближување до Земјата се очекува денес, 12 октомври 2024 година, кога ќе биде на растојание од 71 милион километри, или 0,47 астрономска единица од нашата планета.

Најдобро време за набљудување на оваа комета од нашиотр регион ќе биде, кога ќе се појави над западниот хоризонт, веднаш по зајдисонце. Иако се очекува дека може да биде видлива со голо око, се препорачува да се користат двогледи или помали телескопи за полесно да се забележи.

Овој небесен феномен ќе го привлече вниманието и на астрофотографите, бидејќи со техниката на снимање ќе може да се фати јадрото на кометата, како и нејзината опашка, а од 12 октомври и следните неколку дена ќе може да се снима дури и со паметни телефони.

Сепак, по 12 октомври, кометата ќе се движи понатаму кон ноќното небо и нејзината светлина ќе избледи, што ќе го отежне набљудувањето без дополнителна опрема.

Фото: Манекенка со бујни облини

Познатата американска манекенка Кара дел Торо на радост на следбениците на социјалните мрежи неодамна позираше за брендот за луксузна долна облека „Lounge“.

Фотографиите од сетот воодушевија многумина, бидејќи американската убавица е невообичаена манекнака. Таа има истакнати бујни облини што е секако нејзин најголем адут.

Кара дел Торо позираше во неколку модели на чипкаста долна облека, но највпечатлив беше оној кој ги истакна нејзините бујни гради.

Фото: Кристина Агилера во топлес за роденден

Кристина Агилера ги воодушеви фановите со провокативно роденденско издание!

Светската музичка ѕвезда Кристина Агилера повторно ги воодушеви своите фанови.

Таа на посебен начин го прослави својот 44 роденден, споделувајќи фотографија на Инстаграм на која позира во провокативно издание.

Пејачката била облечена во кожени шорцеви, црна капа и штикли, а градите ги покрила со раката.

- Роденденски костум #44 - стои во описот на фотографијата, со која го предизвикала воодушевувањето на своите фанови.

Зеленски се сретна со директорот на ЦИА во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека се сретнал со директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс во Украина.

-Барнс сега ја посети Украина за последен пат како директор на ЦИА, рече Зеленски во пораката објавена на Телеграм, додавајќи дека двајцата имале многу средби за време на војната, но дека за повеќето од нив не се разговарало во јавноста.

-Тој и јас имавме многу средби за време на оваа војна и јас сум благодарен за неговата помош. Обично таквите средби не се објавуваат, а сите наши состаноци во Украина, во другите европски земји, во Америка и во другите делови на светот се одржаа без официјални информации рече Зеленски.

САД се најважниот финансиски и воен поддржувач на Украина во војната што започна пред речиси три години. Вашингтон, исто така, редовно споделуваше воено разузнавање со Украина за да ја поддржи нејзината одбрана.

Се очекува Барнс да се повлече од функцијата шеф на ЦИА откако републиканецот Доналд Трамп ќе дојде на власт во јануари 2025 година.

притисни ентер