Легендарниот Копола се подготвува за својот последен филм во кариерата

И покрај негативните реакции за Мегалополис, Френсис Форд Копола не планира наскоро да се повлече од филмската индустрија.

Петкратниот оскаровец и режисер на култните класици „Кум II“ и „Апокалипса“ денеска преку Инстаграм откри дека мора да сними уште два филма кои самостојно ќе ги финансира.

Според World of Reel, откако неговите обожаватели го прашале дали наскоро ќе се пензионира, Копола им рекол дека прво мора да ги заврши двата филма на кои веќе почнал да работи. Режисерот изјави дека неговиот последен филм ќе се вика Distant Vision и дека ќе биде пограндиозен и поамбициозен од Мегалополис.

Во интервју за La Liberation, режисерот објасни дека снимањето на Distant Vision ќе биде понапорно од снимањето на Megalopolis и дека сè уште не знае како ќе го изведе. Филмот наводно ќе биде инспириран од телевизиската серија со која пораснал Копола и ќе следи три генерации на итало-американци.

Иако Копола веќе започна со подготовките за Distant Vision, следен филм на неговиот репертоар е мјузиклот The Glimpses of the Moon, кој е базиран на истоимениот роман на Едит Вартон, но е инспириран и од романот Ужасната вистина, чиј автор е Лео МекКери.

Романот The Glimpses of the Moon следи млад брачен пар, Ник и Сузи, кои доживеале тешки времиња. Ник и Сузи потекнуваат од некогаш богати и угледни семејства кои го изгубиле своето богатство. И покрај финансиските проблеми, младиот брачен пар одбива да живее скромно и се потпира на своите успешни пријатели.

Копола откри дека The Glimpses of the Moon ќе се снима во Англија.

Последниот филм на режисерот, научно-фантастичната драма Мегалополис, моментално е во кината, но не доживеа критичарски или финансиски успех. Досега во кината има заработено само 10,3 милиони долари, со буџет од околу 130 милиони долари.

Шолц: Нови 1,4 милијарди евра за Украина од пакетот помош

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека земјата и нејзините партнери ќе обезбедат 1,4 милијарди евра од пакетот помош за поддршка на украинските одбранбени напори до крајот на годината.

„До крајот на годината, со поддршка на нашите партнери од Белгија, Данска и Норвешка, ќе испорачаме уште еден пакет (помош) во вредност од 1,4 милијарди евра на Украина“, рече Шолц во Берлин на прес-конференција со украинскиот претседател Володимир. Зеленски, објави Униан.

Во тој пакет, наведе тој, ќе бидат вклучени системот за наведување Ирис-Т, системи за противвоздушна одбрана Скинек, противвоздушни пушки Гепард, самоодна артилерија, оклопни возила, борбени дронови, радари и муниција.

„Ќе ја продолжиме воената поддршка за Украина и следната година, веќе вклучивме четири милијарди евра во нашиот буџет, тоа е директна билатерална воена помош“, рече Солц.

Како што наведе, земјите од Г7 годинава ќе и дадат на Украина дополнителен заем од 50 милијарди евра согласно одлуката на самитот на Г7 во Пуља, Италија.

Шолц, исто така, рече дека од Германија веќе е доставен нов пакет воена помош во вредност од 600 милиони евра во Украина, кој вклучува петти систем за воздушна одбрана Iris-T SLM, борбени возила на пешадија, тенкови, хаубици, муниција и беспилотни летала.

Тој рече дека Украина и во иднина може да смета на германската поддршка и нагласи дека Германија и пружила на Украина најголема воена поддршка од сите европски земји.

Шолц, исто така, ја истакна финансиската и економската помош дадена на Украина од страна на Г7 и Европската унија.

Тој нагласи дека Германија нема да дозволи Русија да ги диктира условите за мир и дека мирот во Украина „може да се постигне само врз основа на меѓународното право“, пренесува Укринформ.

Шолц истакна дека рускиот претседател Владимир Путин треба да биде присутен на следниот мировен самит во Швајцарија во јуни.

Зеленски и се заблагодари на Германија за помошта, особено за обезбедувањето системи за противвоздушна одбрана.

Ова е четврта посета на Зеленски на Германија од почетокот на 2024 година.

Портокалов метеоаларм во Париз поради опасност од излевање на реките

Агенцијата Метео Франс објави дека нивото на предупредување за поплави од денеска е намалено од црвено на портокалово во департманот Сена и Марн, така што ниту еден француски департман повеќе не е под црвена тревога.

По пустошењето на бурата Кирк, Метео Франс го држеше во состојба на готовност департманот Сена и Марн поради опасност од поплави до вчера навечер, а департманот Ер-е-Лоара, кој исто така беше под црвена тревога, претходно беше во портокалов аларм, јавува БФМ телевизија.

Метео Франс во среда во 16 часот прогласи црвен временски аларм – режим на максимална тревога поради високиот ризик од излевање на реката Гран Морин.

Платите на наставниците и професорите ќе се зголемат за пет проценти

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков на денешната прес-конференција по средбата со премиерот Христијан Мицкоски, потврди дека и оваа година, поточно од овој месец, ќе има зголемување на платите.

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков на денешната прес-конференција по средбата со премиерот Христијан Мицкоски, потврди дека и оваа година, поточно од овој месец, ќе има зголемување на платите во основно и средно образование за пет проценти.

-Тоа значи дека од овој месец, односно од октомвриската плата, вработените во основното и средо образование ќе имаат зголемена плата за пет проценти. Задоволството е уште поголемо што се договоривме за континуиран раст на платите во основно и средно образование во период од четири години, каде според нашите заеднички математики, конечно вработените во основно и средно образование, носителите на дејност наставниците и професорите ќе имаат плата во висина од просечна или нешто над просечна плата, рече Неделков.

Како што додаде, ова е голем успех во преговорите, во социјалниот дијалог и партнерство и е доказ дека со заемно почитување и разбирање како социјални партнери, може да се дојде до прифатливи решенија.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференцијата посочи дека после неколку неделни преговори и анализи, и врз основа на она што го имаат како информација како се полни буџетот и кои се проекциите за годините кои следат, сакале да постигнат договор кој ќе биде долгорочен и ќе биде во насока на подобрување на финансиска состојба на наставниците.

притисни ентер