Фестивал на велешка пита и македонски вина „Питијада“: Направена е џиновска пита од 4 метри

Во рамките на годинашната „Питијада“ 2024, Велес постави нов рекорд - вештите раце на пита мајсторите подготвија џиновска пита во должина од 4м и 20цм.

Зоранчо Илиевски, Стеве Костадинов, Георгиј Јамалов, Благојче Николов, Александар Панов, Паскал Јамалов, Лазе Коцевски и Александар Јамалов од Фурна Гемиџии ја подготвија оваа пита од 15кг. брашно, 25кг. тесто, 40кг. месо и 330 јајца.

Во соработка со Црвен крст Велес беа собрани средства од продажба на питата кои ќе се употребат за хуманитарни цели, најавија организаторите од Општина Велес.

На оваа велешка традиција присуствуваше и премиерот на Христијан Мицкоски, заедно со министерот Зоран Љутков, пратениците Игор Здравковски и Александар Јамалов, градоначалник Митко Јанчев, претседателот на Совет Даниел Јаневски и советниците од Советот на Општина Велес.

Фестивалот на велешка пита и македонски вина „Питијада“ 2024 продолжува денеска со изложба на стари автомобили-олдајмери претпладнево, во организација на здружението "Kings of the streets" се изложени долж главната улица „Благој Ѓорев“ на потегот од кружен тек „Авона“ до Стоковната Бос.

Вечерва е забевен - музички дел со настап на познати уметници. Во рамките на „Питијадата“ 2024 има и Саем на рачни изработки.

Прашање на Пуцко Петрол до ЈСП

ЈСП на Пуцко Петрол заклучно со 10.10.24 само по главен долг должи 553.213.052 денари со неплатени фактури кои се постари од две години.

Не можевме а да не се запрашаме, дали претпријатието има иднина или Скопјани и студентите и пензионерите ќе останат без јавен превоз. Основано во 1948, Јавното сообраќајно претпријатие, со сигурни чекори ита кон стечај и по се изгледа 2024 е годината кога ЈСП ќе замине во историјата.

Незадоволните граѓани кои чекаат автобус и по 60 минути, но и мислионските долгови во кои тоне претпријтието укажуваат на тоа.

ЈСП само за потрошената нафта досега должи преку 9 милиони евра, како и за плати, приватните превозници, и многу други добавувачи за моторни масла, гуми итн. Дали во следните денови може да се очекува комплетен колапс на ЈСП?

Пуцко петрол

ВЛЕН: Али Ахмети и ДУИ немаат морален кредибилитет да зборуваат за прашањата на Албанците

Али Ахмети и ДУИ немаат морален кредибилитет да зборуваат за прашањата на Албанците. Пролеваат крокодилски солзи поради губење на власта.

Колку повеќе завива Демократската унија за интеграција, толку повеќе се разобличуваат нивните лаги и манипулации, и толку подлабоко паѓаат во стапиците што самите ги поставиле за да ги закопаат своите политички противници.

Прво, аргументот на Али Ахмети за легитимитет е разобличен со фактот дека барем тројца од пратениците на „Европскиот фронт“ не зборуваат албански, и на албанската јавност ѝ се обраќаат на македонски јазик! Во оваа група се поранешниот претседател на Уставниот суд Сали Мурат, милионерот и пратеник Исмаил Јахоски, познат како Пуцко Петрол, и пратеникот Бејџан Иљас.

Второ, Али Ахмети одамна го загуби ексклузивното право да зборува во име на Охридскиот договор. Бидејќи долго време е на власт и за да ја зачува својата фотелја, Ахмети направи стотици отстапки и извитоперувања на основните дефиниции на Охридскиот договор. За време на неговиот 22-годишен мандат, официјализацијата на албанскиот јазик стана предмет на пазарење, децентрализацијата на власта деградираше во банално прашање, додека вниманието се посвети само на збогатувањето на неговите вечни функционери.

Трето, Али Ахмети веќе нема морален кредибилитет да зборува за статусот на поранешните борци на Ослободителната народна армија (ОНА). За жал, за време на сите мандати на Ахмети беа затворани и убивани поранешни борци на ОНА. Неговиот заменик Арбер Адеми беше фатен на дело! Јавноста виде во оптужницата што Арбер ја поднесе против државата поради „бегството од домашен притвор“ на Блерим Рамадани. Покрај тоа, сите влади на Али Ахмети досега редовно доделуваа финансиски средства за социјална поддршка на бранителите. Но, ниту една влада на Али Ахмети досега не го решила статусот на поранешните борци на ОНА.

Четврто, Али Ахмети го вложи својот кредибилитет и моќта на неговата партија за, преку контрола на судството, да го спаси Никола Груевски од затвор. Фактот дека Сашо Мијалков денес е слободен граѓанин, а сите негови казни застареа затоа што ДУИ заедно со Кренар Лога го сменија Кривичниот законик, не бара дополнителен аргумент дека Али Ахмети бил животно заинтересиран и работел на спасување на Груевски и негово враќање како херој од Будимпешта.

Петто, Али Ахмети имаше 22 години време, шест владини мандати, министер за надворешни работи и премиер за да ги реши отворените прашања со соседите и да ја направи Македонија членка на Европската Унија.

Али Ахмети не успеа. Сега е време Али Ахмети да биде опозиција. А приоритетите и политиките на државата, како и нејзините стратешки ориентации, ги определува владата.

Шолц: Нови 1,4 милијарди евра за Украина од пакетот помош

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека земјата и нејзините партнери ќе обезбедат 1,4 милијарди евра од пакетот помош за поддршка на украинските одбранбени напори до крајот на годината.

„До крајот на годината, со поддршка на нашите партнери од Белгија, Данска и Норвешка, ќе испорачаме уште еден пакет (помош) во вредност од 1,4 милијарди евра на Украина“, рече Шолц во Берлин на прес-конференција со украинскиот претседател Володимир. Зеленски, објави Униан.

Во тој пакет, наведе тој, ќе бидат вклучени системот за наведување Ирис-Т, системи за противвоздушна одбрана Скинек, противвоздушни пушки Гепард, самоодна артилерија, оклопни возила, борбени дронови, радари и муниција.

„Ќе ја продолжиме воената поддршка за Украина и следната година, веќе вклучивме четири милијарди евра во нашиот буџет, тоа е директна билатерална воена помош“, рече Солц.

Како што наведе, земјите од Г7 годинава ќе и дадат на Украина дополнителен заем од 50 милијарди евра согласно одлуката на самитот на Г7 во Пуља, Италија.

Шолц, исто така, рече дека од Германија веќе е доставен нов пакет воена помош во вредност од 600 милиони евра во Украина, кој вклучува петти систем за воздушна одбрана Iris-T SLM, борбени возила на пешадија, тенкови, хаубици, муниција и беспилотни летала.

Тој рече дека Украина и во иднина може да смета на германската поддршка и нагласи дека Германија и пружила на Украина најголема воена поддршка од сите европски земји.

Шолц, исто така, ја истакна финансиската и економската помош дадена на Украина од страна на Г7 и Европската унија.

Тој нагласи дека Германија нема да дозволи Русија да ги диктира условите за мир и дека мирот во Украина „може да се постигне само врз основа на меѓународното право“, пренесува Укринформ.

Шолц истакна дека рускиот претседател Владимир Путин треба да биде присутен на следниот мировен самит во Швајцарија во јуни.

Зеленски и се заблагодари на Германија за помошта, особено за обезбедувањето системи за противвоздушна одбрана.

Ова е четврта посета на Зеленски на Германија од почетокот на 2024 година.

притисни ентер