Масовна тепачка на Албанци и Романци на скелињата на стадионот „Ноу камп“ (ВИДЕО)

Работите на познатиот стадион „Ноу Камп“ се одвиваат во посакуваната насока и во моментов околу 1750 од нив се грижат еден од најголемите стадиони во светот да добие нов, модерен изглед.

Реновираниот објакт треба да прими 105.000 гледачи и сите во Барселона го чекаат денот кога се ќе биде завршен за повторно да се слеваат пари во клупската каса.

Малку неверојатната вест на популарниот весник „Марка“за тепачка на повеќе од 20 работници со шипки, а конфликтот почнал на самата градба, а сѐ изгледало крајно опасно.

Околу 14 часот и 30 минути вчера, како што јави новинарката Ана Пунси, а потврди и „Марка“, дваесетина работници кои го остваруваат сонот на Барса започнале хаотичен конфликт.

Причините за тепачката се уште не се познати, но тие влегле во тепачка која завршила со тепање со шипки. Од оваа расправија шестмина од нив се повредени. Овој весник потврди дека никој од нив не е во серизна состојба.

Сите работници кои учествувале во тепачката, а според информациите, станува збор за конфликт меѓу Албанци и Романци.

Прашање на Пуцко Петрол до ЈСП

ЈСП на Пуцко Петрол заклучно со 10.10.24 само по главен долг должи 553.213.052 денари со неплатени фактури кои се постари од две години.

Не можевме а да не се запрашаме, дали претпријатието има иднина или Скопјани и студентите и пензионерите ќе останат без јавен превоз. Основано во 1948, Јавното сообраќајно претпријатие, со сигурни чекори ита кон стечај и по се изгледа 2024 е годината кога ЈСП ќе замине во историјата.

Незадоволните граѓани кои чекаат автобус и по 60 минути, но и мислионските долгови во кои тоне претпријтието укажуваат на тоа.

ЈСП само за потрошената нафта досега должи преку 9 милиони евра, како и за плати, приватните превозници, и многу други добавувачи за моторни масла, гуми итн. Дали во следните денови може да се очекува комплетен колапс на ЈСП?

Пуцко петрол

ВЛЕН: Али Ахмети и ДУИ немаат морален кредибилитет да зборуваат за прашањата на Албанците

Али Ахмети и ДУИ немаат морален кредибилитет да зборуваат за прашањата на Албанците. Пролеваат крокодилски солзи поради губење на власта.

Колку повеќе завива Демократската унија за интеграција, толку повеќе се разобличуваат нивните лаги и манипулации, и толку подлабоко паѓаат во стапиците што самите ги поставиле за да ги закопаат своите политички противници.

Прво, аргументот на Али Ахмети за легитимитет е разобличен со фактот дека барем тројца од пратениците на „Европскиот фронт“ не зборуваат албански, и на албанската јавност ѝ се обраќаат на македонски јазик! Во оваа група се поранешниот претседател на Уставниот суд Сали Мурат, милионерот и пратеник Исмаил Јахоски, познат како Пуцко Петрол, и пратеникот Бејџан Иљас.

Второ, Али Ахмети одамна го загуби ексклузивното право да зборува во име на Охридскиот договор. Бидејќи долго време е на власт и за да ја зачува својата фотелја, Ахмети направи стотици отстапки и извитоперувања на основните дефиниции на Охридскиот договор. За време на неговиот 22-годишен мандат, официјализацијата на албанскиот јазик стана предмет на пазарење, децентрализацијата на власта деградираше во банално прашање, додека вниманието се посвети само на збогатувањето на неговите вечни функционери.

Трето, Али Ахмети веќе нема морален кредибилитет да зборува за статусот на поранешните борци на Ослободителната народна армија (ОНА). За жал, за време на сите мандати на Ахмети беа затворани и убивани поранешни борци на ОНА. Неговиот заменик Арбер Адеми беше фатен на дело! Јавноста виде во оптужницата што Арбер ја поднесе против државата поради „бегството од домашен притвор“ на Блерим Рамадани. Покрај тоа, сите влади на Али Ахмети досега редовно доделуваа финансиски средства за социјална поддршка на бранителите. Но, ниту една влада на Али Ахмети досега не го решила статусот на поранешните борци на ОНА.

Четврто, Али Ахмети го вложи својот кредибилитет и моќта на неговата партија за, преку контрола на судството, да го спаси Никола Груевски од затвор. Фактот дека Сашо Мијалков денес е слободен граѓанин, а сите негови казни застареа затоа што ДУИ заедно со Кренар Лога го сменија Кривичниот законик, не бара дополнителен аргумент дека Али Ахмети бил животно заинтересиран и работел на спасување на Груевски и негово враќање како херој од Будимпешта.

Петто, Али Ахмети имаше 22 години време, шест владини мандати, министер за надворешни работи и премиер за да ги реши отворените прашања со соседите и да ја направи Македонија членка на Европската Унија.

Али Ахмети не успеа. Сега е време Али Ахмети да биде опозиција. А приоритетите и политиките на државата, како и нејзините стратешки ориентации, ги определува владата.

Шолц: Нови 1,4 милијарди евра за Украина од пакетот помош

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека земјата и нејзините партнери ќе обезбедат 1,4 милијарди евра од пакетот помош за поддршка на украинските одбранбени напори до крајот на годината.

„До крајот на годината, со поддршка на нашите партнери од Белгија, Данска и Норвешка, ќе испорачаме уште еден пакет (помош) во вредност од 1,4 милијарди евра на Украина“, рече Шолц во Берлин на прес-конференција со украинскиот претседател Володимир. Зеленски, објави Униан.

Во тој пакет, наведе тој, ќе бидат вклучени системот за наведување Ирис-Т, системи за противвоздушна одбрана Скинек, противвоздушни пушки Гепард, самоодна артилерија, оклопни возила, борбени дронови, радари и муниција.

„Ќе ја продолжиме воената поддршка за Украина и следната година, веќе вклучивме четири милијарди евра во нашиот буџет, тоа е директна билатерална воена помош“, рече Солц.

Како што наведе, земјите од Г7 годинава ќе и дадат на Украина дополнителен заем од 50 милијарди евра согласно одлуката на самитот на Г7 во Пуља, Италија.

Шолц, исто така, рече дека од Германија веќе е доставен нов пакет воена помош во вредност од 600 милиони евра во Украина, кој вклучува петти систем за воздушна одбрана Iris-T SLM, борбени возила на пешадија, тенкови, хаубици, муниција и беспилотни летала.

Тој рече дека Украина и во иднина може да смета на германската поддршка и нагласи дека Германија и пружила на Украина најголема воена поддршка од сите европски земји.

Шолц, исто така, ја истакна финансиската и економската помош дадена на Украина од страна на Г7 и Европската унија.

Тој нагласи дека Германија нема да дозволи Русија да ги диктира условите за мир и дека мирот во Украина „може да се постигне само врз основа на меѓународното право“, пренесува Укринформ.

Шолц истакна дека рускиот претседател Владимир Путин треба да биде присутен на следниот мировен самит во Швајцарија во јуни.

Зеленски и се заблагодари на Германија за помошта, особено за обезбедувањето системи за противвоздушна одбрана.

Ова е четврта посета на Зеленски на Германија од почетокот на 2024 година.

притисни ентер