Малолетник уапсен во БиХ, осомничен дека 43 пати лажно пријавил бомби во училиштата

Во Сараево е уапсен малолетник под сомнение дека испратил десетици пријави до училиштата за поставени експлозивни направи.

Откако беше уапсен од припадниците на МУП на КС, малолетникот за кој се сомничи дека од неговата електронска адреса 43 пати лажно пријавил дека во неколку средни и основни училишта биле поставени бомби, е предаден на Обвинителството.

Нему ќе му биде одредена мерка притвор од 24 часа и во тој законски рок надлежниот обвинител треба да одлучи за дополнителни мерки.

Малолетникот се сомничи дека сторил кривични дела загрозување на сигурноста и лажно пријавување.

Извор: Индекс.хр

Перу прогласи еколошка катастрофа по излевање на нафта во океанот (ВИДЕО)

Владата на Перу денеска прогласи еколошка катастрофа во крајбрежната област на северот на земјата, каде што минатиот викенд пратката сурова нафта од државната нафтена компанија се излеа во Тихиот Океан.

Брод кој маневрирал пред да испушти нафта предизвика излевање во саботата на терминалот на перуанската рафинерија Талара во северниот дел на Перу.

Петроперу не откриваат колку сурова нафта се излеала во океанот, но перуанската еколошка организација ОЕФА во првичниот извештај рече дека околу 10.000 квадратни метри вода се контаминирани, а Министерството за животна средина соопшти дека се погодени најмалку седум плажи и локална фауна.

Локалните власти соопштија дека нафтата се излеала врз крајбрежни растенија и загрозени животни како што се раковите. Рибарите, пак, се пожалија дека не можат да работат поради инцидентот.

„Не можеме да одиме на риболов веќе шест дена“, изјави рибарот Мартин Пасос за локалното радио РПП. „Она што се случи во Лобитос е хаос“.


Отишол на работа, се вратил побогат за 30.000 долари: Се шокирав, цело време проверував

Неименуваниот жител на Либертитаун, во американската сојузна држава Мериленд, неодамна отишол на работа, а на пат застанал во продавницата „7-Eleven“.

Нашол ситни пари во џебот и решил да ги потроши на грепки. Избрал Diamond Bingo и по неколку моменти бил побогат за 30.000 долари.

„Дефинитивно бев шокиран. За малку ќе испаднав од возилото. Нон-стоп ја проверував грепката, дури и кога стигнав на работа“, објасни тој.

Кога се вратил дома, лозот и го покажал на баба му, која како 18-годишник го „заразила“ со коцкање, пренесува UPI.com.

„Таа веднаш заплака“, откри тој.

Мажот рече дека ќе ги искористи парите за да го исплати семејниот автомобил и да ги финансира поправките на куќата.

Дедо Мраз од воздух ги израдува децата во позната болница во Рим (ВИДЕО)

Малите пациенти во детската болница Бамбино Гесу во Рим вчера можеа да го видат Дедо Мраз како се спушта низ прозорците.

Опремени со јажиња, карабиниери и прицврстувачи, алпинистите од Италијанската национална организација за планинско и спелеолошко спасување (CNSAS) од регионот Лацио облекоа црвени одела. Откако се закачија на покривот на павилјонот Јован Павле Втори, тие го започнаа своето спуштање, појавувајќи се на прозорците и мавтајќи им на децата внатре.

„Одговарањето на поканата на Одделот за цивилна заштита и Фондацијата на детската болница „Бамбино Гесу“ беше чест. Денешната задача не беше спасувачка мисија, туку нешто сосема друго. Тоа беше можеби најубавата мисија: да се донесе момент на радост кај децата сместени овде“, изјави Алесандро Скиучи од CNSAS за Fanpage.it.

На крајот од спуштањето од павилјонот, Дедо Мразовци од Цивилната заштита и ЦНСАС ја наполнија спасувачката носилка со подароци. Потоа се упатија кон децата во игротеката на Џаниколо.

Околу носилката полна со подароци се собра толпа мали пациенти. За неколку секунди спасувачите почнале да делат пакети кои малите брзо ги однеле. Тоа беше момент на размена на подароци, насмевки и запознавање. "Колку години имаш?" спасителот праша едно мало девојче. „Пет“, одговори таа, покажувајќи го бројот со рацете. После тоа ја отворила дланката, го зела црвеното пакетче и побегнала смеејќи се.

Фабрицио Замбатаро, спасител на CNSAS со многу мисии зад себе, го опиша денот вака: „Ова е еден од најубавите моменти меѓу активностите што ги правиме во текот на годината. Тешко е да се изрази чувството што се појавува кога ќе ги видите тие очи исполнети со радост од децата кои нè поздравуваат низ прозорците, тоа топло чувство совладува секоја пречка и допира до нас на навистина посебен начин.“

притисни ентер