Бијонсе предизвика бес со забрането движење: Очигледно за славните важат други правила (ВИДЕО)

Преносот на настапот на Бијонсе на полувремето во НФЛ во САД предизвика различни реакции на социјалните мрежи откако пејачката покажа забрането движење.

На Божиќ, на полувремето од натпреварите помеѓу Канзас Сити Чифс и Питсбург Стилерс и Балтимор Равенс и Хјустон Тексанс, Бијонсе настапи на сцената на стадионот НРГ во Хјустон. Бијонсе влезе на стадионот на бел коњ облечена во каубојска капа и облека и ги отпеа своите песни 16 Carriages, Blackbird, Levi's Jeans и Texas Hold'Em.

Таа, исто така, ги покани Пост Мелоун и Шабузи на сцената, а ќерката Блу Ајви ѝ се придружи како танчерка. Сепак, нејзиниот настап наиде на различни реакции на интернет откако пејачката блесна забранет симбол за време на песната Texas Hold'Em.

Откако Бијонсе застана на платформата, зад неа се развиори зборот „Bang“, а Бијонсе со палецот, показалецот и средниот прст направи симбол на пиштол. Не помина долго време пред луѓето да се појават на социјалните мрежи за да го кажат своето мислење за ова прашање.

Еден корисник на Твитер рече: „Шоуто на Бијонсе на божиќниот натпревар на Нетфликс ја истакнува привилегијата на славните бидејќи играчите на НФЛ се казнуваат за најобични покажувања на тачдаун. Настапот, прв откако проблемите на нејзиниот сопруг Џеј Зи со законот станаа вест на насловни страници, беше насочен повеќе за контроверзии отколку божиќен дух, комплетно со лажно пукање на семеен настан“, вели еден корисник.

„Изгледа дека самопрогласената кралица на Тексас штотуку докажа дека има еден сет на правила за познатите личности и друг сет на правила за сите други - дури и во нејзиниот роден град“, додаде тој. „Само сакав да истакнам дека Бијонсе го прави симболот на пиштолот кој е забранет во НФЛ и е казнив во играта“, напиша друг корисник.

Извршниот директор на НФЛ, Трој Винсент, претходно зборуваше за правилото, кое резултираше со парична казна од над 10.000 долари на спортистите Десхон Вотсон и Дејвид Њоку. Тој рече: „Нема место за тоа во професионалниот американски фудбал. Размислете каде сме како општество... Мислам дека тоа не е она што го претставуваме и каде сакаме да одиме. Имаме одговорност како професионалните спортисти“.

Комесарот на НФЛ, Роџер Гудел, додаде: „Трој разговараше за тоа со синдикатот, мислам дека минатата недела. Ќе продолжиме да го правиме тоа. Мислиме дека тоа не е соодветно според околностите и испраќа погрешна порака.“

Штипската лабароторија АМБИКОН завршува со мерењата на загаденоста на воздухот во пет општини,

Штипската лабароторија АМБИКОН завршува со мерењата на загаденоста на воздухот во пет општини, проектот продолжува во 2025 година.

Освен многу денови со надминати прагови за квалитет на воздух, крајот на 2024 година го одбележaа и други „краеви“, истакна тимот на лабароторијата АМБИКОН при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) -Штип во денешното писмено соопштени. Информираат и дека по завршување со едногодишните мерења и анализи за квалитет на амбиентниот воздух во пет општини Гостивар, Кавадарци, Куманово, Струга и Струмица, како и на воздухот внатре во градинките и училиштата, сепак ќе има продолжување на проектот, во новата 2025 година.

- Во 2024 година крај на форумите со заедниците каде граѓаните имаа можност активно да учествуваат во избор на конкретни мерки акции за чист воздух во нивната општина; крај на шпекулациите кој го загадува воздухот засновани на научни докази и стручни мерења, се вели во соопштението од лабароторијата АМБИКОН при УГД-Штип.

Посочуваат дека сепак крајот на 2024 година го одбележаа и многу почетоци: нови акции и мерки за чист воздух во сите пет општини кои ќе се реализираат во 2025 година со 50 отсто кофинансирање од самите општини и 50 отсто од проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, којшто го имплементира УНДП со финансиска поддршка на Шведска.

- Нови и ефикасни планови за чист воздух во сите пет општини, нови алатки со конкретни знаења и добри практики за чист воздух од целиот свет кои можеме да ги искористиме и кај нас, нови построги прагови за чист воздух усвоени во Европската Унија, велат тимот на АМБИКОН.

Тошковски: Зачуден сум зошто ЈО не побара притвор за поранешниот директор на ЕСМ

Министерот за внтарешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека е вчудоневиден што не е побарана мерка притвор за поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски кој е недостапен за органите на прогонот, а е осомничен за проневера на 6,5 мил. евра.

- Од наша страна се преземени сите потребни дејствија во насока на информирање на Јавното обвинителство. ЈО е известено и писмено и усно во однос на лицето кое го споменувате, но на жалост, јавниот обвинител кој ја водел постапката во рамки на ОЈО ГОКК оценил дека не треба да бара најстрога мерка согласно одредбите од ЗКП, иако ако мене лично ме прашате, малку сум вчудоневиден како за лице кое е недостапно за органите на прогон, а е вклучено во рамки на криминал првично на околу 6,5 милиони евра, ЈО не побара таква мерка само за тоа лице. Инаку, другите сите кои беа поранешни функционери се моментално во притвор, рече Тошковски.

Во однос на случајот со Државната лотарија, министерот потврди дека МВР ќе ја прошири истрагата, бидејќи постојат индиции за повеќе сторени криминали и основани сомненија за конкретни кривични дела кои го оштетиле буџетот на компанијата.

- Во однос на предметното правно лице постојат повеќе индиции за сторени криминали, постојат основи на сомнение многу и исто така многу основани сомненија за конкретни кривични дела коишто го оштетиле буџетот, така што ќе следи јавноста во иднина, ќе ја информираме соодветно во момент кога ќе можеме да ги обзнаниме информациите за јавноста, рече тој.

За инцидентот на Денот на албанското знаме, Тошковски информираше дека Одделот за внатрешна контрола не утврдил дека полицаецот од Куманово, кој го симнал албанското знаме, прекршил било каква стандардна процедура на МВР.

- Беше отворена истрага во однос на предметното лице од страна на Одделот за внатрешна контрола и во рамки на утврдените дејствија коишто се сторени од страна на предметното лице не е утврдено дека истиот прекршил било каква стандардна процедура во рамки на МВР колку што сум информиран. Подетално може да видиме што е како е понатаму, посочи министерот.

Зајкова: ЛДП ќе продолжи да се бори за носење решенија кои вистински ги решаваат проблемите

ЛДП ќе продолжи да се бори за носење на законски решенија кои вистински ги решаваат проблемите на граѓаните.

Правилното функционирање на судската власт не е од важност само за судиите, адвокатите и обвинителите, туку и за сите граѓани, бидејќи гарантира остварување на правото на праведен и транспарентен начин. Секојдневно сме сведоци на недостаток од независност на судската власт, недостиг на ресурси, влијанија од политиката и континуирано ниска доверба на граѓаните во институциите.

На панел дискусијата „Од теорија до пракса: Како функционира правосудството во Македонија?“, организирана од Либералниот институт Скопје вчера во хотелот „Александар Палас“, присутните говорници се осврнаа на секојдневните предизвици во правосудството и дискутираа како до можни решенија за истите.

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, истакна дека е горда затоа што не поддржала измени на Кривичниот законик кои не ги решаваат вистинските проблеми.

“Иако предложивме измени по примерот на Хрватска за зголемување на релативниот и апсолутниот рок за застареност, овој предлог не наиде на поддршка во Собранието. Но и јас и ЛДП ќе продолжиме да се бориме за исправни законски решенија и повторно ќе ги иницираме овие измени. Апелирам до сите пратеници да дадат поддршка за овие важни измени“, посочи претседателката на ЛДП, Зајкова.

Таа додава дека праксата во Македонија покажува дека наместо одење напред, се движиме наназад. Според Зајкова, токму тоа е причината за поднесувањето на предлог измени на кривичниот законик во делот на застареноста, со цел системски да се реши сторителите да одговараат за делата, наместо предметите да се чуваат во фиоки и делата да застаруваат.

Адвокатот Јанаки Митровски, пак, го посочи поистоветувањето на обвинителите со судиите како сериозен проблем и истакна дека интегритетот на судиите е клучен за функционирање на правниот систем. Митровски изрази критика до Академијата за судии и обвинители поради создавање на нецелисходни врски кои го загрозуваат објективитетот на судиите.

„Академијата за судии и обвинители е одлична идеја, но таа создава проблем во однос на објективноста. Замислете, судиите и обвинителите ја посетуваат академијата заедно, градат врски и пријателства кои на крајот се на штета на правниот систем, но и на правата на обвинетите“, појасни адвокатот Митровски.

Експертот од областа на кривичното право, Зоран Петковиќ, повика на законски измени на Кривичниот законик и усогласување со законодавството на ЕУ, особено со правните системи на Германија и Австрија.

„Апелираме, исто така, на што побрзо враќање на старата одредба за висината на казната за кривичното дело злоупотреба на службена должност и несовесно работење во службата, со што ќе се оневозможи застарување на овие кривични дела и ќе се обезбеди ефикасна правна заштита“, заклучи експертот Петковиќ.

Панел дискусијата беше модерирана од новинарката Славица Арсова Спасовски, додаде дека сите теми кои беа дискутирани на панел дискусијата се особено важни за подобрување на судската власт и правосудниот систем во Македонија.

Либерално-демократска партија

притисни ентер