Отишол на работа, се вратил побогат за 30.000 долари: Се шокирав, цело време проверував

Неименуваниот жител на Либертитаун, во американската сојузна држава Мериленд, неодамна отишол на работа, а на пат застанал во продавницата „7-Eleven“.

Нашол ситни пари во џебот и решил да ги потроши на грепки. Избрал Diamond Bingo и по неколку моменти бил побогат за 30.000 долари.

„Дефинитивно бев шокиран. За малку ќе испаднав од возилото. Нон-стоп ја проверував грепката, дури и кога стигнав на работа“, објасни тој.

Кога се вратил дома, лозот и го покажал на баба му, која како 18-годишник го „заразила“ со коцкање, пренесува UPI.com.

„Таа веднаш заплака“, откри тој.

Мажот рече дека ќе ги искористи парите за да го исплати семејниот автомобил и да ги финансира поправките на куќата.

Нема притвор за екс директорот на ЕСМ Ковачевски за случајот „Адитив“

Се уште нема официјалнна информација каде се наоѓа поранешниот директор на Електрани Македонија Васко Ковачевски, осомничен во случајот Адитив.

За него Обвинителството предложи мерки на претпазливост – одземање на пасошот и повремено јавување во Судот, но за него нема потерница. Министерот за внатрешни Панче Тошковски како што рече е вчудовиден што обвинителството не барало притвор и за него, прашан околу тоа дали МВР го известило Обвинителството Ковачевски е недостапен за органите на прогонот.

-Од наша страна се преземени сите дејствија за информирање на јавното обвинителство, известено е писмено и усмено за лицето. Јавниот обвинител од ОЈО-ГОКК сметал дека не треба да бара таква мерка согласно одредбите од ЗКП. Иако мене ако ме прашате лично, малку сум вчудоневиден, како лице за кое се сомневаме дека е вклучен во криминал д околу 6,5 милиони евра, само за тоа лице – Обвинителството не побара најстрога мерка. Јавното обвинителство имало право, а и ако ме прашате мене – морало, да побара притвор. Зошто не го сториле не знам. Судот не можел да изрече најстрога мерка, ако не било побарано. – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи

И за случајот Државна лотарија откако во рамки на истрагата вчера беше сопственикот на кумановската компанија „Ритрон копи“, Тошковски вели дека се истражуваат и други сомненија за сторен криминал. Тој денеска ги презентираше резултатите за сработеното на МВР откако е на министерската позиција. Тошковски зборуваше за спроведените полициски акции и идни проекти, а поддршка за полицијата даде и премиерот Мицкоски.

-Начекавме хаос. Ситуацијата беше на работ на колапс, но со натчовечко залагање на сите вклучени успеавме да воведеме ред во издавањето личните документи. Никогаш повеќе македонскиот граѓанин нема да биде понижуван со бескрајни редици и изгубени часови. Воведовме одржливи решенија преку дигитализација и автоматизација на процесите. – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи

-Она коешто е важна порака е дека никој не треба да биде над законот и Уставот и не смее да биде над законот и Уставот. Поминаа времињата како до сега. Треба да се бориме против сите оние корумпирани елементи во општеството и ќе се бориме. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада

На презентацијата присуствуваше и државниот обвинител Љупчо Коцевски како и директорот на АНБ Бојан Христовски, а по завршувањето на настанот беа презентирани и реквизити што ги користи полицијата.

Стипендии од амбасадата на НР Кина за студенти на УКЛО-Битола

Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во соработка со Амбасадата на НР Кина во Скопје обезбеди 40 награди, стипендии во висина на едногодишна уписнина за редовни студенти на прв циклус студии.

Од секторот за односи со јавност на УКЛО информираа дека наградите се во износ од 12.600 денари и ќе се доделат во три категории, односно награда за највисок успех во студирањето, најдобри трудови и категорија за извонредност во студирањето.

-Категоријата највисок успех во студирањето е за студенти запишани во академските 2022/23, 2023/2024 година и притоа ќе се доделат 22 стипендии по две на секоја универзитетска единица. За оваа категорија, селекција на најдобрите ќе извршат самите единици согласно нивната евиденција. За категоријата најдобри трудови на годишната студентска конференција, како и за категоријата извонредност во студирањето може да конкурираат сите студенти на прв циклус студии. Постигнатиот успех ќе се анализира врз основа на успехот во студирањето, учеството во воннаставни активности како и учество во проектните активности на Европска универзитетска алијанса КОЛОРС, информираа од УКЛО-Битола.

Рангирањето во третата категорија ќе го врши комисија во која членуваат проректорите Јасмина Буневска Талевска и Цветко Андрески, академскиот раководител на УКЛО КОЛОРС Рената Петревска Нечкоска, и два претставника на студентите, односно претседателот на Универзитетскиот студентски сојуз Димитар Атанасовски и студентскиот правобранител Стојанка Ќупчева.

Русите се огласија за падот на патнички авион во Казахстан!!

Русите се огласија за падот на патнички авион во Казахстан- Еве кон кого вперуваат прст!

По повод падот на азербејџанскиот патнички авион кој леташе кон главниот град на Чеченија, ссе огласија официјалните власти на Русија.

Авионот „Ембраер Е190АР, кој подоцна се урна во близина на Актау, не можеше да слета во Чеченија поради густата магла и нападите на украинските терористички беспилотни летала“, изјави шефот на руските воздухопловни сили.

Инаку, патничкиот авион на „Азербејџан ерлајнс“ се урна во близина на аеродромот во Казахстан.

Авионот „Ембраер 190“ полета од Баку, главниот град на Азербејџан и се упати кон Грозни во Чеченија. Некаде над Каспиското Море, пилотот пријавил во контролата на летање дека GPS сигналот е изгубен и дека има проблеми со леталото.

Авионот се урна во градот Актау, Казахстан, каде пилотот се обидел принудно да слета. Првите информации укажуваа дека летот е пренасочен кон Казахстан поради густата магла на аеродромот во Грозни, но и дека постојат сомнежи дека авионот удрил во јато птици, што наводно довело до трагедијата.

притисни ентер