Не стивнуваат реакциите низ Европа по средбата на Фицо со Путин: Ова смрди на предавство

Словачкиот премиер Роберт Фицо привлече бурни реакции од цела Европа и од својот народ по неговата ненадејна посета на Москва и разговорите лице в лице со рускиот претседател Владимир Путин во неделата.

Роберт Фицо е третиот лидер на ЕУ што го посетил Путин во Москва откако рускиот лидер нареди инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Кремљ соопшти дека двајцата лидери разговарале за „меѓународната ситуација“ и испораките на руски природен гас.

Рускиот природен гас продолжува да тече низ Украина и во некои други европски земји, вклучително и Словачка, според петгодишниот договор потпишан пред војната кој истекува на крајот на годината.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им рече на лидерите на ЕУ минатата недела дека Украина нема намера да го обнови договорот, за кој Фицо инсистираше дека ќе ѝ наштети на Словачка и нејзините интереси.

Тој рече дека неговата посета на Москва е реакција на изјавата на Зеленски и дека Путин му рекол дека Русија се уште е подготвена да испорача гас на Западот.

Во главниот град на Словачка, Братислава, луѓето излегоа на улиците да протестираат по средбата меѓу Фицо и Путин. Тие носеа транспаренти за поддршка на Украина, како и неласкави претстави за Фицо.

Едниот гласеше „Смрди на предавство“.

Зеленски рече дека „неподготвеноста“ на Фицо да го замени рускиот гас е „големо безбедносно прашање“ за Европа и ги доведе во прашање потенцијалните финансиски стимулации што му се нудат на словачкиот лидер.

„Зошто овој лидер е толку зависен од Москва? За што е платен и за што плаќа Зеленски.“

Во своето доцна вечерно обраќање во понеделникот, Зеленски рече дека Фицо добил понуда за компензација за загубите од договорот за транзит што истекува, но дека „не сака компензација за Словаците“.

Во соопштението, украинското Министерство за надворешни работи наведува дека „слабоста, зависноста и кусогледоста“ на енергетската политика на Фицо претставува „закана за цела Европа“.

„Упорните обиди на словачкиот лидер да ја задржи енергетската зависност од Москва се изненадувачки и претставуваат срамна политика на смирување“, додаде украинското министерство.

Чешката влада, исто така, го критикуваше патувањето на Фицо во Москва, укажувајќи на сопствената одлука да се одвикне од руската енергија.

„Чешката влада беше таа што обезбеди независност од руските енергетски испораки за да не мора да се прикриваме пред масовен убиец“, рече чешкиот министер за надворешни работи Јан Липевски.

Нацков: Градско станува добро место за живеење за сите категории на граѓани

Ви го преставувам и промовирам транспарентното работење на Општина Градско за мојата работа и работата на Советот на Општината за период од 2021-2024 година.

Согласно динамиката што ја зацртавме и предложивме во предизборната програма ќе Ви ја набројам вкупната дејност на тригодишните активности на Општината.

Направени се конкретни дела во интерес на жителите на Општина Градско. Со непосредни средби се избрани приоритетите, креирани програмите, изнесени потребите, проблемите и визиите за развојот на Градско. Станува збор за проекти којшто се основни и се предуслов за идниот развој на самата општина.

За три години се трудевме да инвестираме во сите населени места и успеавме да направиме една листа на проекти. И тоа:

- Прв приоритет беа децата и грижата за нив. За сите дечиња од предучилишна возраст, засега околу педесетина, општината обезбедува бесплатен престој во Детската градинка. За сите првачиња општина Градско обезбедува ранци и училишен прибор, за среќен и успешен почеток на самата учебна година. Општина Градско веќе втора година по ред обезбедува бесплатен оброк за сите деца од прво до петто одделение. Исто така се доделуваат и стипендии за најталентираните ученици и студенти.

- Континуирано се грижиме за развојот на образовниот процес со креирање на услови преку обезбедување на квалитетни капацитети и опремување на училиштата и училишните кабинети.

- Развојот на спортот е важна компонента особено во животот на младите и создавањето кај нив здрави навики. Но за да се развива спортот неопходно е за тоа да се создадат и услови. Изминатите години општина Градско вложуваше во модернизација на отворените спортските терени, но и на училишните спортски терени во Градско, Виничани, Ногаевци и Водоврати со поставување на тартан подлога и обновување на спортските комплекси.

- Од големо значење е хортикултурното уредување на урбаните средини за сите категории граѓани, особено за најмладите. Од тие причини хортикултурно се уредуваше и се реконструираше детскиот забавен парк во Градско. Но, и просторот на детското игралиште во нас. Стопанството во Градско се оплеменети со реквизити за деца од различни возрасти, a во овој период се уредува и детски забавен парк и ќе се поставува урбана опрема и во Долно Градско.

- И како што младите се население на коешто му е неопходна нашата поддршка за да се насочи, да се образува и да го гради своето родно место, така на старите, пензионерите што ни ја оставија традицијата, културата и основата врз којашто ја градиме својата општина им должиме почит, внимание и безгрижни пензионерски денови. За нив Општина Градско обезбедува превоз за екскурзии. Истото го прави за хуманите луѓе, крводарителите, спортистите, лицата со попречености и членовите на граѓанските организации коишто се промотори на самата општина.

- Да се сака безусловно своето родно место, просторот, реките и природата значи постојано да се надоградува, да се развива и да се создава за да се има историска трага во нашето време. Затоа:

- Во изминатиот период се работеше на подобрување на водоснабдувањето како на урбаните средини, така и на земјоделските површини.

- Во областа на урбанизмот интензивно се работеше и се работи за изградба и реконструкција на улици и патиштата во сите населени места во општината.

Изградивме патишта во должина од 3640 метри, Локалниот пат од село Чичево, Локалниот пат до Манастир Св.Архангел Михаил, локалниот пат до село Виничани (заедно со уличното осветлување) и Обиколницата.

Изградивме улица во должина од 4342 метри и тоа: 7 улици во Градско, 3 улици во Ногаевци, 2 улици во селото Виничани, како и 1 во Водоврати и во Долно Градско или севкупно околу 8 километри асфалтен пат за 3 години.

- За подобрување на урбаната слика на населбата Градско се изврши модернизација на централното подрачје. Се постави нова урбана опрема, фонтана, канделабри и хортикултурно уредување. За да се завршат сите потребни реконструкции беше отстранет споменикот на нашиот прерано загинат сограѓанин Златко Владов, а на истото место ја откривме бистата со неговиот лик. Со ова уште еднаш докажавме дека Општината подеднакво се грижи за сите свои жители.

- На задоволство на сите нас, Општина Градско е 7-ма најтранспарентна општина во Македонија односно 7-ма најтранспарентна институција во Република Македонија. Транспарентноста е клучен камен - темелник на активностите на локалната власт во Општина Градско. Со цел жителите да добијат поголем пристап од повеќе информации за работата на локалната самоуправа, работата на Советот се овозможува поголема можност граѓаните да се вклучат во самиот процес на носење на нивните одлуки.

- Не помалку значајни се проектите од културата и спортот. Оние кои ги кренаа на нозе сите жители и направија достојна афирмација на нашиот крај. Дел од нив имаа и меѓуопштинска, а дел и меѓународна димензија. Најуспешни и најмасовни беа: Фолклоријадата, Кошаркарскиот турнир 3х3 и обележување на Патронатот на општината, како и Павловден. Ќе го потенцирам она што во моментов е актуелно – интензивно градење на црквата Св. Апостол Павле. Очекувам следниот Павловден храмот веќе да биде отворен за верниците. Им благодарам на донаторите и поддржувачите, на добротворите кои помагаат овој храм да го оплемени Градско.

И како и секогаш заедно, сплотени во реализацијата и напорите да го направиме Градско поубаво место за живеење, јас сум тука за жителите на општина Градско и ветувам дека Градско ќе биде добро место за живеење, посакувана дестинација за посета и стабилна локација за инвестиции.

Киро Нацков, градоначалник на општина Градско

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Зеленски: Украина и испрати на Сирија 500 метрички тони пченично брашно

Украина, големиот светски производител и извозник на житарки и маслодајни семиња, ја испрати првата серија помош во храна во Сирија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој рече дека 500 метрички тони пченично брашно се на пат за Сирија како дел од хуманитарната иницијатива „Жито од Украина“ во соработка со Киев и Светската програма за храна на Обединетите нации.

Зеленски истакна дека во наредните недели се планира пченично брашно да биде поделено на 33.250 семејства, односно 167.000 луѓе.

притисни ентер