Перу прогласи еколошка катастрофа по излевање на нафта во океанот (ВИДЕО)

Владата на Перу денеска прогласи еколошка катастрофа во крајбрежната област на северот на земјата, каде што минатиот викенд пратката сурова нафта од државната нафтена компанија се излеа во Тихиот Океан.

Брод кој маневрирал пред да испушти нафта предизвика излевање во саботата на терминалот на перуанската рафинерија Талара во северниот дел на Перу.

Петроперу не откриваат колку сурова нафта се излеала во океанот, но перуанската еколошка организација ОЕФА во првичниот извештај рече дека околу 10.000 квадратни метри вода се контаминирани, а Министерството за животна средина соопшти дека се погодени најмалку седум плажи и локална фауна.

Локалните власти соопштија дека нафтата се излеала врз крајбрежни растенија и загрозени животни како што се раковите. Рибарите, пак, се пожалија дека не можат да работат поради инцидентот.

„Не можеме да одиме на риболов веќе шест дена“, изјави рибарот Мартин Пасос за локалното радио РПП. „Она што се случи во Лобитос е хаос“.


Русите се огласија за падот на патнички авион во Казахстан!!

Русите се огласија за падот на патнички авион во Казахстан- Еве кон кого вперуваат прст!

По повод падот на азербејџанскиот патнички авион кој леташе кон главниот град на Чеченија, ссе огласија официјалните власти на Русија.

Авионот „Ембраер Е190АР, кој подоцна се урна во близина на Актау, не можеше да слета во Чеченија поради густата магла и нападите на украинските терористички беспилотни летала“, изјави шефот на руските воздухопловни сили.

Инаку, патничкиот авион на „Азербејџан ерлајнс“ се урна во близина на аеродромот во Казахстан.

Авионот „Ембраер 190“ полета од Баку, главниот град на Азербејџан и се упати кон Грозни во Чеченија. Некаде над Каспиското Море, пилотот пријавил во контролата на летање дека GPS сигналот е изгубен и дека има проблеми со леталото.

Авионот се урна во градот Актау, Казахстан, каде пилотот се обидел принудно да слета. Првите информации укажуваа дека летот е пренасочен кон Казахстан поради густата магла на аеродромот во Грозни, но и дека постојат сомнежи дека авионот удрил во јато птици, што наводно довело до трагедијата.

МЗ: Сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска и антидијабетична терапија

Од Министерството за здравство велат дека сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска и антидијабетична терапија откако денеска од Сојузот на здруженија на дијабетичари изразија незадоволство од буџетот за 2025 година за инсулинска терапија.

- Потенцираме дека сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска и антидијабетична терапија. Исто така, со новата двегодишна јавна набавка ќе биде обезбедена најсовремена здравствена терапија. Во соработка со надлежните институции, континуирано се прават напори за обезбедување дополнителни средства за медицински помагала за пациентите со дијабетес, се вели во соопштението до јавноста.

Од ресорното Министерство посочуваат дека согласно воспоставената практика, претставници од Сојузот на здруженија за дијабетес биле консултирани за тековните предизвици со што се соочуваат пациентите.

Собранието го донесе Законот за стручно образование и обука

Во Собранието попладнево во рамки на 28-та седница беше донесен Законот за стручно образование и обука. 

Во расправата изглагање имаше само пратеникот Сали Мурати од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, кое е дел од коалицијата Европски фронт. Тој побара да биде одложено носењето на овој закон додека не помине основниот Предлог-закон за средно образование, кој Владата како предлагач го повлече од собраниска процедура минатата недела, затоа што, според Мурати „овој закон ги повторува и дополнително ги продлабочува истите грешки“.

Како што рече, во законот има „клучни проблеми“, меѓу кои ги наведе објавувањето огласи само на македонски јазик и, како што рече, „дискриминаторскиот задолжителен услов“ директор на училиште да знае странски јазик. Праша дали е тоа поважно од раководителските вештини, особено кога се работи за рурални средини „каде нема таков човек, а е способен да управува со училиштето“.

- Особено е загрижувачки и отсуството на механизам и немањето ни денар за програми за меѓуетничка интеграција што би ги зближило децата наместо да живеат во паралелни светови, рече Мурати.

На тврдењата на Мурати дека со овој и со другите предложени закони од образованието се повредуваат јазичните права на етничките заедници во државава, му реплицираше пратеникот Малиша Станковиќ од Социјалистичка партија на Македонија. Тој го праша Мурати зошто не се однесува како министерот во германската влада со турско потекло Џем Оздемир кого, рече, „никогаш нема да го слушнете да зборува на еднонационални теми како што вие зборувате во Собранието“.

При второто гласање на законот, од пратеници кои припаѓаат на етнички заедници кои не се мнозинство, „против“ беа 12, а поддршка на законот дадоа 13 пратеници.

Пред пратениците следен е Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование, во второ читање. Пред да почне расправата по овој предлог, потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски даде еден час пауза (до 15.15 часот) на барање на пратеничката Арбана Пашоли од ДУИ заради консултации и координирање во Пратеничката група на коалицијата Европски фронт.

Покрај овие два закона, од областа на образованието во рамки на 28-та седница се и Предлог-закон за Националната рамка на квалификации, Дополнетиот предлог на закон за учебници во основно и средно образование и Дополнетиот предлог на закон за образование на возрасните, сите во второ читање.

На 28-та собраниска седница попладнево, покрај Законот за средно стручно образование и обука, беше донесена и одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател, членови и заменици членови на Советот на Собранискиот канал.

притисни ентер