Хорнер: Верстапен понекогаш може да биде жесток, но тој е страстен за својата работа

Директорот на Ред Бул, Хорнер зборуваше за стабилизација на односите во тимот.

Тој истакна дека Макс Верстапен и неговиот инженер за трка, Џанпјеро Ламбијасе, заедно со остатокот од тимот, ги решиле сите недоразбирања што настанаа на Големата награда на Унгарија.

Во Будимпешта, преку тимското радио настана жестока вербална комуникација меѓу возачот и луѓето во боксот.

- Со Макс работиме веќе осум години. Знаеме дека понекогаш може да биде брз на јазик. Го обземаат емоциите и е страстен за својата работа. Кога е вознемирен понекогаш му излетуваат такви изрази. Сигурен сум дека ако им ставите микрофони на играчите од англиската Премиер лига, ќе слушнете дека и тие слично реагираат. Проблемот со нашиот спорт е што сега микрофоните се постојано вклучени. Јасно е дека не е секогаш пријатно да се слушаат тркачите, но тие се само многу страсни за она што го прават, изјави Хорнер.

Утре на Спа ќе се вози трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Белгија.

Човек тврди дека девет години непотребно примал хемотерапија:Таа дијагноза ми го смени животот

Медиумите пишуваат за Е.Олсон, кој тврди дека примал хемотерапија девет години, бидејќи по грешка му бил дијагностициран миелодиспластичен синдром (МДС).

Тој ја добил мрачната дијагноза во 2011 година во болница во Монтана (САД). Тогаш лекарот, како што тврди, му рекол дека ќе биде „мртов пред крајот на годината“ доколку не започне со лекување.

„Таа дијагноза ми го промени текот на животот“, вели Олсон, кој денес има 47 години.

Тој наведува дека лекарот побарал две биопсии на коскена срцевина, од кои на првата „се покажале знаци на МДС“. Втората, направена 10 месеци подоцна, била „чиста“.

И покрај позитивниот резултат од втората биопсија, тој бил подложен на третман - и така девет години, рече тој.

Тој тврди дека лекарот му рекол да ги „игнорира резултатите од втората биопсија“ и дека тоа е знак дека „лекувањето е ефикасно“, пренесува Унилад.

На убедување на специјалистот кој го придружувал Олсон за време на процедурата за дијализа, човекот побарал второ мислење. Тогаш приказната добила драматичен пресврт.

Кога медиумите го контактирале докторот од Монтана и го прашале за негативниот резултат од биопсијата, тој одговорил: „Тоа не значи дека болеста не постоела, туку дека лекувањето било успешно. Тоа не значи дека на почетокот не бил болен“.

Оттогаш болницата повторно го тестирала оригиналниот примерок и утврдила дека Ослон никогаш немал МДС, пренесува ProPublica.

Олсон не ја прифатил ситуацијата. Прво го прекинал лекувањето во 2021 година, а потоа ја тужел болницата. Сѐ завршило со исплата на непозната сума надвор од судницата.

Не мирувал ниту лекарот на Олсон, кој во меѓувреме добил отказ. Тој ја тужел болницата за клевета и, како што смета, незаконски прекин на работниот однос.

Судот во Монтана ја отфрлил тужбата, но поднел жалба. Од 20 декември годинава жалбата е во тек пред државниот Врховен суд.

Нарачал куќа преку Амазон, му стигнал огромен пакет- милиони гледаат како ја отпакува (ВИДЕО)

Најмалку 22 милиони луѓе од целиот свет со неверување го гледаа човекот кој нарачал монтажна куќа на Интернет?!

Во неговиот двор била доставена висока, тесна кутија, која ја отворил како и секој друг пакет, а потоа заедно со двајца пријатели веднаш ја одвиткале.

Ја нарачал преку Амазон, а двајцата пријатели со неверување гледале како тесниот пакет се претвора во куќа. Додека се составуваа соба по соба, двајцата извикуваа со задоволство дека има бања, туш и вистински тоалет.

@unspeakable_fanytb I Bought A House On Amazon! - Part 1 - #unspeakable #challenge #legohouse #amazonfinds #amazonhouse #amazonhaul #amazonhome #mustwatch #fyp #fypシ ♬ original sound - Unspeakable Fans

Видеото од ова веројатно најлудо распакување во историјата на социјалните мрежи привлече големо внимание кај луѓето кои можеби ќе посакаат нешто слично во својот двор, но веројатно имало повеќе луѓе кои не верувале дека можете да нарачате цела куќа преку Интернет и да ви биде доставена на вашата адреса.

Коментарите постојано доаѓаат, а голема публика се интересираше и како изгледа сето тоа внатре.

Научниците со страшно предвидување: Најголемиот глечер ќе се распадне за еден месец

Научниците прогнозираат дека најголемиот глечер во светот, познат како А23а, ќе се распадне во рок од еден месец, откако се ослободил и тргнал кон север бидејќи една година бил заробен во океанот поради вртлог, објавија медиумите.

Научникот од тимот за поларни океани на Британскиот институт за Антарктик, Ендрју Мејерс, изјави дека глечерот се движи кон север и ќе наиде на потопли води, што ќе го забрза процесот на топење на мразот, јавува Anadolu Agency.

„Тоа значително ќе го забрза топењето бидејќи температурата на водата во океанот се зголемува како што јужната хемисфера влегува во лето. Претходно познатите гигантски глечери се распаднаа на помали парчиња некаде во близина на Јужна Џорџија, од каде што овој глечер е околу еден месец“, рече тој.

Мејерс додаде дека не е невообичаено глечерите да стигнат многу подалеку на север, па дури и да се приближат до Јужна Африка.

Глечерот А23а има површина од 3.800 квадратни километри и е дебел 400 метри.

Овој глечер се откинал и се ослободил на Антарктикот во 1986 година, иако набрзо повторно се заглавил во близина на брегот.

Поради својата дебелина, ледениот брег се заглавил на дното на Веделското Море, кое е дел од Јужниот Океан, каде што останал неподвижен повеќе од 30 години.

Глечерот повторно почна да се движи кон север во 2020 година, но повторно е заглавен од пролетта оваа година кога беше фатен во вртлог во близина на Јужните Оркнејски Острови.

притисни ентер