Децата на вработените и советниците во Општина Ѓорче Петров денеска добија новогодишен подарок од општината – изведба на преубавата божиќна претстава „12 божиќни денови“ на МНТ, како и новогодишни пакетчиња во пресрет на празничните денови.
Пакетчињата им ги подели лично Дедо Мраз, а тие му ги кажаа своите најискрени желби за следната година. Сите заедно, со многу позитивна енергија, го поздравија новогодишниот момент, надевајќи се дека 2025-тата година ќе биде година исполнета со успех, здравје и многу магија.
На настанот се обрати градоначалникот Александар Стојкоски кој им посака на сите присутни да ја започнат новата година со насмевки и радост, здрави, среќни и весели.
-Секогаш ми е големо задоволство да поминувам моменти со децата – тие се малите ѕвезди кои сјаат со својата неисцрпна енергија, чиста радост и искрена љубов - рече Стојкоски.
Во оваа празнична сезона, нагласи, на сите ви посакувам многу среќа, љубов и топлина.
-Нека новогодишните денови бидат исполнети со незаборавни моменти. Среќни и благословени празници – додаде градоначалникот Стојкоски.
Општина Ѓорче Петров