Иако за време на настапот се пресоблече неколку пати, а во еден момент ја соблече и кошулата, Ашер цело време носеше ракавици.
Има различни теории зошто ги носел, а неговите обожаватели веруваат дека има посебна причина за тоа. Имено, во пресрет на својот настап на Супер Боул, Ашер им откри на фановите што можат да очекуваат од неговиот настап.
„Размислувам што преттавуваше нашата земја за црните уметници. Тие во некој момент морале да поминат низ кујните за да може воопшто да настапат пред публика, но мораа да се вратат низ истата таа врата и да одат во друга земја за да го направат истото“, рече тој.
Поради таа изјава, фановите се убедени дека Ашер ги носеше ракавиците како почит кон Мајкл Џексон. Пејачот за време на настапот смени неколку пара ракавици, а една од нив беше бела и светкава ракавица, слична на онаа што ја носеше Мајкл Џексон.
Покојната поп ѕвезда често излегуваше на сцената носејќи само една бела ракавица, а фановите пишуваа дека Ашер со тоа му оддаде почит на Џексон. Некои дури напишаа како забележале дека Ашер имал слични танцови движења со Џексон за време на неговиот настап.
Инаку, Џексон имаше настап на полувремето на Суперболот во 1993 година и на тој начин ги постави стандардите за оние кои дојдоа по него. Тој настап беше прогласен за еден од најдобрите во историјата на НФЛ.