Должината на прстите открива дали сте психопат

Шок тврдење на еден научник, веднаш погледнете ги своите шаки!

Оваа студија ќе крене многу прашина.

Една контроверзна студија на канадски научници од Квебек се обиде да утврди дали постои биолошка претпоставка за одредени психички проблеми. Тие ја анализирале должината на прстите кај здрави луѓе и кај лица со ментални нарушувања и откриле дека луѓето со подолг домал прст во однос на показалецот имаат поголема веројатност да развијат психички проблем.

Истражувањата покажале дека луѓето со пократок показалец и подолг домал прст имаат поголема веројатност да бидат поврзани со особини од „темната тријада“ и поагресивно однесување. Како што е наведено, карактеристиките на „темната тријада“ се макијавелизам, нарцизам и психопатија.

Исто така, било утврдено дека луѓето кои имаат високи оценки на скалата на „темната тријада“ исто така имаат високи оценки на скалата за ментална цврстина и спортски перформанси, но и во различни видови негативни психосоцијални и психолошки исходи, вклучувајќи манипулација, нечувствителност и бескрупулозност.

Во истражувањето учествувале 80 волонтери - 44 со психички проблеми и 36 здрави лица без дијагностицирани психички состојби.

Анализата на нивните раце потврдила дека во споредба со здравите испитаници, оние со клинички дијагностициран психички проблем имале поголема веројатност да имаат пократок показалец и подолг домал прст.

Од друга страна, еден од авторите на студијата, Серж Бренд, вели дека луѓето со пократок показалец не треба да се вознемируваат бидејќи ова е честа појава.

-Колку повозрасната личност повеќе покажувала знаци на психопатологија, толку било појасно дека била изложена на повисоки концентрации на тестостерон и пониски концентрации на естроген во текот на пренаталниот период од животот - објасни Бренд и додал:

- Важно е да се разбере дека соодносот помеѓу должината на прстите е само показател за специфичната изложеност на пренаталните сексуални стероиди, и не треба да се сфаќа како неотповиклива судбина на една личност, пренесува nypost.com.

Орбан: Војната во Украина не може да се добие со победничкиот план на Зеленски

Војната во Украина не може да се добие со „планот за победа“ предложен од украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Со ова можеме само да загубиме, а Унгарија нема да биде дел од тоа“, изјави Орбан за јавниот сервис Кошут радио.

Орбан истакна дека ЕУ е поделена на две групи по прашањето за војната: „Тука сме ние и останатите“.

„Унгарија на почетокот на војната рече дека нема да учествува во воените напори, додека другите земји на ЕУ се во неа. ЕУ се однесува како воинствена страна“, рече Орбан, додавајќи дека Унгарија на почетокот јасно ставила до знаење дека тоа е погрешна стратегија.

Тој нагласи дека оваа војна не може да се добие и дека преговорите се неопходни. „Сега другите 26 земји од ЕУ зачудено слушаат дека претседателот Зеленски има 'план за победа'. Зошто, што имаше до сега? Тоа што досега го имаа како план испадна дека е план за пораз, а сега тие се обидуваат да го заменат со план за победа“, рече Орбан и повтори дека Унгарија нема да учествува во тоа.

Ред Бул со нови проблеми, мора да го менува болидот во Остин

 Ред Бул потврдија дека ќе мора да направат корекции на нивниот болид пред Американското ГП во Остин, бидејќи тоа од нив беше побарано од ФИА. 

Ова е само продолжение на проблемите со кои се соочува тимот во вториот дел од сезоната, чиј прв возач е Макс Верстапен, трикратен последователен светски шампион и актуелен лидер во шампионатот.

Ривалските тимови ја предупредија ФИА дека Ред Бул има уред во кокпитот со кој може да ја прилагоди висината на подот на болидот. Тие веруваа дека тимот може да направи одредени промени во поставеноста помеѓу квалификациите и трката, што не е дозволено.

-Точно е дека го имаме тој уред, но не може да се користи за време на трката. Ја информиравме ФИА за ова и ни беше кажано дека можеме да го развиеме, велат од Ред Бул.

Светската автомобилска федерација (ФИА) има друга верзија на приказната.

-Не сакаме некој да биде фаворизиран. Не се дозволени какви било промени помеѓу квалификациите и трката. Правилата важат за сите тимови, порачаа оттаму.

Макс Верстапен, асот на Ред Бул, смета дека оваа одлука на ниту еден начин не му штети на неговиот тим.

-Кога прочитав, мислев дека се работи за друг тим, а потоа сфатив дека се работи за нас. Никогаш не разговаравме за тоа на тимските состаноци, бидејќи тој уред не може да се користи кога болидот е подготвен за трка. Сето ова нема да има никакво влијание врз моето возење, изјави Макс.

Свое мислење за целиот случај имаше и неговиот најголем ривал во борбата за титулата, Британецот Ландо Норис.

-Едно е да имаш уред, друга работа е колку го користиш, за што ние немаме поим. Можно е такво нешто да ви помогне да стигнете до десетинки во квалификациите, кои можат да одлучат дали ќе бидете на пол-позицијата или на второто место, истакна возачот на Мекларен.

Тимовите сакаат болидот да биде понизок во квалификациите и повисок за време на самата трка. Во секој случај, оваа предигра ќе ја направи трката во Остин уште поинтересна.

Верстапен е лидер во шампионатот со 52 бода повеќе од Ландо Норис, но Холанѓанецот нема победа од јуни. Остануваат уште шест трки до крајот на оваа сезона, вклучувајќи ја и оваа во Тексас.

И втората анализа на струмички„Комуналец“потврди дека водата за пиење ги задоволува параметрите

И втората анализа на струмички „Комуналец“ потврди дека водата за пиење ги задоволува параметрите за употреба.

И втората анализа на вода направена вчера во Фабриката за вода и три други места низ градот ги задоволува параметрите за употреба за пиење, објави утрово струмичкото комунално претпријатие.

Според објавеното испитување од акредитираната лабараторија „Проанализ“ од Струмица, испитуваната вода за пиење содржи манган во рамките на дозволеното, а и останатите параметри се во рамки на дозволените граници.

Освен од Фабриката за вода, испитувани се примероци од училиштата „Сандо Масев“ и „Димитар Влахов“, како и од Градинката Клон 6.

Инаку, Струмица и шест населени места веќе три недели се без вода за пиење, а од 8 овој месец водата за пиење е забранета за употреба и во Општина Василево, која исто како и Струмица со вода се снабдува од акумулацијата „Турија“.

Од завчера водата за пиење е забранета и во Општина Босилово, а населението се снабдува од канистри.

притисни ентер