УФЦ легенда му го отсекла увото на познат каскадер, причината била бизарна (ВИДЕО)

Познатиот каскадер од емисијата „Џекас“ Стив-О доживеал откачена несреќа кога легендата на УФЦ, Џон Џонс, случајно му отсече дел од увото при обид да му направи „уво на борач“.

Стив-О е огромен обожавател на ММА и често може да се види во првиот ред на настаните на УФЦ. Како професионален каскадер, тој е толку фасциниран од спортот што сакал да има карактеристичното „карфиолово уво“ што го добиваат многу борци во текот на нивните кариери, но без да поминат интензивни тренинзи.

Кога се поврзал со Џон Џонс во 2020 година, тој верувал дека шампионот е идеалната личност што ќе му помогне да го добие тој „борбен“ изглед. Сепак, работите набрзо тргнале наопаку.

Во јуни 2022 година, Стив-О изјавил за подкастот на Даниел Кормиер како тој и Џонс се обидуваат да ја постигнат оваа необична цел. „Бевме во куќата на Џон, а тој ми го стави увото меѓу теговите со лакт“, се сеќава Стив-О. Иако мислеле дека „увото од карфиол“ е постигнато, неколку дена подоцна се покажало дека тоа нема ефект.

После тоа, Стив-О се обидел со друг метод. Џонс му го ставил увото на металната шипка од машината за вежбање и почнал да трга со чекан, користејќи го шампионскиот појас како основа. За жал, наместо посакуваниот резултат, овој експеримент довел до сериозна повреда.

„Ударот со чеканот предизвика цело парче од увото да ми се откине, крв да блика насекаде“, раскажува Стив-О. Завладеала паника, а за да ја санира ситуацијата, Џонс морал да земе ножици и да му отсече дел од увото.

Колку и да звучи неверојатно, Стив-О гордо споделил фотографии и видеа од инцидентот на своите социјални мрежи, додека по инцидентот престанал да се слуша со Џонс. Многумина веруваат дека ова може да се должи на фактот дека борецот на УФЦ бил згрозен од целиот настан или затоа што се подготвувал за своето деби во тешка категорија.

Џон Џонс, еден од најголемите борци на сите времиња, поминал три години надвор од ММА за да се подготви за преселба во тешка категорија. Неговото враќање беше триумфално, бидејќи брзо го победи Сирло Ган на UFC 285 во март 2023 година и стана шампион во две тежини.

Неговата прва одбрана на титулата беше закажана за UFC 295 против Стипе Миочиќ, но повредата го одложи мечот. Сега борбата е презакажана за UFC 309, која ќе се одржи на 16 ноември во Медисон Сквер Гарден. Победникот најверојатно ќе се бори за обединување на титулата против Том Аспинал, актуелниот привремен шампион во тешка категорија.

Иако има шпекулации дека ова би можело да биде последна борба или за Џонс или за Миочиќ, претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, верува дека Џонс ќе остане во игра за да се бори против Англичанецот Аспинал.

Без разлика на исходот, Џон Џонс засекогаш ќе остане запаметен како еден од најголемите ММА борци во историјата на спортот.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема право да зборува за здравството

Морбидно е партијата која ја води човекот во чие време живи гореа пациенти во модуларната болница да зборува за жртви во здравство, сто илјади луѓе изгубија животи во време на корона.

СДС нема право да зборува за здравството, СДС за нивните 7 години власт направи скандали кои граѓаните ги плаќаа со своите животи.

Филипче како министер за здравство, не само што го доведе здравството до колапс туку и профитираше на секој можен начин, и остави зад себе руиниран сектор во кој пациентите умираа по ходниците.

СДС имаше низа скандали, како на пример Онкологија каде најранливите беа оставени без соодветна грижа и измамени.

СДС имаше низа скандали во здравството со матни тендери, заглавување на штипската болница и уништување на Детската кардиохирургија.

Филипче дозволи изградба на модуларни болници без стандарди, а кога трагично изгореа пациенти, тој ја обвини техничката опрема.

Под водство на Филипче, медицински персонал беше фатен во кражба на цитостатици па беше вратен на работа, а болниците останаа без основни лекови. Македонија стана држава со најголема смртност за коронавирусот, додека апарати не се користеа.

СДС за време на пандемијата наместо транспарентност и решенија, го оптовари здравствениот систем со неефикасни протоколи и сомнителни договори за вакцини.

СДС беа неспособни и неодговорни. СДС го претвори здравствениот систем во поле за лична корист, и ги игнорираше последиците врз животите на граѓаните.

Филипче, како сегашен лидер на СДС, ја симболира онаа неказнивост која беше присутна за нивните 7 години.

Наместо да понесе одговорност, тој остана на врвот на СДС, иако како министер ги загрозуваше животите на граѓаните преку коруптивни набавки.

СДС здравството го претвори во систем каде што имаше ниски плати, недоволна мотивација и отсуство на реформи што придонесе масовно иселување на лекарите и медицинскиот персонал.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на враќање на довербата во здравството преку транспарентност и отчетност.

ВМРО-ДПМНЕ ги става граѓаните на прво место, а активно работи на подобрување на условите за работа на здравствените работници.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ активно работи на заздравување на здравствениот систем, а пораката е јасна, дека секој кој го злоупотребил здравството ќе биде ставен под лупа на законот.

Време е за темелна ревизија и правна одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ

Дедо Мразовци со суп даски во Солунскиот залив

Околу 40 членови на Суп клубот од Солун учествуваа на настанот.

Десетици Дедо Мразовци, со кајаци, весла и суп даски, вчера „пловеа“ по Солунскиот залив, во рамките на традиционалниот „SantaSup“, што четврта година по ред се организира во Солун непосредно пред божиќните и новогодишните празници, јави дописничката на МИА од Атина.

Околу 40 членови на Суп клубот од Солун учествуваа на настанот, а тргнаа од објектите на клубот, ја поминаа плажата и веслаа се до плоштадот Аристотелис.

Средствата од „SantaSup“ се наменети за здружение што им помага на лица со аутизам. /MИА

Празничен викенд во Ѓорче Петров – магија, радост и заедништво

Празничната атмосфера оваа година започна токму од општина Ѓорче Петров, носејќи радост, среќа и заедништво за сите генерации. 

Викендот беше исполнет со низа активности кои внесоа празничен дух во секој агол на нашата општина.

Во саботата, караванот „Зимска Бајка“ донесе магична празнична атмосфера во паркот на Ѓорче Петров. Најмладите преку детскиот музички фестивал „Соната“, кој оваа година одбележува значаен јубилеј – 15 години постоење, ги развеселија нашите најмлади жители. Под раководство на Александар Китевски и Розета Дулевска, фестивалот останува симбол на детскиот талент и љубовта кон музиката.

На дечињата во реонскиот парк им беа поделени новогодишни пакетчиња, се сликаа бесплатно со Дедо Мраз, а уживаа и во дружењето со веселите маскоти. Вечерта ја збогати настапот на детскиот хор „Поточиња“.

Музиката од изведувачите ДНК, Огнен Здравковски, Лина Пејовска и Андријана Јаневска ја задржаа весела и празнична енергијата во текот на целиот настан.

Во фокусот на празничниот викенд беа и постарите жители на општината. На сопствена иницијатива, берберите од нашето Ѓорче во неделата организираа бесплатна акција за шишање на пензионери и лица од ранливи категории.

Градоначалникот Александар Стојкоски изрази огромна благодарност до сите кои придонесоа за реализацијата на овој празничен викенд, со посебен акцент на хуманите сограѓани: Мики, Пеко, Нено, Боки, Даме, Спасе, Брицо Малеш, Љупчо и Аце Пекар, кои со својата посветеност покажаа што значи вистинска грижа за заедницата.

Во рамки на подготовките за Бадниковите поворки 2025, беа одржани и детски работилници кои прераснаа во вистинска лекција за љубов, вера и заедништво. Секоја активност, секоја изработена декорација и секој детски глас ја раскажуваше приказната за вредностите кои се негуваат уште од најмала возраст.

„Овие празнични денови покажуваат колку можеме кога сме обединети. Нашето Ѓорче Петров блеска со магијата на заедништвото, љубовта и искрените насмевки на сите генерации. Благодарен сум на секој поединец што придонесе да ја создадеме оваа прекрасна празнична приказна. Ве поканувам и во наредните денови да ја посетите нашата новогодишна елка која блесна во реонскиот парк и да ја споделите празничната магија со вашите најблиски,“ изјави градоначалникот Александар Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров уште еднаш покажа дека празниците се многу повеќе од декорации и светилки – тие се моменти на поврзување, искрени насмевки и создавање спомени кои траат.

притисни ентер