Нетанјаху: Војната може да заврши уште утре доколку Хамас го положи оружјето

 Војната може да заврши уште утре доколку Хамас го положи оружјето и ги врати заложниците.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изјава на англиски јазик го нарече убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, „почеток на крајот“ на војната во Газа.

-Имам едноставна порака до жителите на Газа - оваа војна може да заврши уште утре. Може да заврши доколку Хамас го положи оружјето и ги врати нашите заложници. Израел ќе ја гарантира безбедноста на сите оние кои ќе ги вратат нашите заложници. Ако некој им наштети на заробениците Израел ќе ги лови и ќе ги изведе пред лицето на правдата, рече Нетанјаху.

Израелскиот премиер додаде дека оската на теророт изградена од Иран „се урива пред нашите очи“.

-Владеењето на теророт што го наметна иранскиот режим врз својот народ и народите на Ирак, Сирија, Либан и Јемен ќе заврши, рече Нетанјаху.с

Мицотакис: Политиката на ЕУ во мигрантското прашање се приближи до грчките позиции

 Во овие години, миграциската политика на Европа се промени и многу повеќе се приближи до грчките позиции. Ова, веќе е очигледен заклучок, кој произлегува и од самите заклучоци на Европски совет. 

Надворешната димензија на миграцијата, заштитата на европските граници, Пактот за миграција и азил се успеси на Европа и се позиции блиски до грчките позиции, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прес-конференцијата во Брисел по Самитот на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис нагласи дека Европа донесе одлука, која им служи и на грчките интереси дека „не може криумчарите да одредуваат кој ќе влезе во Европската унија“.

- Она што сега треба да го додадеме е да одредиме европска рамка за враќањата. Бидејќи нашата аргументација ќе биде целосна само ако кажеме дека ние одредуваме кој сака да влезе во Европската Унија, но оној кој не може и нема место во Европа, затоа што нема право на азил, треба да се врати во земјата од која дошол. Токму тоа е целта на директивата што и ја дадовме на Европската комисија, брзо да разработи ново европско законодавство околу прашањата за враќањата. Значи, мислам дека Европа полека, но стабилно се движи во вистинската насока и во насока која дефинитивно им служи и на грчките позиции, истакна Мицотакис.

Дополнително, посочи дека не се вршат враќања на нелегални мигранти во Турција, иако тоа е предвидено во договорот со ЕУ, а паралелно истакна дека грчко-турската соработката во мигрантското-бегалското прашање е подобрена, но дека тоа се однесува на оперативната димензија и подобрата соработка меѓу државните органи на двете земји и пред сè подобрата соработка со крајбрежната служба.

- Грција врши враќања, но сакам да нагласам дека враќањата се тежок процес во целина, не само за Грција туку и за Европската унија. Статистички, само еден од пет од оние кои треба да се вратат во земјите на потекло, на крајот се враќаат, посочи Мицотакис.

Во однос на италијанскиот модел со центрите во Албанија, истакна дека „секоја земја има свои особености“, објасни дека тоа е билатерален договор меѓу Италија и Албанија и коментираше дека тоа е „ново, интересно решение“ за случаи на мигранти спасени во меѓународни води, но дека „Грција веројатно нема такви прашања“.

- Она што е важно е дека во писмото на г-ѓа фон дер Лајен, за враќањата има фраза дека „ќе разгледаме и иновативни решенија“. А меѓу иновативните решенија што може да се разгледаат е и идејата за центри надвор од Европската унија во кои ќе се испраќаат мигранти, чии барања за азил ќе бидат одбиени, доколку не можат да бидат вратени директно во нивните земји на потекло. Ова е само идеја, не е разгледано. Првично сметам дека е позитивна. И секако кога ќе ги видиме конкретните предлози на Европската комисија ќе можеме да излеземе со став, објасни грчкиот премиер.

СДСМ бара разрешување на Христовски од АНБ, тој е партиски кадри и пропагандисти на ДПМНЕ

Со назначувањето на Бојан Христовски власта на Мицкоски и ДПМНЕ прави опасна партизација на Агенцијата за национална безбедност и ги крши законите.

Во член 10 од Законот за АНБ јасно стои дека директор на Агенцијата не смее да биде член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.

Наместо професионалец, на чело на АНБ власта поставува партиски човек, претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и активен пропагандист на власта.

Бројни објави, фотографии и натписи на неговата Фејсбук страница кои целосно го потврдуваат ова. Буквално секој негов пост, е посветен на ДПМНЕ и во функција на пропагандата на Мицкоски.

Христовски го има на слики во речиси сите партиски штабови на ДПМНЕ во Скопје. Може да се види многу горд со Мицкоски, со Силјановска, и како ревносно ги пропагира политиките на неговата партија.

Буквално нема неполитичка, ниту некаква професионална објава на Христовски, сите му се партиски. Дури и во последните објави на Христовски се гледа тоа. На 25 септември, со слика пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ќе објави дека „ја чува организацијата“.

Кога ги гледате овие објави многу смешно личат изјавите на Мицкоски и ДПМНЕ дека се деполитизирал, тоа едноставно е чиста лага.

Но, има и објави кои се загрижувачки и кои покажуваат какви се неговите скриени намери против самата институција на којашто е поставен.

Еве ја таа објава. На 1 септември оваа година Христовски ќе напише, цитирам „Нека е честит петтиот и последен роденден на Агенцијата за национална безбедност!“

Се поставува прашањето дали Христовски по партиски налог всушност ќе работи за уништување на АНБ?

Со партизација на оваа важна институција, власта има единствена цел повторно да ги злоупотребува безбедносните служби за партиски цели. Исто како и во времето пред 2016 година.

АНБ треба да остане независна институција која ќе работи за доброто на сите граѓани, а не за интересите на една партија и еден човек, а тоа се Мицкоски и ДПМНЕ.

На политиката и на партиските кадри не им е местото во АНБ.

Бараме итни мерки за департизација, односно разрешување на Христовски и назначување на нов директор на АНБ, со што ќе се врати професионализмот и довербата во оваа институција.

Прес конференција на СДСМ, Методија Илиевски

„Гответе со Дракче“ - Плескавици во домашен сос

Во четврток (17.10.2024) во емисијата гостин ни беше Гоце Димовски-Синтезис

Состојки за денешниот рецепт:

2 плескавици

3 пиперки

3 домати

2 - 3 чешниња лук

100 гр. сирење

малку масло

зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер