Вучиќ: Воопшто не се уплашивме од насилниците, нема да им ја дадеме Србија

Со денови сме изложени на брутални изливи на насилство кои ги спроведуваат одредени политички фактори кај нас со поддршка на т.н. групи на медиумски притисок и други групи на притисок. 

„Со денови сме изложени на брутални изливи на насилство кои ги спроведуваат одредени политички фактори кај нас со поддршка на т.н. групи на медиумски притисок и други групи на притисок. А, она што ни останува нам пристојните граѓани, не врзани за политичка ориентација во државата Србија, е да веруваме во работата на државните органи и да не преземаме никакви мерки за да покажеме на улица кој е поброен, а кој е посилен, или нешто слично“, изјави на својот Инстаграм профил српскиот претседател Александар Вучиќ, по повод блокадите и протестите на опозицијата во Нови Сад по повод истрагата за трагедијата на Железничката станица во Нови Сад и денешните апсења на 11 лица.

-Го трпиме сиот овој терор поради притисокот наводно да се забрза Обвинителството. Обвинителството овде одлучуваше сто пати побрзо отколку во најразвиените земји на ЕУ кога се случуваа слични работи. За таа одлука ќе зборувам вечерва во 17:20 часот на РТС. А дотогаш мојата клучна порака за сите граѓани на Србија е дека ќе ги победиме насилниците, дека ќе ги победиме на секое место. И со владеење на правото, на секои можни избори, ќе ја покажеме разликата меѓу нормална и пристојна Србија и Србија на насилници и дека воопшто не се плашиме од нив. Србија на храбрите, само затоа што молчи, не значи дека Србија стана кукавица, само значи дека се сака Србија многу повеќе од оние што би ја уништиле. Ќе отидам токму таму во таа телевизија, која ја сметам за една од најодговорните за поддршката, како на насилството, така и на секоја антидржавна идеја, и ќе им кажам се в лице, и за нивната работа и за сите групи на притисок, додаде Вучиќ.

Одбележан патронот на црквата „Св. Архангел Михаил“ во Пустец

Македонците во Пустец, Мала Преспа, заедно со жители од останатите населени места од оваа општина, достојно како и секоја година, го одбележаа патронот на црквата „Свети Архангел Михаил“, што го чествуваат како нивен заштитник.

Утрена, со света божествена литургија, отслужи отец Алексо Темелко, по што во трпезаријата на црквата имаше богата трпеза за сите верници, а потоа и музичка програма со македонски песни и ора.

- Ја продолжуваме традицијата на одбележување на овој голем празник, посветен на Свети Архангел Михаил – водач на небесните сили, чувар на сите болни и заштитник на Македонците во Пустец. Запаливме свеќа и се помоливме за здравје и напредок. Посакувам сите да бидеме блгословени и од големиот Архангел Михаил заштитени, рече за МИА, Едмонд Темелко претседател на друштвото „Преспа“ и поранешен градоначалник на Пустец.

Според Темелко, кој, кога тој беше градоначалник почна обновата на црквата, е еден од најубавите божји храмови во Албанија и се наоѓа во центарот на Пустец, на плоштадот кој гордо го носи името „Гоце Делчев“. Обновен е на темелите на старата црква, која била урната за време на комунистичкиот период.

Празникот на своите сограѓани, преку објава на Фејсбук им го честиташе и актуелниот градоначалник на општина Пустец, Пали Колефски, како и лидерот на органокот на Партијата на слободата за Мала Преспа, Панди Јани.

Киев: Русија лансираше интерконтинентална балистичка ракета - Москва молчи

Прв пат од почетокот на војната во Украина и за прв пат во историјата на човештвото, Русија искористи интерконтинентална балистичка ракета.

Нападот следува откако Киев ги изврши првите напади со западно орѕжје врз руска територија. Според информациите на украинските власти мета бил индустриски објект во градот Днипро, а балистичката рактеа која наводно била истрелана во близина на рускиот град Астрахан преминала околу 1.200 километри за неколку минути. Информацијата за ракетата попладнево ја потврди украинскиот претседател Зеленски кој обвини дека Русија, на овој начин ја користи Украина како полигон за тестирање на оружје.

-Сите карактеристики: брзина, надморска височина – одговараат на оние на интерконтинентална балистичка ракета. Сите стручни проценки се во тек. Очигледно, Путин ја користи Украина како полигон за тестирање. Очигледно, Путин е преплашен кога до него едноставно постои нормален живот,- - Володимир Зеленски – Претседател на Украина.

Нападот следува откако Украина доби дозвола за користење на далекусежни ракети на руска територија. Дозвола која речиси веднаш беше искористена од украинската војска која истрела серија на ракети на руска територија. Официјална Москва засега молчи за нападот. Информацијата сепак, иако индиректно ја потврди портпаролката на Руското МНР Марија Захарова, на која за време на редовен брифинг со новинарите и беше јавено да не коментира ништо за тоа.

-Да, ало? /Маша/На брифинг сум. / Нападот на Јужмаш со балистичка ракета за што сите зборат, не коментираме за тоа воопшто. / Да, добро, благодарам,- - Марија Захарова – Портпарол на МНР на Русија.

Во меѓувреме, ден по тревогата, серијата на странски амбасади, вклучително и таа на САД во Киев, денеска се отворени. Дел од граѓаните пак, велат дека стравуваат од нови и далеку по разорни напади.

- Многу сакам мир. Не сакам нашата држава да страда. Сакам се да биде како порано. Но, без русите, без сето ова.

- Секој пат кога има сирена за воздушен напад, се криеме во засолништето.

- Јас сум многу исплашена денеска, многу канали на телеграм предупредуваат за многу воздушни напади.

Интерконтинтенталните балистички ракети спаѓаат во категоријата на оружје со долг дострел кое се лансира во вселената и потоа ослобдува една или повеќе боеви глави кои повторно влегуваат во атмосферата за да ги погодат своите цели. Проценките се дека тие имаат минимален дострел од 5 илјади километри, но некои од нив и над 9 илјади километри и можат со себа да носат нуклеарна боева глава.

Донесена наредба за воведување мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции

Од невладиниот сектор велат дека ваквите мерки не се доволни за справување со загадениот воздух и дека се потребни долгорочни.

Владата преку Акциски план со краткорочни мерки кои предвидуваат засилени контроли на возилата, редуцирана употреба на службените автомобили за 50 проценти и посебен сообраќаен режим за тешки товарни возила на територијата на Скопје ќе се справува со загадениот воздух. Од Владата преку наредба ги задолжуваат надлежните министерства за спроведување на десетина мерки, но тие ќе важат само во услови на алармантно загадување на воздухот. Освен во сообраќајот каде се бара и забрана за дотур на стоки и транспорт на градежни метеријали во најфрекфентнииот период, се предвидува и намалување на капцитиетите на фабриките со А интегрирана еколошка дозвола со иклучуок на оние кои пороизведуваат топлинска и електрична енергија и вонредни контроли на градилиштата. Се препорачува и ограничување на работното време на отворено и ослободување на ранливите групи на граѓани.

Од невладиниот сектор велат дека ваквите мерки не се доволни за справување со загадениот воздух и дека се потребни долгорочни.

„Ова може малку да го ублажи проблемот со загадувањето во најкритични денови, но никако не го решава. Единствено можно решение се долгорочни мерки и зафати како исфрлање на валканите горива мазуот и нафтата од јавните објекти... “- Јане Димески, граѓанска иницијатива „Шанса за Центар“.

Воздухот во Скопје, но и во остантите поголеми градови со недели наназад го надминува дозволениот праг за присуство на штетните пм честички. Метрополата во неколку наврати беше меѓу 10-те најзагадени градови во светот, според „Ај-Кју-Ер“.

притисни ентер