Банана на бел ѕид со леплива лента продадена за 5,2 милиони долари

Контроверзно уметничко дело банана закачена на бел ѕид со селотејп лента е продадена за неверојатни 5,2 милиони долари, предизвикувајќи дебата за тоа што претставува уметност.

Станува збор за уметничкото дело „комичар“ на италијанскиот уметник Маурицио Кателан, кој дебитираше во 2019 година на изложбата „Арт базел Мајами бич“, каде тоа стана многу дискутирана сензација.

Провокативното уметничко дело не е ниту историска слика на масло на платно или уникатна скулптура, беа чести коментири во јавноста, откако наддавањето започна со 800 американски долари, а заврши со 5,2 милиони.

Спасовски: СДСМ бара зголемување на платите на полициските службеници и сите вработени во МВР

СДСМ поднесе амандман за зголемување на платите на полициските службеници и на сите вработени во МВР, за 20 проценти. 

Со ова ќе ги мотивираме безбедносните сили, кој секогаш се на првата борбена линија во која било криза со која се соочува државата, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на комисијата за финансирање на буџет.

- Го поднесовме овој амандман затоа што во рамките на предлогот на буџетот нема сума на финансиски средства којашто обезбедува зголемување на платите. Според дописот кој го достави и македонскиот полициски синдикат, ѝ не информираа за состојбите на платите е и барањето, тие да се зголемат за 20%. Ова е прва и основна причина дека треба да се поднесе овој амандман“, рече Спасовски.

Тој потенцираше дека според направените анализи, секаде во регионот има зголемување на платите во безбедносните сили, и тоа во Црна Гора платите се зголемени за 100%, во Србија 45%, во Босна и Херцеговина 40%, Албанија за 20%, Косово за 30 проценти.

- Во изминатиот период од 7 години зголемувањето на платата беше 25 проценти, а во последните две години, кај полициските службеници за 10%. Треба да направиме се, и преку гласање на овој амандман, да покажеме дека имаме почит кон сите што е грижат за безбедноста и сигурноста во нашата земја. Никој не сака да разговара за овие служби кога условите се мирни, ама ако не вложуваме во полицијата во овој мирен период, многу скапо ќе платиме во време на криза, рече Спасовски.

Во моментот додека Спасовски зборуваше за амандманот, беше споделена информација дека се попишува Колективен договор меѓу синдикатите за вработените во генералниот секретаријат на владата и во службата за општи и заеднички работи каде им се зголемуваат платите за 30 проценти.

- Ако навистина е сега ова зголемување очекувам да видам каква согласност ќе даде заемник министерот за финансии, но мислам дека нема основа да каже дека може за служба за општи и заеднички работи да има зголемување од 30 проценти, а да нема за полицијата, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, се наведува во партиското соопштение.

Австралиски јутјубер седел 30 дена во темница, се избезуми кога повторно го виде сонцето(ВИДЕО)

Младиот Јутјубер Норме верува дека поставил светски рекорд за престој во темна соба без никаков извор на светлина.

Тој успешно го заврши бизарниот предизвик што неговите следбеници можеа да го следат во живо 00-24 на Интернет.

Доколку не сте запознаени со ликот и делото на овој Австралиец, ќе кажеме дека и претходно испробал слични предизвици. Тврди дека успеал да остане буден 12 дена, но и да изел кактус.

Во изминатиот период армија негови следбеници беа вклучени во преносот од просторијата во која Норме престојувал во тотален мрак. Предизвикот започнал на 16 октомври и сѐ изгледало во ред до 22 ден, кога младиот човек бил фатен на камера како се ниша напред-назад и гризе нешто.

Обожавателите биле загрижени дека го изгубил умот, а еден од нив коментирал: „Ве молам кажете ми дека не ја гризе вратата?!“. Друг продолжи со реченицата дека „осаменоста може да го полуди човекот“.

Имало и такви кои не биле воодушевени од потфатот на Јутјуберот, а едно лице напишало: „Тој само бара внимание. Бев во самица со месеци и не е толку страшно“.

По еден месец „затвор“, Јутјуберот на 15 ноември излегол надвор, а преносот го гледале 100.000 луѓе. Со него бил пријател, а на главата носел крпа за да се заштити од светлината.

После тоа ги отвори очите, погледна кон небото и врескаше со олеснување. Потоа почна да се однесува неконтролирано. Тој скокаше горе-долу, испушташе чудни звуци и велеше дека „очите ужасно го болат“, пренесува LadBible.

„Како да ми беа забиени илјада ножеви во очите. Како да сум во друга димензија“, му рекол Норме на својот пријател пред камерата.

Гледачите забележале бројни дамки на неговата кошула и заклучиле дека „не се туширал еден месец“. Други биле загрижени дека тој се однесувал како „луд научник“ и побарале од него да престане со бизарните предизвици.

Стојановски до Левица: Критикувате за ЈСП, а тројца ваши директори се во фотелјите на Арсовска

„Добро е што има кој да мисли на граѓаните, а тоа е Владата на Република Македонија, која на денешната седница донесе и одлука не за некаква награда, туку апсолутно тоа е позајмување на гориво до Градот Скопје и ЈСП“.

„Добро е што има кој да мисли на граѓаните, а тоа е Владата на Република Македонија, која на денешната седница донесе и одлука не за некаква награда, туку апсолутно тоа е позајмување на гориво до Градот Скопје и ЈСП,“ изјави советникот во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски.

Советничката група на Левица остро ја критикуваше градската власт. Нивната критика наиде на контрареакција од советникот Мартин Стојановски.

„Па сакам, ете, јавно да ја прашам советничката Катерина, зошто сеуште три директори од партијата Левица имаат во јавните установи на Градот Скопје и зошто, ако не се сложуваат со политиките на актуелната политичка градска власт, одамна не ги напуштија местата и не беа дел од градските институции? Сомнително е зошто толку се сменија 40 тина директори, а не се сменија токму тие 3 директори, не се пипнати од политичката партија Левица,“ рече Стојановски.

„Да не го политизираат ова, колешката Катерина од советничката група на Левица, мислам дека политички го одржа својот говор денеска на оваа седница“, истакна Стојановски.

И покрај владината интервенција, останува прашањето за долгорочната стабилност на јавниот превоз. За скопјани оваа состојба не е само технички проблем, туку и доказ за политичките игри што го доведоа ЈСП до колапс. „Нафта утре ќе има, а јавната набавка за една недела ќе биде реализирана од страна на Градот Скопје и повторно автобусите би требало да возат, секако доколку тоа успеат службите од Градот Скопје да го менаџираат“, рече Стојановски.

За граѓаните, оваа состојба не е само технички проблем, туку и доказ за политичките игри што го доведоа ЈСП до колапс. Левица, критикувајќи ја градската власт, мора да одговори на прашањето – зошто нејзините тројца директори останаа на своите функции, ако партијата не се согласува со политиките на Арсовска?

притисни ентер