Одбележан патронот на црквата „Св. Архангел Михаил“ во Пустец

Македонците во Пустец, Мала Преспа, заедно со жители од останатите населени места од оваа општина, достојно како и секоја година, го одбележаа патронот на црквата „Свети Архангел Михаил“, што го чествуваат како нивен заштитник.

Утрена, со света божествена литургија, отслужи отец Алексо Темелко, по што во трпезаријата на црквата имаше богата трпеза за сите верници, а потоа и музичка програма со македонски песни и ора.

- Ја продолжуваме традицијата на одбележување на овој голем празник, посветен на Свети Архангел Михаил – водач на небесните сили, чувар на сите болни и заштитник на Македонците во Пустец. Запаливме свеќа и се помоливме за здравје и напредок. Посакувам сите да бидеме блгословени и од големиот Архангел Михаил заштитени, рече за МИА, Едмонд Темелко претседател на друштвото „Преспа“ и поранешен градоначалник на Пустец.

Според Темелко, кој, кога тој беше градоначалник почна обновата на црквата, е еден од најубавите божји храмови во Албанија и се наоѓа во центарот на Пустец, на плоштадот кој гордо го носи името „Гоце Делчев“. Обновен е на темелите на старата црква, која била урната за време на комунистичкиот период.

Празникот на своите сограѓани, преку објава на Фејсбук им го честиташе и актуелниот градоначалник на општина Пустец, Пали Колефски, како и лидерот на органокот на Партијата на слободата за Мала Преспа, Панди Јани.

Рама:Албанија од денеска дел од единствениот европски платен систем-голем чекор на патот кон ЕУ

Премиерот Еди Рама попладнево преку социјалната мрежа Х објави дека  Албанија денеска станала дел од единствениот европски платен систем.

После ова, додава, сите албански дознаки од Европа во Албанија или обратно веќе "нема да имаат финансиски трошоци односно за нив нема да се плаќа провизија, почнувајќи од 1 јануари следната година".

-Уште еден голем чекор на патот на Албанија кон Европската Унија во 2030 година. Денеска Албанија стана дел од единствениот европски платен систем, што значи дека сите трансфери на пари на Албанците од Европа во Албанија или обратно, веќе нема да имаат финансиски трошоци почнувајќи од 1 јануари 2025 година, напиша Рама.

Посочува дека албанските граѓани ќе заштедат милиони и милиони евра што до сега ги плаќале за дознаките "благодарение на зголемувањето на довербата во Албанија и натамошниот пристап на Албанија кон членството во ЕУ.

Стојаноски: Спасовски 9 години беше министер, сега поднесува амандмани за подобрување на МВР

На Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски говорејќи кон пратеникот Оливер Спасовски, истакна жалење што до сега иако тој бил министер повеќе години, па дури и премиер, не спровел закони.

На Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски говорејќи кон пратеникот Оливер Спасовски, истакна жалење што до сега иако тој бил министер повеќе години, па дури и премиер, не спровел закони за подобрување на припадниците на МВР, туку сега во опозиција го бара истото.

„Безобразно ми е вие да поднесувате вакви амандмани за подобрување на МВР, како овој, така и за наредните, кога евидентно сите состојби коишто настанале во однос на овие потреби, настанале затоа што вие министерството што сте го воделе девет години, не сте ги администрирале добро’’, појасни Стојаноски.

Стојаноски дополни дека во владеењето на Спасовски како министер за внатрешни работи, ниту една работа немаат завршено и се фалат само со Скопје 2014, прислушувањето и поранешни претседатели на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа ни за тие нема одговорност.

„За прислушкувањето кој одговараше, Спасовски? Дали некој е во затвор? Не. Тој што избега од границата на државата, дали некој одговараше за неговото бегство’’, праша Стојаноски и дополни.

„Кој одговараше за сите злодела во изминатото време од 11 години, сакате да Ви кажам. Поранешната Ваша министерка од МВР. Четири и пол години ги излежа за набавен мерцедес. Каде е тој мерцедес господине Спасовски? Кој велеше пред Владата ќе го продадеме мерцедесот и ќе купиме возила за брза помош?’’, нагласи Стојаноски и додаде дека киселата насмевка на лицето на Спасовски, јасно кажува се, се наведува во партиското соопштение.

Путин потврди дека Русија истрелала балистичка ракета со среден дострел кон Украина

Русија изврши ракетен напад со пеорктил со среден дострел врз украинска воена локација како одговор на украинските напади во изминатите денови со западно оружје со голем дострел.

Тоа го изјави претседателот Владимир Путин во телевизиско обраќање до нацијата.

Путин додаде дека по нападот врз Русија со западни ракети, конфликтот во Украина доби глобален карактер.

притисни ентер