Харун Абдул-Малик Џенер (30) од Корал Спрингс, Флорида, е обвинет за обид за употреба на експлозивна направа за оштетување или уништување на зграда што се користи во меѓудржавна трговија, пишува Politico.
ФБИ почнале да го истражуваат Џенер во февруари по дојавата дека тој чувал „планови за правење бомби“ во магацин. Според ФБИ, пронајдени се нацрти за правење бомби, бројни часовници со тајмер, табли и друга електроника што може да се користи за правење експлозивни направи. Откриле и дека од 2017 година Џенер бараа на Интернет теми за правење бомби.
Џенер им кажал на агентите на ФБИ дека сакал да ја активира бомбата неделата пред Денот на благодарноста и дека Берзата во Долниот Менхетен би било популарно место за напад.
„Берзата, тоа е она што сакаме да го погодиме, бидејќи тоа ќе ги разбуди луѓето“, им кажал Џенер на тајните агенти на ФБИ, според судските документи.
Тој планирал да ја бомбардира берзата за да ја „ресетира“ американската влада, објаснувајќи дека тоа би било „како мала нуклеарна бомба да експлодира“, убивајќи ги сите во зградата, според судските документи.
Минатиот месец, Џенер ги модифицирал двонасочните радија за да дејствуваат како далечински активирања за експлозивна направа и планирал да носи маска додека го поставува експлозивот, според судските документи.
Џенер го имал своето прво појавување на суд вчера попладне и ќе биде задржан во притвор во очекување на судењето.