Саутемптон сака да го ангажира Ендрик од Реал

Премиерлигашот Саутемптон е заинтересиран за напаѓачот на Реал Мадрид, Ендрик, пренесува „Sport.es“.

Англиски клуб може да позајми играч за време на зимскиот преоден рок. За 18-годишниот Бразилец се заинтересиран уште и Рома и Ваљадолид.

Ендрик се пресели во Реал Мадрид од Палмеирас за 47,5 милиони евра во јули 2024 година. Оваа сезона за мадридскиот тим на 10 натпревари постигна два гола и една асистенција.

Саутемптон по 11 кола е на последното место во поредокот на Англиското фудбалско првенство.

Бебе со нож предизвика хаос- реакцијата на домашните е хит со 33 милиони прегледи (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи видео од бебе во дубак како држи нож.

Веднаш да нагласиме дека ова е пластична копија и шега која мајката ја направила за членовите на своето семејство.

Така, жената му ја дала на детето „играчката“, а потоа ги снимила реакциите на домашните. Видеото брзо стана вирално, со повеќе од 33 милиони прегледи и 17.000 коментари само на TikTok.

Бебе во дубак ги „обиколува“ просториите и замавнува со нож пред присутните. Нивните реакции се различни - и урнебесни. Од тато и баба, до вујко и дедо.

Многу корисници биле изненадени што дедото ја забележал „опасната ситуација“, но не реагирал.

@valll_nicole i'm crying #fyp #prank #funny #familyprank ♬ original sound - Valerie Nicole

Сепак, она што најмногу привлече внимание - покрај реакциите на домашните - е изгледот на бабата. Слободно можеме да кажеме дека таа сè сфатила.

„Зошто никој не вели дека бабата личи на Салма Хаек? Таа е убава“, напишала една личност.

Фон дер Лејен му спасила живот на патник во авион- драма на небото над Брисел

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, наводно спасила живот на патник во авион за Брисел.

Урсула фон дер Лејен вчера попладне била на летот на Swiss Air од Цирих за Брисел кога на еден патник ненадејно му се слошило. Екипажот на авионот веднаш отишол да праша дали во авионот има некој што може да помогне, бидејќи се работело за многу сериозна ситуација.

Потоа една патничка станала и тргнала кон патникот кој се чувствувал подобро. Наводно токму Урсула фон дер Лајен на патникот му укажала прва помош, по што авионот безбедно слетал во Брисел, каде на патникот му била укажана итна помош.

Политико пишува дека црн мерцедес ја чекал на аеродромот „патничката која му дошла на помош на човек во неволја“, што било сигнал дека се работи за некој важен, а дури подоцна се увидило дека херојот е всушност г-ѓа фон дер Лајен.

„Се враќавме од Рио во Брисел кога на еден патник му беше потребна медицинска помош за време на летот. Како што е вообичаено во такви случаи, екипажот во кабината на авиокомпанијата праша дали некој од патниците има медицински сознанија“, потврди за медиумите портпаролката на ЕУ.

Иако за многумина е изненадување што Урсула дошла на помош, се испостави дека таа е докторка и дека студирала медицина во Хановер и таму докторирала.

Во такви ситуации, лекарите немаат време да ги одмерат работите; нивна должност е да помогнат. И навистина, во последниве години, најмоќната Европејка, која често лета на редовни летови, неколку пати го покажала нејзиното медицинско знаење.

Ласовска: Во 2018 поднесовме 35 илјади амандмани за законот за јазици

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска на Комисијата за финансирање и буџет,  говореше за правата на малцинствата, како и за Законот за јазиците.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска на Комисијата за финансирање и буџет, говореше за правата на малцинствата, како и за Законот за јазиците, посочувајќи дека дотичниот пратеник Сали Мурати, кој бил Уставен судија, кога ВМРО-ДПМНЕ поднело 35 илјади амандмани за Законот за јазиците, за на крај да завршат во контејнер.

„35 илјади амандмани, тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ поднесе на Законот за јазици, и беа фрлени во контејнер. Што Вие како експерт, како Уставен судија мислите за таквиот начин на практицирање на демократијата. Тоа е флагрантно кршење на правата на пратеникот и практицирање на демократијата“, посочи Ласовска кон Мурати.

Пратеничката го праша пратеникот Мурати, дали кога тој бил претседател на Уставниот суд, за прекршената процедура и на каков начин бил донесен тогаш Законот.

„Дали тогаш се заинтересиравте да видите за прекршената процедура и начинот на којшто тој Закон се донесе и начинот на којшто беше спречено правото да биде дискутирано за тие амандмани“, додаде Ласовска, посочувајќи дека доколку искрено се залага пратеникот Мурати за турскиот јазик, имал време таа можност да ја претвори во реалност, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер