Од под урнатите е извлечено и телото на шестгодишно дете... Спасувачката акција се уште трае, и не е познато дали има уште тела под бетонските блокови од настрешницата на железничката која се урна денеска.. Според инфомациите од лекарите во Ургентниот центар во болницата во Војводина тројца се во хоспитализирани и тие се во критична состојба.
„Последните две лица кои беа донесени се во многу тешка состојба. Првиот од двајцата е реанимиран на одделението за интензивна нега на Ургентниот центар на Универзитетскиот центар во Војводина. По стабилизирање на состојбата дијагнозата е поставена и дијагнозата моментално е во тек. Се работи за многу тешки повреди, последното е женско лице, станува збор за млади луѓе, е веќе интубирана доенсена во Клинички центар и веќе е во операциона сала, па операцијата е во тек. Тројца се во многу тешка состојба овде, две во моментов се уште во операциона сала, се работи за многу тешки повреди опасни по живот.“
Големата несреќа која што денеска се случи на железничката станица во Нови Сад, е еден од најтешките денови во повоената историја на тој град и трагедија за цела Србија рече српскиот премиер Вучевиќ. Тој вели дека ќе инсистираат да се најдат одговорните за уривање на настрешницата на влезот во станицата.
„ Без оглед на тоа што станува збор за објект за настрешница која е изградена 1964 година, пред точно 60 години, ќе инсиситраме да се најдат одговорните и да одговараат тие што морале да водат сметка за состојбата на конструкцијата на објектот и кои морале да ги предупредат надлежните дека одредени работи требало да се поправат. Не можам повеќе ништо да кажам за овој момент, уште еднаш сочувство до семејствата на жртвите. Трагедија, црн петок за нас. “
Несреќата се случила нешто пред 12 часот, а во текот на уривањето на настрешницата на стариот дел од железничката станица на клупите долу седеле голем број луѓе. Во спасувачката акција се вклучени повеќе од 8о луѓе, од полицијата, итната помош, противпожарната служба а на терен се и багери.
Поради страшната трагедија утре во цела Србија е прогласен ден на жалост, а во Нови Сад тридневна .