Мицкоски: За повеќето граѓани се прифатливи уставни измени со одложено дејство

За мнозинството граѓани прифатливи се уставни измени со одложено дејство, кажа премиерот Мицкоски на брифинг со новинарите, повикувајќи се на теренска и на телефонска анкета што биле направени во октомври за потребите на ВМРО-ДПМНЕ..

52% се изјасниле ЗА ваквата опција, додека 39% биле против, а 9 отсто одбиле да одговорат на ова прашање.

Слично е расположението кај анкетираните и за тоа дали се согласуваат на уставни измени доколку ЕУ даде гаранции за идентитетот, а Бугарија спроведе дел од пресудите за македонското малцинство.

Што се однесува до францускиот предлог, ваков каков што е, мнозинството од граѓаните и натаму се против.. Го поддржуваат само 28%, додека Против се 53%..

Во однос на тоа во која насока се движи Македонија, граѓаните имаат поделено мислење- 49,9 проценти сметаат дека државата оди во позитивна насока, наспроти 36,8 кои имаат спротивен став.

За работата на Владата во првите 100 дена, 56% имаат позитивно мислење, додека 30,9 отсто негативно.

Покрај оваа теренска анкета, во октомври било спроведено и телефонско анкетирање за рејтинзите на партиите и лидерите.

Според резултатите од ИПИС, владејачката ВМРО-ДПМНЕ има убедливо највисока поддршка од 26 отсто, наспроти СДСМ, ДУИ и Вреди кои имаат по 7 проценти, Левица 5 и ЗНАМ 4 отсто.

На прашањето во кој политичар имате најголема доверба, за премиерот Мицкоски се изјасниле 27,8%, зад него е Ахмети со 8,6%, Филипче 5,5%, додека најдолу на листата се Црвенковски, Пендаровски и Груевски по околу 1 процент доверба.

Драматично предупредување од ЕУ: Граѓаните да направат залихи во случај на војна со Русија

Жителите на земјите од Европската унија треба да складираат храна и основни потреби во случај на војна и руска агресија или некоја друга вонредна ситуација.

Жителите на земјите од Европската унија треба да складираат храна и основни потреби во случај на војна и руска агресија или некоја друга вонредна ситуација, се вели во најновиот извештај на специјалниот советник на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Извештајот за цивилната и воената подготвеност на Европа го составил поранешниот фински претседател Саули Нинисто во својство на специјален советник, објави денеска Newsweek.

Во извештајот се посочува дека ЕУ не била подготвена за пандемијата „Ковид-19“, како и за руската агресија врз Украина и дека треба „од фазата на реакција да премине во состојба на проактивна подготвеност“.

Во извештајот не се наведува дека руската агресија е единствената можна закана, но се истакнува дека таа е најголема.

„Немаме јасен план што треба да направи ЕУ во случај на вооружена агресија врз една нејзина членка. Заканата од руската војна против европските безбедносни сили нѐ принудува да го ставиме ова прашање во центарот на нашата подготвеност за ваква ситуација, без да ги занемариме нашите подготовки за други големи закани“, се вели во извештајот на специјалниот советник на Урсула фон дер Лајен од 165 страници, кој го доставил во средата.

Во рамките на оваа стратегија, ЕУ треба да ги советува домаќинствата да бидат подготвени за во случај на вонредна состојба да можат да имаат достапни залихи за најмалку 72 часа.

Затоа, жителите на земјите од ЕУ треба да складираат основни потреби, а на членките на ЕУ им се советува да им дадат на своите граѓани насоки за складирање, евакуација и начини да стигнат до службите за итни случаи.

Во последниот извештај се посочува дека е неопходно да се набават залихи на храна, вода за пиење, лекови, како и батериски ламби и радија на батерии.

Целта на овие совети е да се подготват граѓаните на ЕУ за вонредни ситуации како што се нови пандемии, екстремни временски настани или вооружена агресија.

Во оваа насока се предложени и други мерки, како што е распределба на најмалку 20 отсто од вкупниот буџет на ЕУ за зголемување на безбедноста и подготвеноста за кризи, како и поголема размена на разузнавачки податоци меѓу членките на Унијата.

Македонец меѓу жртвите на несреќата во Нови Сад, потврди Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и се обрати на јавноста по трагедијата што се случи во Нови Сад, кога се урна дел од зградата на Железничката станица, при што загинаа 14 лица.

- Нѐ снајде голема трагедија. Главната железничка станица во Нови Сад, настрешницата се урна врз голем број луѓе. Се уште не успеавме да го дознаеме идентитетот на пет лица, осум лица се државјани на Србија, едно е од Македонија. Во име на сите граѓани сакам да изразам сочувство до семејствата и роднините. Мораме да се обединиме и да им помогнеме на семејствата на жртвите, да направиме се за да ја минимизираме штетата и што е можно повеќе да им помогнеме на луѓето кои ги загубија своите најблиски – рече претседателот во солзи.

- Нема да се занимавам со оние кои би се криеле од одговорност под покровителство на властите. Барам од Вишото обвинителство во Нови Сад одговорните за тоа што се случи да бидат кривично гонети и најстрого казнети. Барам и политичка и кривична одговорност.

За потсетување, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ја информира јавноста дека во текот на истрагата од урнатините досега се извлечени 14 тела на починатите, од кои идентификувани се две женски лица - А.Р. (20.) и А.Ќ.С. (35) години и пет машки лица – Х.С. (27), М.М. (21), Ш.Ѓ. (77), Р.В. (69) и С.В. (45) години.

Поради здобиените повреди во овој настан, во Клиничкиот центар Војводина се примени три лица чиј идентитет се уште не е утврден, од кои две женски и едно машко, објави српски Курир.

Бројот на загинати во несреќата во Нови Сад се искачи на 14, идентификувани седуммина

Четиринаесет мртви и тројца тешко повредени кои се во критична состојба е новиот биланс од тешката несреќа предизвикана околу пладне од уривањето на покривот на железничката станица во Нови Сад.

Четиринаесет мртви и тројца тешко повредени кои се во критична состојба е новиот биланс од тешката несреќа предизвикана околу пладне од уривањето на покривот на железничката станица во Нови Сад, потврди за белградските медиуми српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Дачиќ рече дека од под урнатините биле извлечени три лица, единствените за кои се знае дека го преживеале уривањето на настрешницата на станицата.

За несреќата соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови Сад. Тие изјавија дека се извлечени 14 тела на загинати.

Обвинителството соопшти дека досега се идентификувани седум лица кои загинале во денешната несреќа, од кои две се жени – А.Р. (2004) и А.Ќ.С. (1989) и петмина мажи – Х.С. (1997), М.М. (2003), Ш.Ѓ. (1947), Р.В. (1955) и С.В. (1979).

притисни ентер