Дачиќ: 13 загинати при уривањето на дел од железничката станица во Нови Сад (ВИДЕО)

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ за РТС изјави дека бројот на жртвите во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад е зголемен на 13.

Тој претходно соопшти дека во несреќата загинале 12 лица, објави Телеграф.

Шестгодишно дете е меѓу загинатите во уривањето на настрешницата во Нови Сад, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

„Гагиќ, еден од шефовите на управата за вонредни ситуации, заплака кога виде дека загина и шестгодишно дете“, изјави Дачиќ.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ изјави дека повеќе од 30 лица се повредени во уривањето на конструкцијата на железничката станица во Нови Сад.

Ѓуриќ веднаш по сознанието за инцидентот пристигнал на местото на несреќата, нагласувајќи дека градските служби се ангажирани во полн капацитет да им дадат поддршка на надлежните државни служби. Ѓуриќ во својата изјава истакна дека приоритет е да им се пружи помош на сите повредени и погодени од овој инцидент, а градот е во постојан контакт со властите за да се преземат сите неопходни чекори. Ѓуриќ нагласи дека по завршување на истрагата, јавноста ќе биде информирана за понатамошните чекори согласно процедурите. „Овој немил настан уште еднаш наметнува прашања за безбедноста на инфраструктурните објекти и потребата од брзи и ефикасни реакции од надлежните служби.“


На железничката станица во Нови Сад денеска во 11:50 часот се урна бетонската настрешница на зградата на станицата.

Две девојки, од кои едната според неофицијални информации има 14 години, се извлечени живи по 4 часа под урнатините.

Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина од урнатините примиле три млади лица, едно машко и две женски.

Како што наведоа во своето обраќање, сите три лица се во многу тешка состојба. Двајца се во операциона сала, додека на третиот се дијагностицира.

Првиот пациент бил примен околу 14 часот, а последни пристигнале двете девојки.

- Во многу тешка состојба, првиот е реанимиран и по стабилизација е однесен на дијагностика и моментално е во тек. Тоа се многу сериозни повреди. Во Централната болница во Војводина дошло и последното женско лице кое било интубирано и веќе е во операциона сала - вели директорката на Клиничкиот центар, д-р Весна Туркулов.

Девојка која била на станицата во Нови Сад: Другарка ми загина пред очи, брат ми не се јавува

Девојка сподели страшно сведоштво по трагедијата во Нови Сад, кога се урна тешката бетонска настрешница на железничката станица, на новинарите кои беа на местото на настанот.

Застанала пред урнатините и ја опишала грозоморната сцена на која била сведок,објави Србија данас.

„Пред очи ми почина другарката, не можев ништо... Целата структура падна врз неа“, раскажала низ солзи девојката која била очевидец на трагедијата.

„Мојот брат сè уште не ми се јавува, се плашам од најлошото. Се надевам дека ќе го најдат жив“.

Во оваа трагедија загинаа 14 лица, но потрагата продолжи и во вечерните часови.

Претставена е новата Шкода Кодиак во RS издание (ФОТО)

Најголемата и најсилната Skoda е придвижувана од моторот Golf GTI.

Степенот до кој модуларноста е присутна во автомобилската индустрија јасно се покажува со споредба на два навидум многу различни модели - голем SUV и спортски компакт. Нив ги поврзува моторот 2.0 TSI, кој сега развива и 265 КС во Škoda, или 20 КС повеќе од претходникот.

Максималниот вртежен момент е исто така поголем, за 30 Nm и изнесува 400 Nm. На крајот на краиштата, сопствениците на Octavia RS сепак добро го знаат ова.

Во Kodiaq погонот е координиран со седумстепен DSG менувач, кој во комбинација со погон на сите тркала резултира со забрзување до 100 km/h за 6,3 секунди и максимални 231 km/h.

Тоа е почит за поголемата маса на новиот модел, но и за влезот во премиум сегментот кога е опремата во прашање. Да, покрај возењето со дополнителни режими на работа според типот на теренот, сопственикот овде добива LED матрикс светла, вентилирани предни седишта, 13-инчен инфозабавен екран и голем број системи за помош. Да го споменеме и аудио системот Кантон.

И уште еден детал. Верувале или не, оваа Škoda има видлива двојна издувна цевка, што е сè поретко во групацијата VW.

Цената и точниот датум на почеток на продажбата ќе бидат објавени подоцна.

Драматично предупредување од ЕУ: Граѓаните да направат залихи во случај на војна со Русија

Жителите на земјите од Европската унија треба да складираат храна и основни потреби во случај на војна и руска агресија или некоја друга вонредна ситуација.

Жителите на земјите од Европската унија треба да складираат храна и основни потреби во случај на војна и руска агресија или некоја друга вонредна ситуација, се вели во најновиот извештај на специјалниот советник на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Извештајот за цивилната и воената подготвеност на Европа го составил поранешниот фински претседател Саули Нинисто во својство на специјален советник, објави денеска Newsweek.

Во извештајот се посочува дека ЕУ не била подготвена за пандемијата „Ковид-19“, како и за руската агресија врз Украина и дека треба „од фазата на реакција да премине во состојба на проактивна подготвеност“.

Во извештајот не се наведува дека руската агресија е единствената можна закана, но се истакнува дека таа е најголема.

„Немаме јасен план што треба да направи ЕУ во случај на вооружена агресија врз една нејзина членка. Заканата од руската војна против европските безбедносни сили нѐ принудува да го ставиме ова прашање во центарот на нашата подготвеност за ваква ситуација, без да ги занемариме нашите подготовки за други големи закани“, се вели во извештајот на специјалниот советник на Урсула фон дер Лајен од 165 страници, кој го доставил во средата.

Во рамките на оваа стратегија, ЕУ треба да ги советува домаќинствата да бидат подготвени за во случај на вонредна состојба да можат да имаат достапни залихи за најмалку 72 часа.

Затоа, жителите на земјите од ЕУ треба да складираат основни потреби, а на членките на ЕУ им се советува да им дадат на своите граѓани насоки за складирање, евакуација и начини да стигнат до службите за итни случаи.

Во последниот извештај се посочува дека е неопходно да се набават залихи на храна, вода за пиење, лекови, како и батериски ламби и радија на батерии.

Целта на овие совети е да се подготват граѓаните на ЕУ за вонредни ситуации како што се нови пандемии, екстремни временски настани или вооружена агресија.

Во оваа насока се предложени и други мерки, како што е распределба на најмалку 20 отсто од вкупниот буџет на ЕУ за зголемување на безбедноста и подготвеноста за кризи, како и поголема размена на разузнавачки податоци меѓу членките на Унијата.

притисни ентер