Во текот на вчерашниот ден се подигнати 80 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 80 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во неколку скопски општини.

Дел од активностите се одвиваа во општината Ѓорче Петров, каде што на улицата Лука Геров беше отстранета обемна дива депонија составена од 50 кубни метри кабаст, градежен и мешан комунален отпад.

Воедно, расчистени се и приближно 10 кубни метри непрописно одложен отпад од картонско пакување на улицата Тодор Александров, на потегот што води кон Средно Водно.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на минатата ноќ повторно интервенираа и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) каде што на аголот со улицата Максут Садик се подигнати 20 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени на јавна површина, во непосредна близина на детското игралиште.

Фон дер Лајен во Скопје на средба со Мицкоски – ЕУ останува посветена на проширувањето

Очекуваме Европската Унија заедно со нас да изнајде начини како да го продолжиме  европски интегративен пат.

Ова го изјави премиерот Мицкоски на заедничката прес-конференција по состанокот шефицата на Европската Комисија, Фон дер Лајен, која како дел од нејзината турнеја по Западен Балкан денеска е во Скопје.

Фон дер Лајен пак кажа дека проширувањето ќе остане приоритет во следните 5 години. Средбата ја следеше Михајло Видимлиски, го имаме во живо од пред Владата.

Михајло дали по ова средба е нешто по извесно за нашите евроинтеграции и дали за ЕУ е прифатливи уставни измени со одложено дејство?

Кираџиева: Апасиев забрани да се користи сонцето од Кутлеш

Продолжуваат сведочењата на поранешни високи членови во Левица за состојбата во партијата. 

Весна Кираџиева, поранешен член на Левица и кандидат за градоначалник на Аеродором со сериозни обвинувања кон лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Таа во изјава за Канал 5 вели дека Апасиев е апсолутист кој манипулира со гласачите.

Кираџиева покажувајќи ја електронската порака што Апасиев ја пратил до Централниот комитет на партијата, потврдува дека лидерот на Левица забранува да се користи знамето од Кутлеш. Како што објаснува таа, оваа порака имала за цел да се рашири до членството на партијата, но да не стигне до јавноста.

Со оглед на претходните тужби на Апасиев до новинари, Кираџиева не ја отфрла можноста по оваа изјава и обелоденување на мајлот, и таа до добие кривична пријава.

За Кираџиева, Апасиев е диктатор и апсолутист, на кого не смее да му се спротивстави ниту еден член на партијата.

Димитар Апасиев деновиве е актуелен во јавноста по слап тужбите, до новинарите на Канал 5 телевизија а претходно ја тужеше и новинарката Мери Јордановска, за објава на СМС порака на новинарско прашање за тоа како ги трошел парите од буџетот...

Повторно се одлужи судењето за Тотал ТВ Македонија и Никола Тасев

Уште еднаш се одложи рочиштето каде кривично се гонат Тотал ТВ Македонија и поранешниот управител на компанијата Никола Тасев. 

Никако да започне главната расправа во судот, веќе втор пат по барање на одбраната се одложува рочиштето каде кривично се гонат Тотал ТВ Македонија и поранешниот управител на компанијата Никола Тасев за нелегално реемитување на телевизиската програма на Канал 5. Овој пат причината за одложувањето е што немаше претставник на Тотал ТВ, а нивната одбрана која беше во судницата посочи и дека немале време да се подготват за процесот бидејќи како адвокати биле ангажирани непосредно пред рочиштето.

Обвинителката Елена Жакула која во судницата посочи дека барањата на одбраната се конфузни пак побара во најкус рок да се закаже следното рочиште. Таа вели дека обвинителниот акт се темели врз цврсти докази кои очекува во постапката да ги докажат наводите во обвинението, а новото одглагање по барањето на одбраната го смета само за одолговлекување на постапката.

„Во однос на денешното одлагање на главната расправа сметам дека и покрај доволниот рок кој го определи судот за да се подготви одбраната, а исто така да определи и претставник тоа не го сторија и сметам дека е во насока на одолговлекување на постапката. Верувам дека судот на следното рочиште ќе утврди, покрај динамиката на останатите судења и текот на целата постапка. “

Директорот на Канал 5 – Иван Мирчевски исто така верува дека станува збор за одолговлекување на процесот, за да се одложи спроведувањето на правдата, бидејќи како што кажа, аргументите и доказите се на страната ан Канал 5.

„Очигледно е и јасно е и многу видливо е дека правното лице Тотал ТВ кое што е членка на големата групација Јунајтед Груп од Србија сака да одлговлекува, не знам зошто, но претпоставувам зошто, затоа што сите аргументи се на страната на Канал 5 и мислам дека судијата направи максимален напор да во краток рок го презакаже повторно судењето, главната расправа каде што јас ќе треба да дадам исказ и сметам дека тогаш веќе ќе немаат шанса да го одголговлекуваат и конечно и судијата и сите страни но и јавноста ќе ги слушнат фактите со кои што располагаме, а тоа е дека сториле кривично дело за нелаглно емитување на телевизиска програма.“

Судијката Ана Давчевска следното рочиште го закажа за 8 ноември, а на одбраната и посочи дека согласно законот, безразлика дали ќе се појави претставник или нема да се појави рочиштето ќе се одржи, бидејќи на овој начин како што кажа, може да трае до недоглед.

притисни ентер