Мекдоналдс ја повлече продажбата на „квартер пондер“ хамбургери во САД

Синџирот за брза храна Мекдоналдс ја повлече продажбата на хамбургери „квартер пондер“ во една петтина од своите ресторани во Соединетите Американски Држави.

Синџирот за брза храна Мекдоналдс ја повлече продажбата на хамбургери „квартер пондер“ во една петтина од своите ресторани во Соединетите Американски Држави, откако почна зараза со ешерихија коли, од која по конзумирањето на тој хамбургер се разболеа речиси 50 луѓе во 10 земји, а една жена почина.

Портпаролот на Мекдоналдс изјави дека синџирот за брза храна продал околу еден милион од тие хамбургери во временската рамка кога се појавила болеста, објави Си-Би-Ес Њуз.

Американските центри за контрола и превенција на болести во вторникот констатираа дека бургерите се поврзани со заразата која е забележана во Колорадо, Небраска и други држави. Повеќето од оние кои се разболеле пријавиле дека јаделе таков хамбургер од тој ресторан, а инспекторите работат на тоа да потврдат која состојка на храната била контаминирана.

Мекдоналдс соопшти дека неговите хамбургери се готват на 175 степени, над нивото од 160 степени потребно за да се убие бактеријата ешерихија коли.

Главниот директор на синџирот за снабдување во Северна Америка, Цезар Пиња, рече дека првичната истрага на компанијата сугерира дека некои од болестите на ешерихија коли може да се поврзани со исечениот кромид што се користи во хамбургерите.

Мекдоналдс го отстрани исечениот кромид и говедското месо од од овие сендвичи во Колорадо, Канзас, Јута, Вајоминг и делови од Ајдахо, Ајова, Мисури, Монтана, Небраска, Невада, Ново Мексико и Оклахома.

Повторно се одлужи судењето за Тотал ТВ Македонија и Никола Тасев

Уште еднаш се одложи рочиштето каде кривично се гонат Тотал ТВ Македонија и поранешниот управител на компанијата Никола Тасев. 

Никако да започне главната расправа во судот, веќе втор пат по барање на одбраната се одложува рочиштето каде кривично се гонат Тотал ТВ Македонија и поранешниот управител на компанијата Никола Тасев за нелегално реемитување на телевизиската програма на Канал 5. Овој пат причината за одложувањето е што немаше претставник на Тотал ТВ, а нивната одбрана која беше во судницата посочи и дека немале време да се подготват за процесот бидејќи како адвокати биле ангажирани непосредно пред рочиштето.

Обвинителката Елена Жакула која во судницата посочи дека барањата на одбраната се конфузни пак побара во најкус рок да се закаже следното рочиште. Таа вели дека обвинителниот акт се темели врз цврсти докази кои очекува во постапката да ги докажат наводите во обвинението, а новото одглагање по барањето на одбраната го смета само за одолговлекување на постапката.

„Во однос на денешното одлагање на главната расправа сметам дека и покрај доволниот рок кој го определи судот за да се подготви одбраната, а исто така да определи и претставник тоа не го сторија и сметам дека е во насока на одолговлекување на постапката. Верувам дека судот на следното рочиште ќе утврди, покрај динамиката на останатите судења и текот на целата постапка. “

Директорот на Канал 5 – Иван Мирчевски исто така верува дека станува збор за одолговлекување на процесот, за да се одложи спроведувањето на правдата, бидејќи како што кажа, аргументите и доказите се на страната ан Канал 5.

„Очигледно е и јасно е и многу видливо е дека правното лице Тотал ТВ кое што е членка на големата групација Јунајтед Груп од Србија сака да одлговлекува, не знам зошто, но претпоставувам зошто, затоа што сите аргументи се на страната на Канал 5 и мислам дека судијата направи максимален напор да во краток рок го презакаже повторно судењето, главната расправа каде што јас ќе треба да дадам исказ и сметам дека тогаш веќе ќе немаат шанса да го одголговлекуваат и конечно и судијата и сите страни но и јавноста ќе ги слушнат фактите со кои што располагаме, а тоа е дека сториле кривично дело за нелаглно емитување на телевизиска програма.“

Судијката Ана Давчевска следното рочиште го закажа за 8 ноември, а на одбраната и посочи дека согласно законот, безразлика дали ќе се појави претставник или нема да се појави рочиштето ќе се одржи, бидејќи на овој начин како што кажа, може да трае до недоглед.

ДКСК оформи предмет за Коцевски и Адеми

Анонимен граѓанин поднел претставка до Антикоупциска со која бара утврдување на дали има конфликт на интереси.

Антикорупционерите оформиле предмет по претставка на анонимен граѓанин со која бара да утврдат дали има судир на интереси бидејќи републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски и претседателката на Врховниот суд Беса Адеми истовремено се и членови на управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители и дека за истото примаат надоместок од државниот буџет. Ова за Канал 5 го потврди претседателката на ДКСК Татјана Димитровска која рече дека постапувањето е отпочнато и по утврдување на фактичката состојба тие ќе донесат одлука.

„Пристигната е претставка од анонимен подноситле со навоид дека јорм и Претсеателот на Врховен суд истоврмеено се и членови на управниот одбор на академијата за судии јавни обвинители. Претставката се однесува на претседател на Врховен суд и ЈО на државата дека истовремено се и членови на УО на академијата, за кое што вршење и члнови на уо на академија примаат и паричен надоместок од државата.“

За ова Канал 5 ги контактираше и Коцевски и Адеми. Републичкиот обвинител во писмен одговор вели дека тој бил номиниран за член во управниот одбор од неговиот претходник Љубомир Јовески кон крајот на ноември минатата година, поради заминување во пензија на друг јавен обвинител и дека неговиот мандат во управниот одбор истекува за неколку дена. Тој не гледа ништо спорно во тоа што е дел од ова тело.

„ Мојата номинација и извршување на функцијата се целосно согласно Законот за АСЈО, каде конкретно е наведено дека членовите на УО треба да бидат судии и јавни обвинители. Дека членувањето во ова тело на Академијата не може да биде конфликт на интерес укажува и фактот што во УО членуваат и други вршители на високи функции во правосудството – Претседател на Врховниот суд, на Советот на јавните обвинители и сл. “

Од канцеларијата за односи со јавност на претседателката на Врховен, велат дека ниту законот за судовите, ниту во законот за Академијата нема законски пречки претседател на суд да биде член на управниот одбор.

„ Целта на ваквото законско решение е да обезбеди репрезентативност на судството и обвинителството во органот на управување на Академијата. Оттука, претседателот на Врховниот суд, согласно законските надлежности е предложен од Општата седница на Врховниот суд, поаѓајќи од резултатите во работењето и придонесот за судството.“

Оваа претставка доаѓа во период кога во јавноста името на државниот обвинител Коцевски се споменува за наводно вршење на притисок врз скопското вишо обвинителство преку мешање во предмет поврзан со бонусите на СЈО, за што од Советот на јавните обвинители информираа дека веќе добиле известување од вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи.

Претседателката Сиљановска Давкова се сретна со претседателката на ЕК, Фон дер Лајен

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствaри средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

На средбата беа разменети мислења и информации за евроинтеграцискиот процес на земјава и перспективите за напредок, имплементацијата на реформите и придобивките од Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан.

Заблагодарувајќи се за нејзиниот личен ангажман и заложби во однос на проширувањето, претседателката Сиљановска Давкова посочи дека Планот за раст е важен механизам со голем потенцијал, кој ќе ги забрза реформите, ќе придонесе за стандардизација, економскиот раст и напредок и ќе ја приближи земјата до Европската Унија.

Претседателката истакна дека македонските институции во повеќе области се подготвени за забрзана интеграција и вклучување во повеќе иницијативи и мрежи на ЕУ и изрази очекување дека процесот на интеграција ќе се спроведе врз основа на принципот на заслуги и Копенхагенските критериуми, пoтенцирајќи дека во нив е клучот за нашиот развој.

Посочувајќи ја важноста од одржување на кредибилитетот на Европската Унија во однос на политиката на проширувањето, претседателката ја истакна потребата од засилена поддршка од страна на европските институции со цел надминување на билатералните предизвици и забрзување на евроинтеграциите.

Претседателката изрази подготвеност за натамошно продолжување на дијалогот и ја истакна важноста новиот пристап на постепена, фазна интеграција да продолжи паралелно со процесот на пристапување.

Во контекст на регионалните случувања, претседателката Сиљановска Давкова посочи дека напредокот постигнат од секоја земја-кандидат од Западен Балкан позитивно влијае на регионалната динамика на пристапување во ЕУ и ги истакна своите заложби за натамошно унапредување на севкупната регионална соработка во интерес на заедничката стабилност, безбедност и просперитет, соопштуваат од Кабинетот на претседателката.

притисни ентер