Фон дер Лајен во Скопје на средба со Мицкоски – ЕУ останува посветена на проширувањето

Очекуваме Европската Унија заедно со нас да изнајде начини како да го продолжиме  европски интегративен пат.

Ова го изјави премиерот Мицкоски на заедничката прес-конференција по состанокот шефицата на Европската Комисија, Фон дер Лајен, која како дел од нејзината турнеја по Западен Балкан денеска е во Скопје.

Фон дер Лајен пак кажа дека проширувањето ќе остане приоритет во следните 5 години. Средбата ја следеше Михајло Видимлиски, го имаме во живо од пред Владата.

Михајло дали по ова средба е нешто по извесно за нашите евроинтеграции и дали за ЕУ е прифатливи уставни измени со одложено дејство?

Најмалку еден загинат кога патнички воз излета од шините во Норвешка

Најмалку едно лице загинало, а четири се повредени кога воз што сообраќал долж северниот брег на Норвешка излетал од шините со најмалку 50 патници, објавија норвешките медиуми.

Според првичните информации, на местото на настанот се пронајдени лица со полесни повреди, објави Индипендент.

Железничкиот оператор СЈ изјави дека биле продадени 90 билети за возот, но не можеле веднаш да кажат колку луѓе имало во него.

Портпаролот на полицијата Кенет Лауритсен за весникот Дагбладет изјави дека едно лице загинало во излетувањето од шините. Повредени се пет-шест лица. Полицијата претходно изјави за норвешката новинска агенција NTB дека на местото на настанот биле пронајдени луѓе со полесни повреди. Тие биле предупредени за излетување од шините во 12.38 часот по Гринич.

Полицијата изјави за NTB дека лизгање на карпа најверојатно го предизвикало излетувањето од шините. Весникот VG објави фотографија од огромна карпа на пругата која удрила во вагон.

Арктичкиот експрес бил на пат од Трондхајм кон северниот град Бодое. NTB, цитирајќи го Заедничкиот координативен центар за спасување за северна Норвешка, рече дека во возот имало „од 50 до 70 луѓе“.

„Мислиме дека сите патници се надвор. Но, ние двапати го проверуваме возот бидејќи немаме список на патници“, изјави портпаролот на полицијата Бент Аре Ајлертсен за норвешката телевизија ТВ 2.

Еден од патниците, Ингварт Странд Молстер, изјави за норвешката телевизија NRK дека „карпа удрила во возот“.

Странд Молстер рече дека никој во неговиот вагон не бил повреден, со исклучок на едно лице кое претрпело полесна повреда на глуждот. Друг патник изјавил за локалниот весник Ависа Нордланд дека луѓето биле евакуирани низ прозорците.

НРК објави видео од возот што излетал од шините, удирајќи низ дрвја и надолу кон патот, кој бил затворен за сообраќај поради излетувањето од шините.

Фотографиите на норвешките медиуми ја покажаа локомотивата и она што изгледало дека се најмалку два патнички автомобили. Излетувањето од шините се случило во близина на Бодое, северно од Арктичкиот круг.

Кит орка скокнал од базен среде настап, публиката испрскана со измет (ВИДЕО)

Посетителите на водениот парк „SeaWorld“ во Сан Антонио доживеале непријатност за време на настапот на китот орка, а видеото се појавило на интернет.

На почетокот го гледаме китот убиец како се олеснува во базенот, а збунетите деца ја прашуваат мајка си: „Дали таа кака?“.

Орка продолжила да плива во заградениот простор, а потоа решила да скокне.

Посетителите кои биле најблиску до базенот ги попрскала со кафена вода! Тие биле шокирани кога сфатиле што се случило, пренесува New York Post.

„Не очекувавме дека ќе го направи ова. Беше ненадејно“, напишал авторот.

Бројни корисници на шега реагираа по објавувањето на видеото кое за краток период „собра“ повеќе од 470.000 прегледи.

Имаше и такви кои веруваа дека се работи за „одмазда“ на китот убиец.

„Ова е упатено до сите кои поддржуваат фаќање животни“, напиша едно лице.

„Ова изгледа како да е лично“, додаде друг.

Фон дер Лајен по средбата со Мицкоски: Проширувањето на ЕУ останува наш голем приоритет

Очекуваме Европската Унија заедно со нас да изнајде начини како да го продолжиме  европскиот интегративен пат. 

Македонија постигна многу но мора да ги спроведе уставните измени на кои се согласила пред да го отвори кластерот Фундаментални вредности. Ова го порача шефицата на ЕК Урсула Фон дер Лајен која денеска е во официјална посета на Скопје. Пред владината зграда со највисоки државни и воени почести ја пречека премиерот Христијан Мицкоски. Со него одржаа и тет а тет средба а потоа и билатерална средба на ниво на делегации. Фон дер Лајен му порача на Мицкоски дека проширувањето на ЕУ ќе остане врвен приоритет и се надева дека сите политички сили во земјава ќе се здружат за да ги направат потребните чекори за напредок.

„Треба да поминат уставните измени за кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи, и со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе ги преземат потребните одлучни чекори за напредок и уверена сум дека можеме да ги надминеме пречките кои што се уште постојат. Сакам да ве уверам дека ќе бидеме со вас на секој дел од патот за да стигнеме до заедничката цел - можете да сметате на нас. Мене ми е важно да не се вртиме многу наназад, туку да гледаме кон иднината и сакаме заедно да го пишуваме следното поглавје од нашата заедничка иднина.“

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека Македонија останува посветена на патот кон полноправно членство во ЕУ, но и дека очекува од Брисел да обезбеди гаранции дека во иднина земјава нема да се соочи со барања спротивни на вредностите на Унијата.

„Остануваме цврсто посветени како влада на својот пат кон полноправно членство во ЕУ. Нашата визија е јасна – сакаме да бидеме дел од европското семејство споделувајќи ги истите вредности на демократија, владеење на право и почитување на човековите права. Владата ја цени заложбата на Претседателката за проширувањето на ЕУ во најскоро време. Очекуваме, ЕУ, заедно со нас, да помогне во изнаоѓање начини како да го продолжиме нашиот европски интегративен пат истовремено уважувајќи ги легитимните ставови на нашите граѓани дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во длабока спротивност со идеите и вредностите на коишто почива самата ЕУ.“

На средбите со Мицкоски се разговарало и за планот за економски раст од 6 милјарди евра за Западен Балкан. Според планот на раст Македонија треба да добие повеќе од 750 милиони евра, а за почеток до крајот на годината треба да добие 52 милиони евра, објасни фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК по средбата со премиерот Мицкоски замина во Вила Водно каде оствари средба со претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Со тоа и ја завршува посетата на Македонија како дел од турнејата низ земјите од Западен Балкан.

притисни ентер