Фото: Елегантната Деми Мур

Холивудската ѕвезда Деми Мур го покажа своето совршено тело на црвениот тепих на Академијата за филмски уметности и науки.

Музејот на филмската академија собра многу холивудски ѕвезди, меѓу кои ѕвездата на филмот Стриптиз, екс сопругата на Брус Вилис, Деми Мур.

Актерката блесна во долг фустан, „гол грб“ и покажа совршена линија на 61 година. Косата и беше врзана во пунџа, а голиот грб уште повеќе се истакна.

Деми Мур не познава граници, а често носи деколте до папокот, а многумина ја осудуваат поради тоа, коментирајќи дека не се облекува соодветно за своите години. Сепак, актерката не обрнува внимание на злонамерните коментари. Наместо тоа, таа напорно тренира и се грижи за исхраната за да изгледа како девојка во 7-та деценија.

Се раситнува ли Заедница на локални самоуправи?

Се раситнува ли ЗЕЛС? 

Општина Струмица одлучи - ја напушта Заедницата на единиците на локалната самоуправа. Ваквиот потег од општината велат Е резултат на индиферентниот однос кон Струмица и нејзините граѓани во периодот кога тие се соочуваат со еден од најголемите предизвици – водата за пиење, којашто претставува основен елемент на животот, но и заради истиот однос по одбивањето од Владата на единствениот проект од Струмица за реализација со средства од унгарскиот кредит, се наведува во соопштението.

"Општина Струмица како институција не е удостоена со ниедна писмена одлука од Владата и нејзините институции, за нив дознаваме од медиумите. Заради сето ова, го напуштаме ЗЕЛС, а членството ќе важи исклучиво за законските ингеренции на ЗЕЛС во однос на системите на општините, за се друго сме надвор од ЗЕЛС."

За напуштање на ЗЕЛС сериозно размислува и градоначалникот на скопски Карпош. Според Јакимовски ваквиот начин на функционирање не води никаде, но вели пред да ја донесе конечната одлука подготвен е за разговор.

„Ова е недозовливо што го прават овие министри, јас можеби компарацијата не е како што треба, како кучиња одврзани од ланец, само лаат на сите страни фатете се за работа, се знае дека сте вие посилни од нас вие сте влада ние сме локална самоуправа. Или ќе го корегираат тој однос или нема зошто да бидеме дел од тие институции... “

Првиот човек на ЗЕЛС ги повика и Јакимовски и Костадинов проблемите, доколку постојат, да ги решаваат преку дијалог. Ѓорѓиевски вели градоначалниците се жалат од дел од министрите во Влада, но никој досега се нема обратено до ЗЕЛС за заедничко решавање на проблемите.

„Досега одговорно тврдам дека не сме биле информирани за никаков проблем од нивна страна...Без разлика кој е партиципиент на централната власт никогаш политиката не дозволуваме да се меша во целиот процес на наштето делување... Вратата им е отворена слободно може да дојдат не со мене директрно единствено туку и со целиот УО да продискутираме за одредени нивни проблеми со кој што се соочуваат и да бараме заеднички решенија за истите....“

Ѓоргиевски упати апел до двајцата градоначалници да, како што вели се вразумат, и дека струмичкиот градоначалник ќе се премисли за доброто на сите граѓани на општината.

Фон дер Лајен во Скопје на средба со Мицкоски – ЕУ останува посветена на проширувањето

Очекуваме Европската Унија заедно со нас да изнајде начини како да го продолжиме  европски интегративен пат.

Ова го изјави премиерот Мицкоски на заедничката прес-конференција по состанокот шефицата на Европската Комисија, Фон дер Лајен, која како дел од нејзината турнеја по Западен Балкан денеска е во Скопје.

Фон дер Лајен пак кажа дека проширувањето ќе остане приоритет во следните 5 години. Средбата ја следеше Михајло Видимлиски, го имаме во живо од пред Владата.

Михајло дали по ова средба е нешто по извесно за нашите евроинтеграции и дали за ЕУ е прифатливи уставни измени со одложено дејство?

Кираџиева: Апасиев забрани да се користи сонцето од Кутлеш

Продолжуваат сведочењата на поранешни високи членови во Левица за состојбата во партијата. 

Весна Кираџиева, поранешен член на Левица и кандидат за градоначалник на Аеродором со сериозни обвинувања кон лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Таа во изјава за Канал 5 вели дека Апасиев е апсолутист кој манипулира со гласачите.

Кираџиева покажувајќи ја електронската порака што Апасиев ја пратил до Централниот комитет на партијата, потврдува дека лидерот на Левица забранува да се користи знамето од Кутлеш. Како што објаснува таа, оваа порака имала за цел да се рашири до членството на партијата, но да не стигне до јавноста.

Со оглед на претходните тужби на Апасиев до новинари, Кираџиева не ја отфрла можноста по оваа изјава и обелоденување на мајлот, и таа до добие кривична пријава.

За Кираџиева, Апасиев е диктатор и апсолутист, на кого не смее да му се спротивстави ниту еден член на партијата.

Димитар Апасиев деновиве е актуелен во јавноста по слап тужбите, до новинарите на Канал 5 телевизија а претходно ја тужеше и новинарката Мери Јордановска, за објава на СМС порака на новинарско прашање за тоа како ги трошел парите од буџетот...

притисни ентер