Најмалиот населен остров на светот, доволен само за една соба

Во Гинисовата книга на рекорди, најмалиот остров на светот порано бил Бишоп Рок, неверојатно осамен светилник на англискиот остров Сцили.

Но, светилникот беше автоматизиран во 1982 година, така што бишоп Рок повеќе не е населен. Каде е сега најмалиот населен остров во светот?

Новиот најмал населен остров на светот според еден подносител во Гинис е соодветно именуваниот остров „Just Room Enough“ во близина на заливот Александрија во државата Њујорк.

Тоа е дел од архипелагот „Thousand Islands“ на реката Свети Лоренс, која тече североисточно од езерото Онтарио, пренесува RTS.

На само 150 метри, на следниот остров, се наоѓа замокот Болт, икона од бајките, кој хотелскиот милионер Џорџ Болт почнал да го гради во 1900 година.

Според локалната конвенција, овие мали точки меѓу Њујорк и Онтарио се сметаат како дел од архипелагот „Thousand Islands“ само ако се над нивото на реката во текот на целата година и можат да издржат две дрвја или грмушки.

Во 1950-тите, семејството Сизеленд го купи островот Хаб, еден од најмалите острови во каналот, засади дрво и изгради мала кабина која го окупираше речиси секој преостанат квадратен сантиметар суво.

Тие го преименуваа својот нов имот во островот Just Room Enough, од очигледни причини.

Но, планот на Сајзлендс за мало затскриена куќа за викенд се покажа како невозможна.

Нивната викендичка со големина на остров, на остров со големина на колиба, брзо стана популарна атракција за туристите за крстарење по реките.

Фон дер Лајен во Скопје на средба со Мицкоски – ЕУ останува посветена на проширувањето

Очекуваме Европската Унија заедно со нас да изнајде начини како да го продолжиме  европски интегративен пат.

Ова го изјави премиерот Мицкоски на заедничката прес-конференција по состанокот шефицата на Европската Комисија, Фон дер Лајен, која како дел од нејзината турнеја по Западен Балкан денеска е во Скопје.

Фон дер Лајен пак кажа дека проширувањето ќе остане приоритет во следните 5 години. Средбата ја следеше Михајло Видимлиски, го имаме во живо од пред Владата.

Михајло дали по ова средба е нешто по извесно за нашите евроинтеграции и дали за ЕУ е прифатливи уставни измени со одложено дејство?

Повторно се одлужи судењето за Тотал ТВ Македонија и Никола Тасев

Уште еднаш се одложи рочиштето каде кривично се гонат Тотал ТВ Македонија и поранешниот управител на компанијата Никола Тасев. 

Никако да започне главната расправа во судот, веќе втор пат по барање на одбраната се одложува рочиштето каде кривично се гонат Тотал ТВ Македонија и поранешниот управител на компанијата Никола Тасев за нелегално реемитување на телевизиската програма на Канал 5. Овој пат причината за одложувањето е што немаше претставник на Тотал ТВ, а нивната одбрана која беше во судницата посочи и дека немале време да се подготват за процесот бидејќи како адвокати биле ангажирани непосредно пред рочиштето.

Обвинителката Елена Жакула која во судницата посочи дека барањата на одбраната се конфузни пак побара во најкус рок да се закаже следното рочиште. Таа вели дека обвинителниот акт се темели врз цврсти докази кои очекува во постапката да ги докажат наводите во обвинението, а новото одглагање по барањето на одбраната го смета само за одолговлекување на постапката.

„Во однос на денешното одлагање на главната расправа сметам дека и покрај доволниот рок кој го определи судот за да се подготви одбраната, а исто така да определи и претставник тоа не го сторија и сметам дека е во насока на одолговлекување на постапката. Верувам дека судот на следното рочиште ќе утврди, покрај динамиката на останатите судења и текот на целата постапка. “

Директорот на Канал 5 – Иван Мирчевски исто така верува дека станува збор за одолговлекување на процесот, за да се одложи спроведувањето на правдата, бидејќи како што кажа, аргументите и доказите се на страната ан Канал 5.

„Очигледно е и јасно е и многу видливо е дека правното лице Тотал ТВ кое што е членка на големата групација Јунајтед Груп од Србија сака да одлговлекува, не знам зошто, но претпоставувам зошто, затоа што сите аргументи се на страната на Канал 5 и мислам дека судијата направи максимален напор да во краток рок го презакаже повторно судењето, главната расправа каде што јас ќе треба да дадам исказ и сметам дека тогаш веќе ќе немаат шанса да го одголговлекуваат и конечно и судијата и сите страни но и јавноста ќе ги слушнат фактите со кои што располагаме, а тоа е дека сториле кривично дело за нелаглно емитување на телевизиска програма.“

Судијката Ана Давчевска следното рочиште го закажа за 8 ноември, а на одбраната и посочи дека согласно законот, безразлика дали ќе се појави претставник или нема да се појави рочиштето ќе се одржи, бидејќи на овој начин како што кажа, може да трае до недоглед.

ДКСК оформи предмет за Коцевски и Адеми

Анонимен граѓанин поднел претставка до Антикоупциска со која бара утврдување на дали има конфликт на интереси.

Антикорупционерите оформиле предмет по претставка на анонимен граѓанин со која бара да утврдат дали има судир на интереси бидејќи републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски и претседателката на Врховниот суд Беса Адеми истовремено се и членови на управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители и дека за истото примаат надоместок од државниот буџет. Ова за Канал 5 го потврди претседателката на ДКСК Татјана Димитровска која рече дека постапувањето е отпочнато и по утврдување на фактичката состојба тие ќе донесат одлука.

„Пристигната е претставка од анонимен подноситле со навоид дека јорм и Претсеателот на Врховен суд истоврмеено се и членови на управниот одбор на академијата за судии јавни обвинители. Претставката се однесува на претседател на Врховен суд и ЈО на државата дека истовремено се и членови на УО на академијата, за кое што вршење и члнови на уо на академија примаат и паричен надоместок од државата.“

За ова Канал 5 ги контактираше и Коцевски и Адеми. Републичкиот обвинител во писмен одговор вели дека тој бил номиниран за член во управниот одбор од неговиот претходник Љубомир Јовески кон крајот на ноември минатата година, поради заминување во пензија на друг јавен обвинител и дека неговиот мандат во управниот одбор истекува за неколку дена. Тој не гледа ништо спорно во тоа што е дел од ова тело.

„ Мојата номинација и извршување на функцијата се целосно согласно Законот за АСЈО, каде конкретно е наведено дека членовите на УО треба да бидат судии и јавни обвинители. Дека членувањето во ова тело на Академијата не може да биде конфликт на интерес укажува и фактот што во УО членуваат и други вршители на високи функции во правосудството – Претседател на Врховниот суд, на Советот на јавните обвинители и сл. “

Од канцеларијата за односи со јавност на претседателката на Врховен, велат дека ниту законот за судовите, ниту во законот за Академијата нема законски пречки претседател на суд да биде член на управниот одбор.

„ Целта на ваквото законско решение е да обезбеди репрезентативност на судството и обвинителството во органот на управување на Академијата. Оттука, претседателот на Врховниот суд, согласно законските надлежности е предложен од Општата седница на Врховниот суд, поаѓајќи од резултатите во работењето и придонесот за судството.“

Оваа претставка доаѓа во период кога во јавноста името на државниот обвинител Коцевски се споменува за наводно вршење на притисок врз скопското вишо обвинителство преку мешање во предмет поврзан со бонусите на СЈО, за што од Советот на јавните обвинители информираа дека веќе добиле известување од вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи.

притисни ентер